Овие неколку месеци по објавата на бомбите беа доволни за да се сфати дека за нашава држава нема никаква иднина
Имаш луѓе што си тераат своја политика за сопствени придобивки, газејќи по другите луѓе во кои за жал се наоѓаме остатокот од народот и сме доведени во ситуација да гласаме за оној кој е помало зло, наместо за оној кој ќе донесе поголемо добро.
Дали Брклата, Јанакиевски, Протуѓер и сите останати политичари на високи функции во Македонија се чисти пред законот може само некои во лудницата во Бардовци да дискутираат, затоа што разумен човек воопшто не би се ни осмелил да го брани целиот тој криминал кој е направен.
Али, ете има луѓе на форумов кои од икс причини си ги бранат своите.
Како прво, ниту еден од нив нема никогаш да признае дека повеќето од тие што пишуваме на темава сме АНТИ-сегашнава политика на владата, која патем е од нивната партија. Ако го критикуваме вмро, не значи дека гласаме за сдсм.
Нормално, повеќето од нив тоа го знаат, но меѓу нив има и ретардирани фаци на какви што за жал се сведува нашата држава во последно време откако квалитетниот кадар си го фаќа патот под нозе.
Имаш фаци како Vori за кои ова е како фудбалска утакмица. Му дале да залепи некое плакатче низ населба, да вее знаменца на митинзи и сега си навива по темите пукнете комуњари, напред грујо. Не дека знае за што се расправа на темава, за него ова е натпревар меѓу партии во кој ни самиот не е свесен дека на крај најголеми губитници сме ние граѓаните на републиката.
И за жал, најголем број од приврзаниците на партиите се од таков калибар, а прегледувајќи го интернетов и според резултатите на изборите, се чини дека вмро има далеку повеќе фаци во своето членство. Спремни да се тепаат за партиите, да мрзнат по шатори, да се срамат пред јавноста, само затоа што толку им фаќа црпката. Како член на Комити, не се срамам да кажам дека во нашата навивачка група има минимум 10-тина фаци кои се меѓу најватрените во вакви ситуации. Ама не можам да ги осудам, не може секој да има голема интелигенција.
За него нема врска што државата е во огромни долгови, што градовите подалеку од Скопје се мртви, што он зема 8000 плата додека политичарите земаат по 30000 евра само за патни трошоци, што се лечи во скапано здравство додека други си плаќаат третмани кај странски доктори, што образованието му е на нула, што нема никогаш да излезе како победник против ниту една државна институција, ниту против некоја приватна фирма, затоа што овде важи само правилото на ПАРИТЕ.
Имаш луѓе како моронон Гаро со 3284239 акаунти, што мисли дека е премногу интересен, кој мора свесно да ги брани своите. Зошто? Затоа што ќе скапуваше во затвор во моментов. Ама такви луѓе немаат грижа на совест, ако треба ќе дежура до 6 сабајле на форум и ќе ги вреѓа сите, само за да си го испере гзот.
Имаш луѓе со низок капацитет, кои доколку не бидат вработени од партија, никогаш нема да дојдат до работа. Луѓето во Македонија се задоволуваат со работа добиена со врски. Наместо истиот тој да конкурира да речеме како градежник во некоја фирма или како продавач, ќе дреме дома и ќе се јавува по мајки, стрини, тетки, за да фатат врска во партија која преку локалната власт ќе им најде работа. И така се вработени 70% од граѓаните овде. Не се свесни дека со тоа само стануваат ебани пиони на политичарите, без разлика на која партија. Затоа уметницине се срамат и формираат движења за одбрана на Македонија, затоа целата интелигенција од образованието за некој денар повеќе од работа во некоја мртва комисија, отвараат контра-пленуми и си одат контра себе, затоа кај лекарите постои поделба на членството итн. До каде дојде државата кога професорите во средно и основно образование со организиран превоз се шетаат по митинзи?
Не само што си го ограничиваат своето дејствување, туку ги ограничуваат и можностите на своите најблиски. Зошто мене да ми се заканува некој слепец затоа што ќе ми ја избркале братучетката од работа, ако не направам вака и вака?
Затоа што сами сме направиле да дојдеме до тоа дереџе.
А, тоа е и целата идеја на политичарите. Си го прибираат поинтелигентниот кадар крај себе, за да им помогне во владеењето и контролирањето на масата. Државните институции како полицијата, војската, судовите, постојат ЗА ДА ГИ БРАНАТ ПОЛИТИЧАРИТЕ ОД НАРОДОТ, а за возврат ќе добијат малку повеќе трошки отколку останатите граѓани.
Насекаде има вештачки насмевки и задволство, освен кај самите политичари.
@Inglourious Basterd и
@Brutus се интелигентни битија. Истовремено највиновните затоа што Македонија е на ова дереџе. Дури повиновни и од нас дебилите што ќутиме и трпиме.
Додека политичарите сега си го дрват некаде, фаци како гореспоменатите им го перат валканиот веш по интернетот. Е, тие се оние кои свесно знаат во каква ситуација е Македонија, свесни се на каде се движиме, но не смеат да го признаат тоа. Ако го признаат, ќе го изгубат својот дел од медот. До смрт ако треба ќе се мачат да се објаснат тука со нас, ќе одат со глава во ѕид, ќе реплицираат само на тоа што им одговара, меѓутоа секогаш мора да бидат во право на крајот. Уште стотици вакви млади фаци им ја вршат цела работа во партиите, трчаат ваму, трчаат таму, а секако тоа е зачинето со поискусните кои треба да перат мозок на поголема маса народ. Некој како Латас. Човекот е легенда, исто како неговиот батец Динго. Секогаш се на власт, секогаш перат мозок и секогаш се идоли меѓу своите. Он ти е роден победник, спремен да гази врз живи луѓе за да дојде до целта. Затоа и они се таму кај што се. Таква мрежа имаат расплетено по државава, мрежа на свесни луѓе кои ги контролираат оние без мозок и оние кои им се марионети поради тоа што им дале работни места, што уште 200 години нема да видиме асална власт.
Па уште кога и другиве видоа дека вака се владеело најлесно, ништо не не спасува во иднина. Само јавно палење на политичари, или судење на сите нив пред законот ќе ја врати самодовербата кај народот.
Ќе рече не сакам работа со врски, ќе си најдам сам, па макар и во странство и нема да ви бидам марионета. Ќе рече, не јас не сум го заслужил ова место, сакам да биде според правилата и тој што е најзаслужен да си го добие. Ќе рече не ме поседуваш дебилу, ако сакам ќе гласам за тебе, ако не сакам нема. Ќе се охрабри да поднесе тужба кога државата бесправно му одзела нешто што го поседувал итн.
Ама далеку сме ние од ова. Овде државата свесно ги брка интелигентните, затоа што знае дека ќе им бидат трн во око. Остануваат само помалку интелигентните, кои во иднина ќе придонесат интелигенцијата да се намали за уште повеќе и уште полесно да може да си владеат политичарите. За да бидеш политичар во државава треба да си лажов, криминалец, искомплексиран итн.
Мислам дека комплексот на ниска вредност им е најголемиот проблем додуша. Сакаат да покажат моќ или да газат по човечињата ко што би рекле. Политичарот треба да биде чесен човек, кој ќе знае дека го одбрал народот и на него да му служи, а не тие нему. Политичарот треба да дава на тие што заслужиле, да ги поттикнува оние кои се тудат, да ги помогне оние на кои им е потребно, НО ЗА ТОА ДА НЕ БАРА НИШТО ЗА ВОЗВРАТ.
Ако јас на некој сум му помогнал парично, ако сум му подал рака кога паднал на улица, ако сум му решил задача на тест, тоа сум го направил затоа што е правилно, и за возврат нема да барам ништо. Ама полтичарот:
Ќе ти даде стипендија, ако за возврат ветиш дека ќе бидеш дел од фаците кои ќе му служат, како гореспоменатите.
Ќе ти даде работа, за потоа да дадеш листа со 10 лица кои ќе гласаат за него.
Ќе сече ленти за работи кои се тазе пуштени во употреба, за да добие плусови пред избори, а не затоа што тоа навистина му треба на народот. Да сакале да помогнат, немало да чекаат до месец пред избори.
Сето тоа придонесува и самата младина да биде максимално немотивирана. Како некој што работи со млади луѓе, можам да кажам дека мотивацијата им е на нула. Па, кој е будала да работи кога знае дека нема иднина тука? Можеби зад тоа бараат оправдување за својата мрзеливост, но сепак кога логички ќе размислиш ние кои се трудиме и мислиме дека ќе смениме нешто во иднина, сме будалите во случајот. Сите мислат за странство, за полесна заработка, но и за можностите кои ти ги отвара.
А, колку би било поубаво, заслужено да добиеш работно место. Да конкурираш без врски и да те примат затоа што си се покажал најдобро. Да почнеш од доле, па со тек на време да добиваш напредување во работата. Колку само позадоволни би биле од себеси и помотивирани за работа.
Важи ова и во Македонија, ама за тие што ги спомнав горе и сега од петни жили ќе пробаат да реплицираат на постов. Само што нивниот труд се отсликува во лижење газови, во погазување на сопствените идеи и одење против тоа што знаат дека е правилно.
И ако некој проба да ми накалеми дека сум СДС-овец, слободно нека проба, немам пред кого да се правдам

Јас ги критикувам тие што грешат, а во моментов вмро е на власт, тие се оние кои превземаат нелогични потези на штета на народот и најстрашно, пробуваат преку медиумите да не прават будали, нешто што никогаш не се случувало. СДС се толку очајни и толку немаат капацитет што во моменталнава постава, утре да им ја дадат власта, до март би ја изгубиле. Мене не ме интересира владеењето на СДС.
Правам муабет за сегашноста и иднината. Јас СДС сум ги казнил кога на првите избори на кои сум имал право на глас сум го заокружил бројот на ВМРО. Дадовме време да се променат нештата, почнаа добро на времето, мислев ќе ја оправат работата за да доживеат комплетен бродолом на крајот. Додуша сеуште стојам на тоа дека сите ние сме заложници на сите политичари, кои меѓусебно си делат тендери (сите имаат имоти за кои може да сонуваме), се бранат меѓусебно затоа што си ги знаат црните бизниси и само некој кој е спремен да жртвува се (дури и себеси) под покровителство на некој од страна (затоа што самите не можеме) може да направи пресврт и да остави чист терен за оние кои ќе дојдат. Некои нови луѓе, попоштени ако е тоа можно.
Играта со странски фактор е меч со две острици. Од марионети на нашите политичари, би биле марионети на странски фактори. Но, има ли полошо од ова?
Од друга страна дури постои Албанскиот фактор во државава, при секој обид да се отстрани оваа власт, ќе гледаме етнички конфликти затоа што во Косово има волци гладни за пари кои во истава секунда можат да дојдат и да ме разнесат, за да почнат војна која ќе има сосема друга цел. Нормално, албанците во државава сеуште си ја имаат идејата за голема албанија, нешто што секогаш ќе виси на конец и ќе го искористат во првиот момент. Но, не мора ни да тргнат во офанзива, со начинот на владеењево во моментов, самите ќе си ја дадеме државата.
Јас сум свесен дека во моменталнава ситуација и поставеност на владеењето во Македонија, ниту јас, ниту 500 000 мои истомисленици не би можеле да сменат ништо. Ниту пак некој од политичариве ќе помине казнето, освен ако странски фактор не реши нешто такво. Не сум голем побожник, не верувам ни дека постои нешто по смртта, ама потајно се надевам дека еден ден Господ ќе ви суди, кога ние веќе не можеме.