Андреа Дамјанов - првата македонска архитектонска авантгарда

КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
223
Андреа Дамјанов (1813-1878)

Семејството на Рензовски-Дамјанови-Зографски (потеклото на Андреа Дамјанов):

Семејство кое дало најголем број на познати мајстори и зографи своевремено. По своето потекло, семејството е родум од с. Тресонче, а во Велес се населуваат во втората половина на XVIII век, по наредба на Емин-ага, тогашниот владетел на градот. Не можејки да ја поднесе Велешката клима, мајсторот Силјан Рензовски се населува во околното село Папрадиште, а со својата тајфа (мајсторска група) гради најмногу во Тракија, Одрин и Цариград. И неговите синови, Силјан, Јанкула и Стефан работат во неговата тајфа како мајстори. Подоцна тие се разделуваат во посебни мајсторски групи, и градат во Солун, Драма, Кавала, Серез и Измир. Синот на Јанкула, Дамјан гради цркви околу Солун, во Бугарија (Самоков и Пловдив), а во Македонија најмногу гради по селата. Во Скопје, Дамјан ја започнува градбата на соборната црква Св. Богородица, градба која е завршена од неговите синови во 1835год. Дамјан имал 4 сина: Ѓорги, Андреа, Коста и Никола. Сите работеле во една тајфа, но најмногу се истакнал Андреа. Подоцна, тој го превзема раководството на тајфата, и заедно со браќата, гради цркви во Македонија, Бугарија, Србија и Босна и Херцеговина. На тој начин, името на мајсторот Андреа станува познато по целиот Балкан.

Рана фаза на творештво:

Својата неимарска вештина почнува да ја усовршува токму со црквата Св. Богородица, која ја завршува на негова 22 годишна возраст, заедно со браќата. Оваа црква е уништена за време на II Светска Војна.
Подоцна работи на црквата Св. Јован во Кратово, која ја обновува до 1836год.

(Следува: Зрелата фаза на творештвото на Дамјанов)
 
КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
223
Зрелата фаза на творештво на Андреа Дамјанов:

- Црква Св. Пантелејмон во Велес:

Оваа црква е изградена во 1840 год. Црквата стои на едно повисоко плато, лежи на вештачки изградена тераса, заради стрмноста на теренот. Оваа црква е решена во форма на тробродна базилика, опфатена од две бочни страни со тремови, кои на катот преминуваат во галерии, каде е есместена женската црква. Тремовите во приземјето се дел од екстериерот, а галериите над нив влегуваат во ентериерот со што градбата во просторот се шири паралелно со суперпонирањето на нивоата. Западната галерија е двоспратна. Влезовите се наоѓаат на северната и на јужната страна, каде што всушност се наоѓаат и тремовите. Горните партии на објектот се изведени во бондрук (дрвена конструкција) а долните од камен - принцип кој ќе продолжи да се користи уште долго време во профаната (посебно станбената) архитектура во Македонија. Над централниот брод се изведени три куполи, изработени од дрвени летви и бондрук. Со малтерисувањето и отсликувањето, се создава лажен впечаток дека и горните партии се изведени од масивен материјал (камен, тула...). Оваа конструкција е една од оригиналните идеи на Андреа Дамјанов, која подоцна ќе ја употребуваат и другите мајстори. Карактеристично е решена и источната фасада (оваа што се гледа на сликата) со полигонални лизени. Јужниот портал е работен во камен, со богата пластична декорација. Во обработката на фасадата се гледа влијание од романтичарската архитектура, која во тоа време е актуелна на запад.

- Црквата на манастиров Св. Јоаким Осогвски

Изградена е до 1845 год, со архитектура која видно се разликува од сите досега наведени по начинот на покривање. Црквата е покриена со 12 куполи, од кои 5 куполи се дигнати на повисок тамбур , и образуваат крст на самиот кров (5-та фасада). И оваа црква е концептуално решена како трокорабна базилика, од три страни опколена со тремови. Покривањето на тремовите е со слепи куполи (куполи без тамбур - изламски елемент). Сите 5 куполи на кровот завршуваат со лантерна (западно влијание). Источната фасада е со декорирани пиластри во кои јасно се согледува романското влијание. Во завршетокот на слепите аркади се појавуваат лица на ангели (надворешно живописување). Постои карактеристична обработка на фасадата од камен, каде плочките од камен се спојувани со врзно средство.

Цркви со слична концепција како погоре опишаните:

- Св. Богородица во Штип
- Св. Никола во Куманово
- Св. Архангел во с. Долно Чичево - Осамена градба со карактеристики на романски објект со базиликално решение. Петкуполна црква со кула камбанарија на западната страна.

(Следува: архитектонските излагања на Дамјанов надвор од Македонија)
 
Esobar

Македонија над СЕ !
Член од
12 февруари 2008
Мислења
4.895
Поени од реакции
453
потекнува од "моето" село Папрадиште мислам дека и таму ја има изградено тој црквата ај ако најдам слика ке ставам
 
КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
223
Творештвото на Андреа Дамјанов надвор од Македонија:

- Србија:

Работејќи на оваа територија, почнува со разработка и покажува исклучителни способности во областа на фундирањето (темелење на објекти). Тоа најдобро го покажува кај црквата Св. Ѓорги во Смедерево. Покрај неа, ги изградил и црквите Св. Апостол во Турековац, Св. Илија во Печењевац, соборните цркви во Ниш, Врање и Пирот.

- Босна:

На оваа територија, мајсторот влегува со веќе добро проучени стилови на западната архитектура посебно барокот и романиката, и истите храбро ги имплементира со традиционалните и канонски ставови на православната црковна архитектура. Со ова, тој го збогатува својот архитектонски израз во поглед на пластичната декорација на објектите; ова е највидливо во Православната Соборна Црква во Сараево:

Неговото познавање за градителството не завршува кај пластичната декорација. Тој продолжува да се надоградува и во областа на статиката на објектите. Соборната црква во Мостар (разрушена за време на војната во Босна) е неговото прво дело во кое тој извршува статичка корекција на друг градител. Тој бил специјално повикан од Велес, за да го продолжи градењето на црквата, после неуспешните обиди на босанските градители.

(Соборната црква во Мостар)

(Следува: сестраната личност на Андреа Дамјанов)
 
КиреМали 1911

Модератор Неимар
Член од
23 јуни 2007
Мислења
1.313
Поени од реакции
223
Сестраните познавања на Андреа Дамјанов од областа на градежништвото, архитектурата и уметноста:

Црквите во Македонија, Андреа ги гради од послаб материјал. Столбовите се дрвени, облепени со малтер... лаците, сводовите и куполите исто така се изведени од дрвена конструкција и потоа малтерисани. Камен употребува само кај масивните ѕидови на приземните партии, кај апсидите, порталите и понекаде кај прозорците. За разлика од кај нас, во Србија и во Босна гради од цврст материјал (камен, тула)

Андреа Дамјанов е мајстор и на скулптуралното обликување во камен. Апсидите (особено во Македонија) се градени од квалитетно делкан камен, обично истите се повеќестрано решавани, со витки колони на ивиците, а завршуваат со профилирани венци. Често се украсувани и со скулптурални претстави на животни и ангели. Користи барокни форми за изработка на порталите. Во неговите објекти, јасно се гледа влијанието на средновековната архитектура во Македонија и Србија, како и новите елементи од Запад. Следствено, делата на Андреа Дамјанов претставуваат најуспешни остварувања од тоа време.

Покрај црквите, Андреа Дамјанов има остварено дела и во профаната (народна) архитектура. Негово најзначајно дело од оваа област е една голема касарна во Сараево. За овој објект, Андреа добил орден од султанот и право да носи сабја (право да носат сабја имале само благородниците и почесните личности на Турската Империја).

Андреа Дамјанов се занимавал и со живопис. Од иконостасот на црквата Св. Пантелејмон, сочувана е икона со неговиот потпис. На иконата е претставен лик на Апостол Тома. Од оваа икона се гледаат неговите способности како зограф и чувството за боја. Покрај зографството, тајфата на Дамјанов се занимавала и со копаничарство.

Андреа Дамјанов умира на 65 години во Велес. Зад себе остава околу 40 архитектонски дела, со што се смета за најголем мајстор - градител (неимар) од фамилијата Рензовски - Зографски, а истовремено и најпознат мајстор во Македонија во XIX век.
 
C

cige

Гостин

Еве како изгелда внатрешноста на на Св. Пантелејмон за тие што немаат влезено внатре

Kajgana Shop

На врв Bottom