По интервенција на грчките лобисти комисијата прифатила, покрај името Македонија во резолуцијата во заграда да стои и референцата ФИРОМ.
Во цитатите преземени од официјални документи на НАТО, на неколку места стои и поранешна југословенска република Македонија, што е спротивно на американската одлука за признавање на уставното име.
Дали ваквата резолуција ќе стапи во сила зависи од претседателот Буш. По победата на Демократите во Конгресот треба да го парафира документот.
Организацијата Обединета македонска дијаспора, која од пред шест месеци започна кампања за поддршка на македонскиот влез во НАТО смета дека не постои можност резолуцијата да го промени американскиот став за името.
„Во таа сфера сме успешни, меѓутоа грчкото лоби интензивно, во офанзива се обидува, Америка да и се обраќа на Македонија под скратеницата ФИРОМ, а не под уставното име. Грчкото лоби кај демократите се повлијателни, но тоа не значи дека Америка ќе го смени ставот. Ние имаме контакти и во двете политички партии“, изјави Мето Коловски, ОМК.
Дипломатски извори за А1 тврдат, дека референцата ФИРОМ во официјални американски документи на Сенатот се должи на агресивните активности на грчкото лоби, кое треба да ги оправда парите што се трошат во битката за името, едно од главните прашање на средбата Бакојани и Рајс, закажана за наредната недела.