И овде зависи каде. Најголемиот проблем бил што селата кои не биле добро поврзани 45та најчесто останале лошо поврзани и до 1990. Тие што биле околу пругите или блиску до автопатите не биле воопшто толку лоши зошто го имале најдоброто од двата света. Ем "работеле" државно, ем после работа преку нивите ваделе добри пари поради затворениот пазар.Од многу луѓе ова го имам слушано, тие што живееле по градовите и биле вработени живееле убаво ама оние што живееле по руралните средини било мизерија
А тоа околу како ако не си имал книшка од КПЈ не си можел да добиеш стан е извртување. Книшки на КПЈ не се добивале воопшто лесно, не било како денес кога све и сакато и неписмено е на список во партија. Книшка се заслужувала или се добивала по препорака, од тука доаѓа и поимот Црвена Буржоазија кога комунистите почнале да си ги префрлаат своите позиции на своите деца. Како просечен човек, буре вино или свиња да му однесеш на директорот далеку побрзо ќе те ставело на листа за добивање на стан.
Ако си бил инженер од било кое поле исто така те ставало на брза трака за добивање на стан.
Последно уредено: