Албанија позадолжена и од Грција

H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Албанија позадолжена и од Грција
среда, 16 ноември 2011
Албанија е земја со највисок државен долг во регионот, покажуваат податоците од Светска банка

Извештајот на Банката покажува дека Албанија е многу блиску до земјите со највисок државен долг, бидејќи тој во моментот изнесува 59,4 проценти од бруто домашниот производ на земјата.
Светската банка предупредува дека ситуацијата во регионот не буди оптимизам.
Иако банките имаат ликвидност, тие се повеќе се соочуваат со ризик поради високиот раст на лошите кредити, се наведува во извештајот.
Според прогнозите на Меѓународниот монетарен фонд, економскиот раст на Албанија оваа година ќе се намали на два проценти.

Извор: http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=67196

Следна на ред би рекол Македонија...
 
Klinton

wanna BOMB?
Член од
11 април 2010
Мислења
2.882
Поени од реакции
4.587
Македонија е задолжена 20% од бдп, а грција мислам дека е околу 400%, така да статијава не ми изгледа на нешто релевантно
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Македонија е задолжена 20% од бдп, а грција мислам дека е околу 400%, така да статијава не ми изгледа на нешто релевантно
Со активирање на заемот од 130 милиони евра од Дојче банк и од Сити банк државниот (владин) долг на Македонија ќе порасне над границата од две милијарди евра, што историски е најголем износ на задолженост на државата. Ако се земе предвид дека со новото задолжување вредноста на вкупниот владин долг ќе порасне од 26,2 отсто на 27,9 отсто од бруто-домашниот производ, тогаш може да се каже дека Македонија сé уште ги исполнува правилата на ЕУ што обврзуваат државниот долг да биде најмногу 60 отсто од БДП.
Иако многу тешко ми изгледа Албанија да биде по задолжена од Грција.
 
karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.720
Она што би можело да се однесува меѓу другото и на Македонија е:
Светската банка предупредува дека ситуацијата во регионот не буди оптимизам.
Иако банките имаат ликвидност, тие се повеќе се соочуваат со ризик поради високиот раст на лошите кредити, се наведува во извештајот.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Она што би можело да се однесува меѓу другото и на Македонија е:
Што значи дека на цел Балкан и Западна Европа е ср*ње економијата. Плус да не заборавиме дека се повеќе и повеќе земји-членки на ЕУ паѓаат во рецесија. Тоа се повеќе наведува на факт дека цела Европа се "руши", а ми изгледа дека Европа и не е толку атрактива за инвестиции.
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Албанија е задолжена и вложи во инфраструктура, така да може да ги врати вложените пари, а ние од шо ќе ги вратиеме? Ем се задолживме ем во бронза ги лупнавме, и во избори и во попис неуспешен
 
Тие во патишта паметно им беше за една земја најважна е инфраструктурата а не споменици (како МКД) иако тие може за туристи да привлечат, ама не е доволно!
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Репортажата не е вистина Грција е позадолжена од Албанија. Грција им 116% долг од БДП а Албанија 59%
http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_sovereign_states_by_public_debt
Кирилица не ми изгледа како квалитетен извор. Очигледно шират дезинформации.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.881
Албанија позадолжена и од Грција
Да не претерувате малце

Грција

Јавен долг 120% од БДП

Надворешен долг 172% од БДП

Албанија

Јавен долг 59% од БДП

Надворешен долг 38%

Македонија

Јавен долг 26%

Надворешен долг 72%

Србија

Јавен долг (2010-та) : 42%

Надворешен долг (2010-та) : 80%
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.330
Поени од реакции
26.280
Албанија е задолжена и вложи во инфраструктура, така да може да ги врати вложените пари, а ние од шо ќе ги вратиеме? Ем се задолживме ем во бронза ги лупнавме, и во избори и во попис неуспешен
Албанија од инфраструктура го изгради само автопатот кон Косово, сите знаеме со какви цели и тоа никогаш нема да биде рентабилна инвестиција. Должат околу 7 милијарди долари. Да беа рентибилни инвестициите што ги направија немаше да добијат отворена опомена од ММФ. http://www.nacionalalbania.com/2011/11/16/world-bank-cautioun-with-debt/
The debt of the Albanian government is 2.2 times higher than the annual revenues, one of the biggest indicators in the world.
За споредба Македонија должи околу 3 милијарди долари, а и како процент од ГДП е под светскиот просек. Ние сме во многу подобра финансиска позиција од голем дел од европските земји, со Албанија е смешно и да се споредуваме тие се меѓу најзагрозените.
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Албанија од инфраструктура го изгради само автопатот кон Косово, сите знаеме со какви цели и тоа никогаш нема да биде рентабилна инвестиција. Должат околу 14 милијарди долари..
Не е само тој автопат, скоро се поврзаа и со црна гора и со макеоднија преку ќафасан со нови широки патишта, по тој пат возев пред две години можам со сигурност да тврдам. А сигурно и внатрешни магистрали.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.462
Поени од реакции
5.881
Албанија од инфраструктура го изгради само автопатот кон Косово, сите знаеме со какви цели и тоа никогаш нема да биде рентабилна инвестиција. Должат околу 14 милијарди долари. Да беа рентибилни инвестициите што ги направија немаше да добијат отворена опомена од ММФ.
Не должат 14 , туку 7 милиарди долари. (11.9 милиарди е БДП-то , а ако должат 59% од БДП-то , рачунај).

Плус 4.5 милиарди долари надворешен долг

За споредба Македонија должи околу 3 милијарди долари, а и како процент од ГДП е под светскиот просек. Ние сме во многу подобра финансиска позиција од голем дел од европските земји, со Албанија е смешно и да се споредуваме тие се меѓу најзагрозените.
Македонија има БДП од 9.2 милиарди долари

Јавен долг од 2.4 милиарди долари

Надворешен долг од 6.7 милиарди долари.

=

Ако јавниот долг е показател за некоја финансиска супериорност, тогаш оди честитај им на најмладата држава Косово , која има јавен од од само 5.6% од БДП (само 300 милиони долари), и симболичен надворешен , а во 2012 им е предвиден економски раст од 5%, што е дупло повеќе од просекот на овој регион.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.330
Поени од реакции
26.280
Не е само тој автопат, скоро се поврзаа и со црна гора и со макеоднија преку ќафасан со нови широки патишта, по тој пат возев пред две години можам со сигурност да тврдам. А сигурно и внатрешни магистрали.
Сеуште ги немаат довршено сите магистрали (како нас и како сите на Балканов), допрва и нив им иде големото инвестирање. Кон Македонија треба да се поврзат и преку Дебар, железничко поврзување им треба кон сите соседни држави, ама со ова ниво на задолженост тешко дека тоа ќе го направат во брзо време.
--- надополнето: Nov 16, 2011 12:19 PM ---
Не должат 14 , туку 7 милиарди долари. (11.9 милиарди е БДП-то , а ако должат 59% од БДП-то , рачунај).

Ако јавниот долг е показател за некоја финансиска супериорност, тогаш оди честитај им на најмладата држава Косово , која има јавен од од само 5.6% од БДП (само 300 милиони долари), и симболичен надворешен , а во 2012 им е предвиден економски раст од 5%, што е дупло повеќе од просекот на овој регион.
Можеби, јас го видов податокот од овде, пишува 24 милијарди $ GDP(ppp). https://www.cia.gov/library/publications/the-world-factbook/geos/al.html Ама не сум го догледал тоа во заградата. Се извинувам, ќе изменам во постот погоре. Јавниот долг е повеќе показатал за силата на економијата, не толку за финансиската стабилност. Ама ако си финансиски нестабилен што корист од силна економија (пример Грција).

И да, Косово има одлична финансиска стабилност во моментов. Доколку успеат да ја зауздаат црната економија и доколку успеат да обезбедат стабилни извори на енергенси, Косово ќе има најдобри финансиски показатели на Балканов. Единствен проблем на Косово во моментов е тоа што нема доволно електрична енергија да опслужува потенцијални индустриски гиганти.
 
nescafe

за освестување
Член од
27 август 2009
Мислења
604
Поени од реакции
277

За нас нема криза пошто Македонија од секогаш била во криза.
А економијата на Косово ќе падне во истиот момент кога од таму ќе си отидат UN, европјаните и американците.
 
Член од
10 мај 2010
Мислења
2.727
Поени од реакции
1.970
Албанија е задолжена и вложи во инфраструктура, така да може да ги врати вложените пари, а ние од шо ќе ги вратиеме? Ем се задолживме ем во бронза ги лупнавме, и во избори и во попис неуспешен
За пописотт цел свет ни се смее ,да не можиш да извршиш попис на помалце од 2 милиони е срамот и не е држава која е за Европска Унија .
Ние ке ги вратиме парите само ако ставиме човек пред секој споменик да наплака за сликање ,со тоа ке се отворат 100 тина работни места .
--- надополнето: Nov 16, 2011 1:53 PM ---
Не должат 14 , туку 7 милиарди долари. (11.9 милиарди е БДП-то , а ако должат 59% од БДП-то , рачунај).

Плус 4.5 милиарди долари надворешен долг

Македонија има БДП од 9.2 милиарди долари

Јавен долг од 2.4 милиарди долари

Надворешен долг од 6.7 милиарди долари.

=

Ако јавниот долг е показател за некоја финансиска супериорност, тогаш оди честитај им на најмладата држава Косово , која има јавен од од само 5.6% од БДП (само 300 милиони долари), и симболичен надворешен , а во 2012 им е предвиден економски раст од 5%, што е дупло повеќе од просекот на овој регион.
Да им честита на Косово ?
Не зафркавај Косово е сеуште протекторат .
 
Kajgana Shop

На врв Bottom