Хммм би било фино сега да можев да замижам и да се најдам во Њујорк. Или, Египет, или Лондон, или Будимпешта, или Загреб, или Истамбул, или Индија, или ХонгКонг... Или на Копакабана, или ПортоРико, или Шпанија, Аргентина, Африка, може на кратко и да навратам до некоја тропска прашума, да видам како е во пустина, да тркнам и до Париз, Рим, Милано, некое француско селце, би сакала да видам како е на врвот на Хималаите, на некоја совршена плажа, да јадам пица во Наполи, да тркнам и до некое клубче у Вегас, секако, до Холивуд, Л.А., би сакала да се повозам со некое мало ама безбедно бродче по некое езеро или море или океанче каде водата е кристално бистра и може да се види цел жив свет внатре, да нурнам длабоко и да се најдам меѓу куп животинки кои се несекојдневни за ние, живеачите на копно... Би сакала некое време да поминам во некој свет храм каде луѓето се посветени на пронаоѓање на мирот, или да тркнам до место каде би можела да научам многу за будизмот, би сакала да трчам и да се смеам во некоја многу голема ливада цела со цвеќе, шарена, среќна... Аххх... Само да можев да замижам и да се најдам на некое од овие местенца...
А, да. Со моите драги личности
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)