Александар Вучиќ - најголемиот диктатор на Балканот по падот на комунизмот?

Член од
30 октомври 2021
Мислења
1.361
Поени од реакции
3.056
Вчера македонскиот претседател Стево Пендаровски го чествуваше празникот Илинден и во манастирот "Св.Прохор Пчински" во Србија, каде било одржано заседанието на АСНОМ во 1944 год. Негов домаќин беше српскиот претседател Александар Вучич.
На официјална страница на Претседателот на Србија за вчерашната средба пишува: "У свом обраћању након састанка, председник Вучић је поручио да Срби воле Македонце и македонски језик, као и да Срби признају и „одлично разумеју македонски језик, баш као што Македонци говоре и разумеју српски језик“.
Истиот тој Александар Вучич во декември 2002 год., заедно со српскиот четнички војвода и осуден воен злосторник - Воислав Шешељ, на еден митинг во Србија ја пее на глас песната "Спремте се, спремте четници".
https://www.youtube.com/watch?v=GAekljpKhHA
Во изворната верзија на таа песна, се воспева палењето на велешкото село Дреново, како и убиствата на војводите на ВМОРО - Стефан Димитров и Стефан Вардарски, заедно со нивните чети. Тие се убиени од страна на српските четнички војводи Јован Бабунски, Глигор Соколович и Василије Трбич.
https://www.in4s.net/kako-je-nastala-pjesma-spremte-se.../
https://www.youtube.com/watch?v=eLBfpSsWVX4
Македонскиот претседател Стево Пендаровски, според неговата официјална интернет страна, по средбата со Александар Вучич изјавил:
"Кога на територијата на друга држава ве пречекува претседателот на таа држава, претседателот на Република Србија, за чин кој е од најголема важност за вас и за Вашата држава, само благодарност за претседателот Вучиќ. Ова да биде една добра традиција, која нема да се прекинува од политички, црковни или кои било други причини. Се надевам дека и следната година повторно ќе се гледаме на ова исто место, да оддадеме почит на нашите најголеми национални великани".
Значи празникот Илинден, односно годишнината од Илинденското востание и од заседанието на АСНОМ, претседателите на Северна Македонија од сега ќе ја чествуваат заедно со човек што ги воспева палењето на македонските села и убиствата на револуционерите од ВМОРО - организацијата што го кренала Илинденското востание?!?

Член од
12 јануари 2022
Мислења
457
Поени од реакции
816
И во истото време србскиот надворешен министер дава изјава Ако Бугарија вели Дека кај них нема србско малцинство/а уставот ни е таков/ значи Дека и у Србију нема Бугарско.."
СРБСКО ТЕАТРО:misticen:
 
Последно уредено:

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.373
Поени од реакции
50.979
И во истото време србскиот надворешен министер дава изјава Ако Бугарија вели Дека кај них нема србско малцинство/а уставот ни е таков/ значи Дека и у Србију нема Бугарско.."
ДОБРО РЕЖИСИРАН СРБСКИ ТЕАТР:misticen:
:pusigo::pusigo::pusigo::pusigo:
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.502
Поени од реакции
9.876
И во истото време србскиот надворешен министер дава изјава Ако Бугарија вели Дека кај них нема србско малцинство/а уставот ни е таков/ значи Дека и у Србију нема Бугарско.."
ДОБРО РЕЖИСИРАН СРБСКИ ТЕАТР:misticen:
Ко што гледаме уставот е променлива ствар ;)
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
18.883
Поени од реакции
33.371
Мислиш на вашиот..?
Со секоја од редовните политички кризи што ја тресе Бугарија до еден или друг степен, мора да се упати повик за промена на Уставот.

Така беше во 2013 година за време на протестите против првата влада на Бојко Борисов и за време на протестите против владата на Орешарски.

Така беше и во првите две години од втората влада на Бојко Борисов (2014-2015), кога министер за правда беше Христо Иванов, кој инсистираше на промени во правосудниот систем.

Така е и во 2020 година, со протестите против третата влада на Бојко Борисов.

Што ги тера демонстрантите да бараат нов Устав?
Пред се легитимирање и давање дополнителна тежина и важност на самите протести. Како едноставното соборување на претходната власт да не изгледа натоварено со доволно значење за нивните лидери.

Во исто време, секогаш се вели дека ова е „комунистички“ Устав, бидејќи е донесен со огромно учество на пратениците од БСП (поранешна БКП). И никогаш не се дискутира во суштина - што точно е „комунистичко“ во Уставот и што точно треба да се смени во него.

има повеќе причини за барањето за промена на Уставот. Првата е промена на статусот на јавниот обвинител. Досега за него беше вистина: Само Господ е над мене. Неговите овластувања сега се намалуваат и постои контролен механизам. Исто така, измените во Уставот ќе го намалат влијанието на политичките партии врз Врховниот судски совет. Друга промена е скратувањето на овластувањата на претседателот. Со парламентарната криза во последните две години стана јасно дека претседателот може сам и без контрола да владее со земјата преку технички влади. Постои и право на граѓаните директно да се жалат до Уставниот суд. Но, сите овие се предлози кои треба да се прифатат. За да бидат прифатени за нив треба да гласаат 2/3 од пратениците
 
Kajgana Shop

На врв Bottom