Анализа на крв - толкување резултати

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.937
Поени од реакции
8.580
...што со жолчката и јетрата? нијанса билирубин онака да речеме покачен, дали ги направи ензимските анализи, трансаминази за фукцијата на јетрата?
Зарем не гледаш дека се направени и се во ред?
 
a9mkd

Љетиф
Член од
14 јуни 2015
Мислења
542
Поени од реакции
281
...што со жолчката и јетрата? нијанса билирубин онака да речеме покачен, дали ги направи ензимските анализи, трансаминази за фукцијата на јетрата?
Не уште, а чекам и компјутерска томографија.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.607
Поени од реакции
37.557
...од толку лабораториски анализи го немаш ензимскиот статус? :eek:
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.607
Поени од реакции
37.557
Ензимски статус:

... ти си направил лабораториско испитување на ензими на желудникот, панкреасот, за што се сомневаат,

α-Амилазата ја катализира разградбата на скробот и гликогенот од храната до малтоза, jа има во плунката и секретот на панкреасот, во црниот дроб, јајцеводите и мускулите, најважна примена на α-амилазата е во дијагноза на акутниот панкреатит, кога вредностите се многу покачени.

Липаза - ги разградува мастите од храната и овозможува нивна апсорбција во цревата, најзастапена е во усната празнина, панкреасот и желудникот, нејзиното одредување има значење во дијагностицирање и мониторинг на заболувања на панкреасот.

... но јас те прашувам за другите ензими односно „ензими на јетра“, проблемот може е околу јетрата според твоето наглото слабеење,

ALP (Алкална фосфатаза) е најприсутна во епителот на тенкото црево, коските, црниот дроб, бубрежните тубули, леукоцитите, зголемени вредности се јавуваат при застој на жолчните патишта, болести на коските и црниот дроб.

AST и ALT, како и нивниот сооднос AST/ALT претставуваат биомаркери за функцијата на црниот дроб.

ALT
(Аланин аминотрансфераза) има зголемени вредности при оштетување на црниот дроб, вирусен хепатит, болести на панкреас и акутен миокарден инфаркт.
AST (Аспартат аминотрансфераза) е ензим од групата на трансаминази кој го катализира реверзибилниот транспорт на α-амино групата меѓу аспартатот и глутаматот, присутен е во црниот дроб, срцето, скелетните мускули, бубрезите, мозокот и во еритроцитите.

GGT (Гама глутамат транспептидаза) е најзастапена во црниот дроб, бубрезите, срцето и мозокот, зголемени вредности се јавуваат при заболувања и оштетувања на црниот дроб, воспалувања на панкреасот, акутен миокарден инфаркт и др.

Screenshot_20240712_151247_Microsoft 365 (Office)~2.jpg
* серумското железо 6.5 ти е ниско (референтна вредност за мажи 10.6 - 28.3 umol/L), серумското железо е количеството на железо што циркулира во крвта врзано со трансферин, па би требало да ги направиш и овие лабораториски анализи.

Феритинот е протеин којшто го врзува железото во телото и така го складира во клетките на црниот дроб, слезината и коскената срцевина и доколку му е потребно на телото итна количина на железо, феритинот може многу бргу да го ослободи железото во крвотокот.

Трансферинот е протеин којшто се синтетизира во црниот дроб, го транспортира железото низ крвта и го доставува до клетките за употреба (на коскената срцевина за синтеза на хемоглобин), ја олеснува апсорпцијата на железото од желудникот и тенкото црево.

TIBC го покажува количеството на трансферин што е во можност да го врзе железото, затоа TIBC и трансферинот се два различни теста, но бидејќи мерат ист параметар, може да се користи едниот или другиот при испитувањата, затоа доколку има дефицит на железо, нивото на железото ќе биде ниско, но концентрацијата на TIBC ќе биде висока.
 
Последно уредено:
Член од
13 април 2021
Мислења
3.444
Поени од реакции
11.317

Прегледај го приврзокот 423499

На 14.8 Хгб и МЦВ 88, малку е веројатно да железото му е 6.5.
Можеби се работи за некаква грешка. Да си провери железо на уште едно место.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.607
Поени од реакции
37.557
На 14.8 Хгб и МЦВ 88, малку е веројатно да железото му е 6.5.
Можеби се работи за некаква грешка. Да си провери железо на уште едно место.
... повторна анализа секогаш е добродојдена кога ќе се добие прениска или превисока вредност на некој параметар ете за можна грешка, но сепак, можно е и недостаток на железо без анемија, затоа му напишав за тие дополнителни лабораториски испитувања на феритин кој исто така игра улога во недостаток на железо во крвта, така да ниското железо можно е и како последица на феритин под 12 микрограми кој треба да се смета за фактор недостаток на железо.
дефицит на железо можен и поради:
- низок внес на железо од храна или додатоци
- Х причина за зголемени потреби за железо,
- слаба апсорпција на железо,
- вегетаријанска или веганска исхрана,
- активна воспалителна болест на цревата или целијачна болест имаат промени во желудачна киселина од употреба на инхибитори на протонска пумпа што све доведува за послаба апсорпција на железото и покрај присутност во исхрана.

П.С.
кај него хемоглобинот -14.8 Хгб (референтна за мажи 14.0 - 18.0 g/dl) скоро на долна граница на референтна вредност и кај да е ако не се превземат мерки ќе се намали уште повеќе, резервите на железо ќе се потрошат и веќе ќе се смета за почеток на анемија, ако се смета дека феритинот е во референтна граница, зошто може е тој причината за ниско серумско железо!
 
Член од
9 јануари 2021
Мислења
995
Поени од реакции
1.022
На 14.8 Хгб и МЦВ 88, малку е веројатно да железото му е 6.5.
Можеби се работи за некаква грешка. Да си провери железо на уште едно место.
Ферум Лек земи таблети за џвакање за железото да ти се покачи, Витамин Ц 1000мг земи и исхрана богата со витамини и минерали - овошје и зеленчук повеќе каде што зеленчукот ќе го јадиш во форма на салата или варен зеленчук.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.607
Поени од реакции
37.557
Ферум Лек земи таблети за џвакање за железото да ти се покачи, Витамин Ц 1000мг земи и исхрана богата со витамини и минерали - овошје и зеленчук повеќе каде што зеленчукот ќе го јадиш во форма на салата или варен зеленчук.
...ако му е пореметена апсорпцијата на железото, тоа само ќе влезе преку уста и ќе излезе, мора прво да е начисто со причината, па после терапија, ако нема доволно феритин? :toe:
 
Член од
9 јануари 2021
Мислења
995
Поени од реакции
1.022
...ако му е пореметена апсорпцијата на железото, тоа само ќе влезе преку уста и ќе излезе, мора прво да е начисто со причината, па после терапија, ако нема доволно феритин? :toe:
Најдобро е да земи на природна база нешто превентивно колку да види како ќе биди, па после еден месец да напрај испитување.
Телешко месо, цвекло, сок од боровинки, ферум Лек таблети за џвакање и редовно внесување на 2 витамин Ц од 500мг дневно или една таблета витамин Ц од 1000мг. Чај од коприва помага за слабс крв, течности повеќе да внесува во форма на чаеви и вода.
Терапијата може да ја влоши состојбата, но може и да ја подобри, зависи од организмот, кај мене одвај се оправи хемоглобинот, од мало бебе со низок хемоглобин и железо и некаде по 12 години мислам ми се оправи хемоглобинот и железото.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.444
Поени од реакции
11.317
кај него хемоглобинот -14.8 Хгб (референтна за мажи 14.0 - 18.0 g/dl) скоро на долна граница на референтна вредност и кај да е ако не се превземат мерки ќе се намали уште повеќе, резервите на железо ќе се потрошат и веќе ќе се смета за почеток на анемија, ако се смета дека феритинот е во референтна граница, зошто може е тој причината за ниско серумско железо!
Јас сум убедена дека резултатот не е релевантен. Мцв, Мцх, Мцхц сите параметри се во ред. Добри му се и еритроцитите, па и хгб не е лошо. Ќе си појача преку исхраната само зголемен внес на продукти што содржат железо и тоа е тоа.

А ова што викам да си провери на друго место серумско железо е чисто заради сигурност.
 
a9mkd

Љетиф
Член од
14 јуни 2015
Мислења
542
Поени од реакции
281
Јас сум убедена дека резултатот не е релевантен. Мцв, Мцх, Мцхц сите параметри се во ред. Добри му се и еритроцитите, па и хгб не е лошо. Ќе си појача преку исхраната само зголемен внес на продукти што содржат железо и тоа е тоа.

А ова што викам да си провери на друго место серумско железо е чисто заради сигурност.
Затоа што крварам доста долго време, гастро проблеми со жолта столица, дијареа, мозочна магла и слуз па и што не пропратно вклучително и болка во абдомен, а и CRP исто шета цело време. Затоа сум малце испаничен и проверувам сѐ пополека да се види од каде е проблемот.
Лице што работи на клиника мисли дека е чир или крон, секако дека симптомите се општи и за многу други болести.
Да не земаш никако железо!

Имаш доволно.
Па железото исто скока и паѓа наеднаш. А се убив од јадење месо (варено само). Како телото да не прима железо и протеините. Килажата исто хаос - скока како луда, нагло губење, нагло качување.
Се надевам компјутерска томографија ќе каже од каде е проблемот и воспалението.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.607
Поени од реакции
37.557
Гастроскопија ништо немаше, биопсија негативна на целијакија.
Колоноскопија океј беше освен хемороиди и нешто од биопсија сомнително, но после испaдна имтоа нормално и грешна дијагноза, втората ректоскопија исто океј беше.
Затоа што крварам доста долго време,
...како тоа крвариш долго време, овој момент не си го напишал, тогаш сигурно си направил
ФОБ (Fecal Occult Blood Test) со што се утврдува присуство на крв во столицата (фецесот).

„Окултно крвавење“ значи дека не може крвта да се види со голо око, а присуство на крвта во столицата покажува дека има некакво крвавење во дигестивниот тракт, а тоа може да биде од горниот дел на дигестивниот тракт (хранопровод, желудник и дванаесетпалечно црево) и од долниот дел на дигестивниот тракт (полипи, хемороиди, улкуси (чир), колитис.
Да не земаш никако железо!
Имаш доволно.
Screenshot_20240712_151247_Microsoft 365 (Office)~2.jpg

...како мислиш доволно, членот е женско или машко?
Затоа сум малце испаничен
еве ги рефернтните вредност на лабораторијата каде се направени анализите ако е машко не му е доволно, ако е женско тогаш да речеме дека е доволно, (референтна вредност 10.6 - 28.3 umol/L. :toe:
 
Последно уредено:

a9mkd

Љетиф
Член од
14 јуни 2015
Мислења
542
Поени од реакции
281
Кај мене и е видлива и има во столицата (фецесот). Нашето здравство е хаос.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom