Ама сум бистар...Или не?

delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
Значи сите вие,драги фоумџии,сте си паметни+бистри...или не??
Јас,пак мислев дека форумов ви е за разонода,да се научи или прочита нешто,ама овде сите `живеат`во форумов...
Па добро вие имате `реален` живот???

Инаку за темава...никогаш не симнувам некој од облаци.
Ако си мисли или се прави паметен,НИШТО не велам,молчам и посматрам.
Во вистинскиот момент,плескам у фаца и го `понижувам`како што треба и доликува.
После си го знае местото.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: VeS

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.324
Поени од реакции
7.785
Им треба љубов нели? И јас сметам исто, им треба прегратка и внимание. Сwциња.
Признавам ми треба некогаш прегратка ама женска не машка :icon_lol:, само во исклучителни моменти :icon_lol:. Е сега за вниманието па не знам од секогаш сум привлекувал внимание дури и понекогаш ми има пречено многу.
За бистар не се сметам за премногу бистар, ама скромноста ми е доблест додека не распалам добро :icon_lol:.
Е сега за атеистите признавам сакам да ги тепам на нивно поле колку сум успешен или не ќе оставам други да судат заради објективност, ама не го правам тоа да омаловажам некого, туку го правам оти ми е досадно и сакам да ги чепкам тие што мислат дека ги знаат сите одговори на светов :toe:.
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Реката во својот извор е бистра. По течението ќе остане бистра онолку, колку што ќе брза да стигне до устието и вливот во морето. Така и се оценува една река по својата бистрина, колку ќе си ја задржи бистрината по својот тек. Тоа често пати е најтешкиот дел на реката, затоа што во текот по својот тек, наидува на многу искушенија минувајќи низ удолници, теснеци, падови, кал, песок и многу нешта кои се обидуваат да ја заматат. Умешноста на реката поминувајќи низ сите овие предизвици ќе ја направат или бистра или пак привидно бистра или пак матна. Судот за тоа го даваме ние следејќи го нејзиниот тек. Но, но само откако ќе ја следиме од изворот до нејзиното влевање. А за тоа треба време. Бистрината не е моментна искра или блесок, бистрината е континуитет на постојано покажување на способноста, умешноста и истрајноста. Така што „ама сум бистар“ е својствено само за нарцосоидното видување на нештата, а често пати тоа се случува само на одреден дел од реката... случајно таму каде што е најчисто... а подолу...или... подолу не...
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.492
Прво, да пишам дека треба да прекинете секоја тема што ќе се отвори да ја поврзувате со форумскиот живот на членовите (со тоа само докажувате дека сте опседнати со одредени работи) и да го читате воведот за промена. Барем првите 3-4 реда, ако не друго.

Во врска со темава, би се сложила со гладиус дека таквите личности кои се нарекуваат себеси бистри и сакаат да се центар на внимание, најчесто патат од недостиг на внимание кои го имале како мали или па го имаат во моментов. Или недостиг на внимание или се навикнати од дома секогаш да им се вели дека се најдобри, најпаметни, на нив да се истрошени сите суперлативи и кога ќе бидат во друштво, тоа однесување се пренесува таму. Само што тоа е начин на однесување на некој поединец и не можеме ние да му кажеме како да се однесува, можеме само да одбереме дали сакаме да биде во наше друштво или не. Во никој случај немаме право да настојуваме да ја промениме индивидуата :toe:
 
S

smart ass

Гостин
Кога ќе почнете да читате воведи на тема ќе видите дека НИКАДЕ НЕ СЕ СПОМНУВААТ ФОРУМЏИИ ИЛИ ФОРУМ... Инспирацијата е од животот далеку од виртуелниот. Ниту спомнувам интернет, ниту форум а ниту форум фаци. А Марсовка, ако тебе те интересира кои се тие ќе ги дознаеш. Само џабе е кога не ги познаваш(не се од форум во секој случај).
Како и да е, пак испадна кој си ја има мувата си ја ишка. Дискусииве не се за појави на форумот туку за појави во секојдневниот живот...
И аман вратете се на темата пошо ќе бришам се што е офтопик...
Тогаш влеваме во Теоријата за Ас-ови,според која во секоја група,на пример друштво има еден Т.Н АС кој вообичаено е на некој начин лидер,или пак повеќето од друштвото сметаат дека истиот е релевантен за таа "позиција"(иако не е).

(ова е доста интересна теорија поупатените во социологијата ја знаат подобро,јас...од општа култура а и може сум:kez:)

Вниние ова не значи дека АС-овите се бистри,или пак дека се обидуваат да се наметнат(иако има и такви).

е сега овде сме сведоци на типичен пример за ванаби форумски АС-бистар ко матен вардар:smir:
 

Paranoik

내 ♡, ∞.
Член од
10 август 2008
Мислења
1.873
Поени од реакции
451
Тогаш влеваме во Теоријата за Ас-ови,според која во секоја група,на пример друштво има еден Т.Н АС кој вообичаено е на некој начин лидер,или пак повеќето од друштвото сметаат дека истиот е релевантен за таа "позиција"(иако не е).

(ова е доста интересна теорија поупатените во социологијата ја знаат подобро,јас...од општа култура а и може сум:kez:)

Вниние ова не значи дека АС-овите се бистри,или пак дека се обидуваат да се наметнат(иако има и такви).

е сега овде сме сведоци на типичен пример за ванаби форумски АС-бистар ко матен вардар:smir:
A што ако личноста што се однесува како лидер е всушност лидер, и доволно компетентен да води одредена група? Што ако личноста е во тоа одредено место каде припаѓа? Во навистина бистрите?

И ако веќе одиш со навреди, pick someone your own size, навредувај надвор од форум, откако ќе ја запознаеш личнста ВО ЖИВО!, и ќе процениш каква е, ОК? Вака само докажуваш колку си опседнут со животот на другите форумџии.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Малечок совет до дел од дечките што постираа овде...Get a life for fuck's sake.
 
S

smart ass

Гостин
A што ако личноста што се однесува како лидер е всушност лидер, и доволно компетентен да води одредена група? Што ако личноста е во тоа одредено место каде припаѓа? Во навистина бистрите?

И ако веќе одиш со навреди, pick someone your own size, навредувај надвор од форум, откако ќе ја запознаеш личнста ВО ЖИВО!, и ќе процениш каква е, ОК? Вака само докажуваш колку си опседнут со животот на другите форумџии.
прочитај повторно,и посочи ми каде има навреда??:uvo:

и да секако не значи дека ас-овите се најчесто се компетентни,но има и исклучоци...така?

Вака само докажуваш колку си опседнут со животот на другите форумџии
Ова сметам дека е излишно да го коментирам.


откако ќе ја запознаеш личнста ВО ЖИВО!
да де ама сигурно кога ќе ја запознаам ВО ЖИВО не би можел на прва да знам за каква личност и карактер станува збор.

Немам телепатски способности.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Малечок совет до дел од дечките што постираа овде...Get a life for fuck's sake.
Подржано!
да парафразирам стих:
..."матен Вардар брзо тече"... бистри момци носи, тешка матнотија влече!

Форумскиот виртуелен живот предизвикува потреба за умување, нешто поради карактерните особини на дел личности кои се такви и во реалниот живот, а нешто и поради желбите на поголем дел личности кои би сакале да се такви во реалниот живот!
Но, најгооем дел умувања (читај - бистрина) добиваме од оние кои се неуспешни дури и во виртуелниот живот и во обид тој личен неуспех (читај - фрустрација) да ја надминат, ќелешки се обидуваат тоа да го надминат со навреди, со омаловажувања, со оговаранции и неумеење да се сослуша, дочита, разбере, поими, не разбирајќи дека со тоа се повеќе и се подлабоко заглибуваат во сопствената јадост. наместо тоа и таков начин, потребно е да се помират со сопствените духовно-умствени капацитети, да помолчат, да одбегнуваат конфронтации (дури и зад мониторите безбедно затскриени) и да се потрудат, со отворен ум, да восприемат малкуцка од туѓото (читај - купување ум) умствување и да се надградат самите себе си.

П.С. клучни моменти за осврт - болдираните разлики меѓу едните и другите (за оние кои се невосприемчиви кон позитивна ука и критика)!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom