Затоа што не е природно - да го позајмам аргументот на колегата ти
@Arthokk Lionheart што ти го лајкнал мислењево.
Но не си животно. Припаѓаш на животински вид, но си дел од софистициран вид животно кое постигнало многу повеќе од другите животни и создало нешто наречено цивилизација. Само тој термин го употребуваме кога ќе ни прија, а кога не ни прија, се враќаме на основно, животинско ниво, да оправдаме пориви, однесување, постапки, и каприци/импулси кои требале до сега да бидат елиминирани, но делум се одржувани во живот заради постоечките системи на уредување, догми, социјални пракси.
Не мора да преживуваш, но нема никаква потреба да бидеш елита од елитите глобално и да пливаш во толку пари што не знаеш што да им правиш, додека други немаат ни покрив над главата а од дожд со лист се покриваат. Нема ништо природно во тоа. Има можеби животинско, алчно, теријаторијално (ресурси дрн дрн), ама не и човечко. А со причина се спротивставени концепти. Човечки е да бидеш хуман и алтруист, покрај хедонизмот. Тој нигде не ти бега.
Кој е тој што ќе каже? Па има научници кои можат да спроведат истражување и последователна статистика колку на еден човек му е потребно, не да преживее, но да води еден нормален, оптимален (па и супер-оптимален, но не идеален) лајфстајл, и животен стандард. Ако веќе не го направиле тоа, не знам, немам проверено. Работиш повеќе за доброто на другите, не за себе. Затоа јас го подржувам анархизмот, а ти не. Затоа што мене ми одговара таков модел на функционирање, а ти имаш проблем со истиот, бидејќи мозокот позитивно ти одговара на капитализам.
Разликата е што, ти тука ќе се окозиш од работење за да имаш повеќе од другиот, ради пари/материјални добра, а во анархизам работиш за колективот да има ќар од тебе, а за возврат си награден со се што ти треба (па и дел од тоа што не ти треба, но сакаш, како и 99% од луѓето). Само што точно ќе е дефиниција во анархизмот да бидеш над другите? Марка/модел на кола? Накит на тебе? Голем апартман или куќа во која живееш? Сопствеништво на комплекси и недвижнина? Не разбирам како го дефинираш тоа "повеќе". Зошто слични работи можеш да уживаш и во анархизмот, без да бидат наречени скапи, ретки, необновливи или недопустливи за некои. Бидејќи би ги имале сите.
И јас сакам од се срце да имам доволно пари да го купам Марс и да ми наплаќаат сите што треба да пуштаат летала у орбита таму или да слетуваат, па space-tourism ова она, и колониите таму да ги насочам кон анархистичка филозофија и кој сака азил од трулиот капитализам таму да бега на бесплатно, али јебига, реалноста не функционира така.
Како што рече Агда, твојот мерак бара огромна недвижнина и територија, и куклици кои ќе ти бидат потчинети и кои се лишале од свои права и мераци да го задоволуваат твојот мерак. Настанува проблем. Територијално не ти треба толкаво место на живеење. Колективно да делиш со многу луѓе таа палата, да речеме си ги вдомил - тоа може. Паметно искористен простор. А тие куклици таму ете ќе можат своите семејства да ги донесат таму, па бидејќи си алтруистичен дечко, може ќе упали повеќе шармот твојот мерак за нив и нивните мераци ќе се совпаднат
.
Во анархизам ферари ќе може кој сака да има. Концептот на материјална вредност добива друга, попразна димензија.
Нема да бидеш баш популарен меѓу останатите анархисти. Или ќе бидеш гледан чудно или ќе те игнорираат, а може и избркаат од комуната. Индивидуалната слобода има (и треба да има) граници. Тоа спречува некој од чист мерак да му ја запали куќата на комшијата затоа што сабајлето го погледнал едниов чудно (а има како што се изрази Heresy, емоционална потреба да изрази гнев, а можеби и мерак, ете, може пироман е, ужива да гледа ствари како горат). Или онака од кур ќејф, некој да земе да убие друг човек. Така место 4ца да се без мобилни а ти со пет комада, ќе имаш еден како и сите (пример лупам, може сите можат да имаат по 5, ама прав анархист не сака материјалисти, а ако колектирање ствари што реално не ти требаат сугерира на тоа).
Доволно заедничка точка која ќе го одржува квалитетот на социјалниот стандард и ќе оствари плодна почва истите тие школи да коегзистираат едни со други. Нема наметнување на системи и контроли. Ако некој е фан на зелен анархизам, нема што да се радикализира и да им соли памет на плавите анархисти, ако трансхуманизам им е привлечна насока. Заедничките фактори кои постојат меѓу нив како ресурси, време, животна средина итн. се вон-границите една школа да го доминира. Консензусот ќе го избегне хаосот неправедноста на демократијата денес.
Анархо-индивидуалистите слободно можат да (и така прават -) живеат негде на планина, шума, пештера довони сами на себе вон било какви колективни комуни. И тие се еден пример за успешен анархизам, језда индивидуален, но е пример. Комуната треба да ја гура цивилизацијата напред, и не може секогаш да си ги дозволи луксузите на бескрајна индивидуална слобода која може да ја имаат индивидуалните анархисти, а со тоа и колективната анархија е потешка за остварување во пракса (но не и невозможна, но има успешни чекори денес кои водат натака). Нормално дека се може без првите, како што било која комуна денес може без нив. Сакаат off-grid необоемски живот? Слободно, никој не им брани. Ако си одбрал да живееш во колектив, друга прича.
Кој те лажел?
Ако живееш како дел од некое општество, социјална средина - таа иднивидуална слобода има граници. Нормално, не граници како денес, но истите мора да ги има да не се исподесат срања. Превентивна мерка е.
Херези може да иде да џаболебари на некое друго место. Никој нема да го трпи таков. А тоа е дел од нашата индивидуална слобода. Ако ние волонтираме и се козиме од работење, може и он. Ако не, чао пријатно, троши ресурси elsewhere. А тоа не е власт, туку цивилна акција. Бидејќи ради него целата комуна трпи минус. Ако има комуна каде примаат паразити, слободно нека го земат Херези (зборам дека у такво светло го стаи, не дека човекот е непродуктивна особа). Може да има бе 5 телефони, никој не му брани. Не може постојано само да бара и бара, а да не даде нешто самиот. Тука имаме проблем. И тоа си нивата. Ако не знае, ќе научи. Ако не е физички спретен за тоа, ќе придонесува на други начини. Може има таленти кои јас и Агда ги немаме, што го прави вреден член на комуната на која придонесува. Ама ти го прикажа како мрзлив, немотивиран, непродуктивен член. Такви и тука не се толерираат баш, не па во анархизам.
Да се изразам како тетката на Зоне Замфирско - Че доб
ие ед'н деб
ел чут
ек!
(a после ќе му бидат вратени мобилните на Upa Down).
Не ни мораат да бидат. Таму каде се пронаоѓаш себе си највеќе таму ќе идеш. Различни видови на анархија можат да коегзистираат едни со други. Различни видови на капитализам (како што имаме денес), не можат, затоа што се конкурентни едни со други.
Викаш ќе има толку верзии колку што има луѓе. Тоа само ако некој има бескрајна индивидуална слобода. А таква нема да има ако сака да е дел од некакво социјално множество. Множеството за да опстои нуди минимум лимитации на таа индивидуална слобода. Реално, скоро се би било дозволено што не се коси со правата на друга единка, или со начелата на анархистичкиот модел кој го следиш. Ако тоа е неправедно тогаш сите што живеат сега треба да се самоубијат ради лимитациите.
Јас не сум ничие оружје еј, шо збориш?
Зелените анархисти имаат повеќе заедничко со Венера Проектот него што имаат со Гринпис и Анима Мунди. Ова доаѓа од подржувач и на зелен анархизам и на проектот. Не гледам косење, освен ако не се работи за радикални фактори каде било каква технологија е едно големо no-no. Без разлика дали е компатибилна или симбиотична со природата.
Никој не те спречува да бидеш анархо-капиталист. Самиот модел ќе те спречи со тоа што ќе изумре. Со тоа што дефинитивно ќе ти избегаат. Зошто да работи
за тебе кога може да работи
со тебе? Било која друга форма на анархизам ќе им е попривлечна него тоа ти што го нудиш.
Можеби кај разниве верзии на системи што ги имаме денес, но не и кај анархистите. Барем од тоа што сум читал. Можеби грешам, ако грешам нека ме поправи Агда, не сум информиран на тематикава колку неа.
Колективот од кој си дел.
Тешка колку твојата глава која лета во облаци. Не џабе те сметаат за трол.
Секој систем и идеологија започнал со теоретски концепт.
Ги поставуваш погрешно прашањата. И да, треба да ти фукне казнени да ти симне процент од ароганцијата која ја имаш.
Ако нешто не знае, ќе научи. Барем школата не се плаќа (не во анархизам). А, за да не се чека дур некој научи да гради за да може да живее во свој дом, би требало да му помагаат таму каде сам се уште не може, затоа што волонтеризмот е движечки бран на прогресот во анархистичко општество. Нема "не сакам да помогнам". Тоа може денес, во капитализам. Таму ќе градат и тој што го прави малтерот и тој што ја искицирал куќата и тој што ја проектирал, сите. Нема хиерархија.
__________________________
Инаку го делам истиот став и со Агда. Ако има искрен интерес - во ред - ако нема, џабе вложуваме труд во објаснување ако поентата ви е сеир. Постови ко овој се ретки, затоа што баш секоја дискусија и да почнала на добра нога после одредено време ја усерувате. Ова дека сум расположен денес да типкам на тастатура, инаку немаше шанси олкав пост да излезе.