Ензимски статус:
... ти си направил лабораториско испитување на ензими на желудникот, панкреасот, за што се сомневаат,
α-Амилазата ја катализира разградбата на скробот и гликогенот од храната до малтоза, jа има во плунката и секретот на панкреасот, во црниот дроб, јајцеводите и мускулите, најважна примена на α-амилазата е во дијагноза на акутниот панкреатит, кога вредностите се многу покачени.
Липаза - ги разградува мастите од храната и овозможува нивна апсорбција во цревата, најзастапена е во усната празнина, панкреасот и желудникот, нејзиното одредување има значење во дијагностицирање и мониторинг на заболувања на панкреасот.
... но јас те прашувам за другите ензими односно „ензими на јетра“, проблемот може е околу јетрата според твоето наглото слабеење,
ALP (Алкална фосфатаза) е најприсутна во епителот на тенкото црево, коските, црниот дроб, бубрежните тубули, леукоцитите, зголемени вредности се јавуваат при застој на жолчните патишта, болести на коските и црниот дроб.
AST и ALT, како и нивниот сооднос AST/ALT претставуваат биомаркери за функцијата на црниот дроб.
ALT (Аланин аминотрансфераза) има зголемени вредности при оштетување на црниот дроб, вирусен хепатит, болести на панкреас и акутен миокарден инфаркт.
AST (Аспартат аминотрансфераза) е ензим од групата на трансаминази кој го катализира реверзибилниот транспорт на α-амино групата меѓу аспартатот и глутаматот, присутен е во црниот дроб, срцето, скелетните мускули, бубрезите, мозокот и во еритроцитите.
GGT (Гама глутамат транспептидаза) е најзастапена во црниот дроб, бубрезите, срцето и мозокот, зголемени вредности се јавуваат при заболувања и оштетувања на црниот дроб, воспалувања на панкреасот, акутен миокарден инфаркт и др.
Прегледај го приврзокот 423499
* серумското железо 6.5 ти е ниско (референтна вредност за мажи 10.6 - 28.3 umol/L), серумското железо е количеството на железо што циркулира во крвта врзано со трансферин, па би требало да ги направиш и овие лабораториски анализи.
Феритинот е протеин којшто го врзува железото во телото и така го складира во клетките на црниот дроб, слезината и коскената срцевина и доколку му е потребно на телото итна количина на железо, феритинот може многу бргу да го ослободи железото во крвотокот.
Трансферинот е протеин којшто се синтетизира во црниот дроб, го транспортира железото низ крвта и го доставува до клетките за употреба (на коскената срцевина за синтеза на хемоглобин), ја олеснува апсорпцијата на железото од желудникот и тенкото црево.
TIBC го покажува количеството на трансферин што е во можност да го врзе железото, затоа TIBC и трансферинот се два различни теста, но бидејќи мерат ист параметар, може да се користи едниот или другиот при испитувањата, затоа доколку има дефицит на железо, нивото на железото ќе биде ниско, но концентрацијата на TIBC ќе биде висока.