Опиноку нагоричански, немаш појма што тресеш. Јасно е во православните држави дека една црква православна треба да има. Така било и во Византија и потоа во Бугарија, Србија, ЦГ, Русија итн. итн. Од проста причина што во православието државноста се поврзува со црквата. Исто и во Србија иако има православани Власи, Македонци, Бугари и Црногорци имаш една Православна црква-СПЦ. Значи Србите би да кај нив има една црква, а кај нас 2. Тоа со црквите е наследство од СФРЈ, каде што Србите и покрај тоа што се создадоа федеративни републики си продолжија по старо. Затоа и има проблем сега во ЦГ, а се обидоа и во МК(но тука Србите се минорен процент, па беа ишамарани со 3 верници вкупно). Иако во практика, ако државата е суверена тогаш треба да си има своја црква. Ако Србија ја припои ЦГ тогаш може таму СПЦ да делува, а вака е против Црквеното право, воспоставено уште од Византиска доба. И без разлика дали Црногорците се чуствуваат како Срби, повторно тоа се врзува со Црногорската држава, па поради тоа таму треба да делува ЦГПЦ, која беше укината со окупацијата на Србија на ЦГ после ПСВ и губењето на државноста на ЦГ. А претходно си имаше посебна ЦГПЦ.
А тоа со вахабистичките секти не знам како е регулирано во Исламот. Можно е таму да имаат право да регистрираат секти, ИВЗ треба да се произнесе, но во православието така е регулирана работата. Ако имаш МПЦ, не можеш да има друга православна црква на истата територија, зашто црковното право е јасно една држава=една православна црква. Никогаш не можело, ниту ќе може да има раскол помеѓу две цркви. Ова нормално, ако државотворниот народ е православен, во Турција пример или Словенија, Хрватска, па дури и БиХ дозволено е да се отвораат парохии(или како и да се викаат) на СПЦ, МПЦ итн.