И Будизмот не е еднаков на Атеизмот... Ниту пак Буда бил будист(ниту знаел за такво движење, не е од него создадено) ниту пак бил атеист...
Буда целиот свој живот се борел против тамошната религија мислам беше хиндуизмот ако не се лажам, бил против секакво верување, бил против скрипти, свети книги, правење идолопоклонство, статуи негови итн... за на крај сетот тоа да му го наметнат истите тие што оделе ко телиња цел негов живот по него и ништо не го разбрале... Ама таа судбина најчесто им е предодредена на таквите луѓе како Буда и компанија, луѓе што
Bodhidharma ги спомна а тоа се тие што стигнале до третата фаза, фаза на дете... А не ни бил атеист иако на прв поглед изгледа ко да е, сепак учел за нешто што не може да се објасни лесно со зборови, учел за една поинаква состојба на свеста, со негови зборови кажано, состојба на не мизерија, или со други зборови, блажена состојба, блаженство, екстаза... Според Буда сите сме или многу мизерни или помалку мизерни, радост не постои, за нас таа состојба што ја нарекуваме радост е според Буда помало количество на мизерија и во контраст нас ни изгледа како да сме радосни... Сепак таа радост која според Буда има тензија и напетост во која е добиена однадвор, и е закована од синџирите на минатото и иднината е само помало количество на мизерија... Вистинаската радост, блаженство, екстаза извира одвнатре без никаква причина... Е затоа и викам дека не е Атеист...