Алвин Плантинга, злото и слободната волја

Antiteist

ateist
Член од
19 декември 2011
Мислења
127
Поени од реакции
104
Не го избегнав одговорот, туку бев бааги јасен: овосветовните мудреци, мудруваат за овосветовните нешта, а Светите Оци, најчесто мудруваат за духовните нешта, така да тие две категории: овосветовност/материјалност и оносветовност/духовност, се различни по својата природа и содржина.
Повторно го избегнуваш одговорот, а овојпат и не си во право (за болдираното) - овосветовните мудреци не мудруваат само за овосветовните нешта, туку и тоа како можат да мудруваат и за оносветовните нешта. Ова ти е познато, се надевам.
Како што гледам, ти сакаш им го одземеш правото на атеистите да мудруваат за оносветовното, а истовремено го прогласуваш нивното за неточно, без оглед на тоа за која оносветовна тема мудруваат и до какви заклучоци дошле!? А што ако некои нивни заклучоци се исти со оние на Светите Оци? И тоа ќе го прогласиш за неточно? :)

За второто болдирано: овосветовното го изедначуваш со материјалното o_O. Да те потсетам дека во овој свет има и нематеријални енергии: гравитациона, електромагнетна, слаба нуклеарна и јака нуклеарна.

Светие Оци мудруваат и за овосветовните нешта, на пример, кога е во прашање Божјата креација на се‘ видливо и невидливо, но и тогаш Светиите се дијаметрално различни во изразот од философите и од „философите„. Она кое е прифатливо за Црквата, а кое доаѓа од науките и/или философиите, е само делот од нивните учења, кој не е Богоборечки, .т.е. учења кои не се инаетат на од Бога ни‘ објавените вистини, туку само ги потврдуваат истите, со користење на овосветовни методи за потврдување/докажување и користење соодветен речник.
Еве ви на дело инквизиција: единствено што има да работиш и да размислуваш е како да ги докажеш догмите од религијата, секакво друго работење и размислување е неприфатливо! :tapp:
Еееј, а јас си мислев во 2012 година сме .
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
BREAKER7777777 за да биде онтопик дијалогов, ќе те цитирам тука.
Бог има знаење за работите што ние не ги знаеме.Злото постои за да научиме што е добро.
Зошто бог не искушува со такви девијантни појави?Зошто бог дозволува такви работи? Зошто ги казнува?Зошто бог ги искушува муслиманите да живеат во ваков свет?
Злото постои за да се увиде човековата вера.
Како ние ќе знаеме колку големи верници сме ако не бидеме искушани?
Како ќе знаеш колку веруваш ако не бидеш искушан преку грев?
Затоа бог го остава тоа на луѓето,да ја тестира нивната вера.

Бог знае она што ние не знаеме,ние поседуваме еден вид на знаење бог знае се(“ниту еден лист од дрво не паѓа без неговата дозвола“)
Пак ја утна поентата. Која е потребата од страшен суд, казни и награди, кога нема ништо непотребно и кога се е во согласност со неговата промисла?!
Значи ако злото постои за да научиме што е добро, зошто вие како муслимани ги убивате, и ги протерувате оние кој според вас се зли?!
Толку е тешко да се разбере прашањево? Од една страна велиш дека за се има причина, од друга веруваш во судење, наградување и казнување! Тие две нешта неодат заедно, се контрираат!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom