Ако Бог постои, зошто допушта зло и страдање?

Член од
22 јануари 2008
Мислења
16
Поени од реакции
0
Ajde dosta so fantazii GOSPOD ne postoi toa se izmislici dokolku postoi zasto umiraat dobri luge kako Tose aj piesete odgovor koja e celta na boga????????(za tie sto smetaat deka postoi)
 

Black LiLy

Her Majesty, My Queen, HIP-HOP
Член од
5 ноември 2007
Мислења
109
Поени од реакции
3
Некако последно време почнувам да се сомневам во се. Изгубив драги личности, премногу блиски личности и не можам а да не се прашам како Бог го остава злото на земјата, а доброто го зема до себе, и како, ако толку сака да не спаси, зошто упорно не` остава со злото? Едноставно, премногу прашања на кои не можам и не се трудам да барам одговор. Тоше, кого СИТЕ го нарекуваат Ангел Божји, почина. Зошто? Тој во себе имаше срце и добрина за 1000 животи. И ете. Секој ден се повеќе зло останува на Земјава. А наше е да видиме „дали ќе го издржиме“. Понекогаш, навистина се чувствувам изманипулирана од таа „виша сила“, каква и да е, што и да е. :(
 

Ајверсон

Confessions*
Член од
4 август 2007
Мислења
3.116
Поени од реакции
5
Ajde dosta so fantazii GOSPOD ne postoi toa se izmislici dokolku postoi zasto umiraat dobri luge kako Tose aj piesete odgovor koja e celta na boga????????(za tie sto smetaat deka postoi)
Thats the way it goes :helou: Aj никој нема да умира и на метар квадратен ке живееме по 15 луге (= .

A за тошето.. ако постои господ сигурно го зел крај себе да е, пошо беше предобар за овој свет

а ако не постои господ, . .. несрекен случај. .. нашиот ангел едноставно немал среќа. ..:cry:
 

ex machina

сфинге раја
Член од
4 септември 2007
Мислења
721
Поени од реакции
104
Одговорот е едноставен: Дури и да постои "повисоко суштество", истото го боли кур (или шо и да е) за нас :). Битно му е само да владее рамнотежа во неговиот свет.

Еве една аналогија. Во нашето тело живеат еден тон бактерии и габички и вируси и што уште не. Тие живеат во својата средина, несвесни дека се дел од поголем систем кој се раководи по одредени правила. Поголемиот систем, во овој случај човековото тело е донекаде управуван свесно.. ама не целосно. Можеме свесно да избереме и да управуваме со процесот на внесување на храна, можеме со лекови да ја воспоставиме рамнотежата на бактерии и габички, но не можеме да ги управуваме природните закони т.е. процеси - чукање на срце, циркулирање на крвта, стареење и др.

Е сега, да замислиме дека човекот е онаа бактеријата од погоре, и е дел од поголем систем, премногу голем и сложен за да може да го сфати. Во него важат природните закони - гравитација, електромагнетни сили. Е сега, можно е да постои и некаква виша свесност која го управува овој поголемиов систем (нели по аналогија), ама таа се грижи само за рамнотежата во системот, а не за доброто на секој учесник.

Така да, добро и лошо се релативни поими, и стојат на клацкалка која треба да биде во рамнотежа.

Едно прашање: Ако верувате во Господ и живот после смртта, зошто тогаш смртта е лоша?
 
C

Cool Hand Luke

Гостин
Добар пост машино. За сите егоцентрици, и религиозни и атеистички. И јас еднаш поставив прашање - знаат ли животните дека постои човек?

Одговор на прашањето - смртта не е лоша но погребите се скапи. Мамката лоповска, да не може човек на раат ни да умре.
 
Член од
22 јануари 2008
Мислења
16
Поени од реакции
0
Thats the way it goes :helou: Aj никој нема да умира и на метар квадратен ке живееме по 15 луге (= .

A за тошето.. ако постои господ сигурно го зел крај себе да е, пошо беше предобар за овој свет

а ако не постои господ, . .. несрекен случај. .. нашиот ангел едноставно немал среќа. ..:cry:
Jas veruvam vo vtoroto sekoj e krojac na svojata sudbina isto taka i soobrakajkata na Tose e poradi covecka greska a ne poradi nekoi filozofii deka gospod go zemal ednostavno nema logika.
 
Член од
14 февруари 2008
Мислења
81
Поени од реакции
5
ЗОШТО ГОСПОД ГО СОЗДАЛ ЗЛОТО




Пријателот продолжи понатаму:
Како можете да зборувате дека вашиот Господ е совршен, милозлив, благороден, благ, а ги создал сите зла на светот: болеста, земјотресот, староста, смрта, вулканот, заразни клици, отров, суша, студ, рак кој не ги поштедува ни старите ни децата. Ако е Бог љубов, убавина и добро, како тогаш ги создал омразата, грдотијата и злото!?
Проблемот кој го покренува прашањето на пријателот е еден од основните во филизофијата, чие размислување пак ги поделило разните школи и мислења. На него одговараме: Бог е милозлив и добар. Тој не наредил да се прави зло, но од мудрост не го ни оневозможил:
„Навистина Аллах не ви наредува да правите срамни дела. Зар на Гопспод ќе му го кажете она што не го знаете? Кажи: Мојот Господар ми наредил добри и праведни дела...” (Ел-Еараф, 28).
Бог наредува само правда, љубови, добродетелство, опрост и она што е добро, и се задоволува само со убавото и пријатното. Но, зошто тогаш му дозволил на насилникот да врши насилство, убиецот да убива, крадецот да краде..? Затоа што Тој не сакал слободни. А слободата претпоставува можност за грешење, инаку тоа не би била слобода. Слободен е изборот помеѓу непослушноста и послушноста.
Во моќта на Аллах џ.ш. била можноста да не направи сите нас добри и да не принуди на послушност, што би значело одземање на слободата на изборот.
По вољата и мудроста на Господ слободата со болката е поблагородна за човекот од ропство со среќа. Затоа е и оставена можноста за грешење.

Правилното и објективно гледање ни открива дека доброто во целокупното свое постоење е принцип, а злото е исклучок. Здравјето е основа, а болеста е исклучок. Ние поголемиот дел од својот живот го поминуваме во здравје. Болеста ретко не посетува. Така е и со земјотресот кој изнесува само неколку минути во животот на земјата долг со милиони години. Исто е и со војните и катастрофите. Се се тоа кратки грчеви ви животот на народите помеѓу долги периоди на мир.
Практично, се има своја добра страна. Болеста поттикнува на чување на здравјето, болката е извор на цврстината, упорноста и спремноста на жртва. Земјотресите се воздишки ослободување на внатрешниот притисок на земјата, кој ја заштитува нејзината кора од експлозија. Вулканите исфрлаат скриени рудни богатсва и покриена површина на земјата со плодна лавеа. Војните ги поврзуваат народите.
Од ова синџирно поврзување настанале и Обединетите Нации и Советот за Безбедност како две најголеми светски инстанци, кои ги решаваат меѓународните конфликти. Пеницилонот, атомот, авионите, ракетите се пронајдени благодарејќи на војните. Отровот на змијата го содржи најефикасниот противотров. Од микробите се прават вакцини. Местата на кои што сме сега не би ни припаѓале ако нашите дедовци беа живи. Злото во вселената е како сенка на сликата: ако и се приближиш ти се чини дека е надостаток на сликата и грешка, но ако сликата ја гледаш од вистинска оддалечност ќе откриеш дека тоа е неопходно и дека сенката има првокласна задача во естетското обликување на сликата.

Дали ќе знаевме што е здравјето да не е болеста? Убавото го распознаваме благодарејќи му на грдото, природната положба благодарејќи на неприродната...Во оваа смисла се и зборовите на големиот Газалија:
„Непотполноста на веселената е нејзината потполност, како што е искривеноста на лакот неговата исправност, бидејќи во спротивно не ќе можеше да ја исфрли стрелата.”
Второто значење на тешкотиите и болките е откривањето на вистинската природа на луѓето. Ако не се тешкотиите, сите луѓе би биле исти. Дарежливоста би станала посиромашна а борбата би ја загубила сласта на јуришот. Тоа е испитот на секој од нас пред самиот себе си пред Аллах џ.ш.
Овој свет не е ништо друго освен една глава на романот, кој има повеќе такви глави, и смртта не е негов крај туку почеток. Неправилно е да донесуваме суд само врз основа на еден чин, како што енеправилно да отфрлиме некое дело, бидејќи некоја негова страница не не воодушевува. Правилниот суд се носи на крајот.
И конечно, со што ова пријателот го надоместува? Бара ли тој живот без смрт, старост, недостатоци, помош, ограничувања, жал и болки? Зар не бара тој апсолутно совршенство, иако само Аллах џ.ш. е совршен? Совршен е само Еден и Единствен. Ова значи дека пријателот би бил незадоволен се додека тој лично не би станал бог, а тоа е исмејување на самиот себе си. Тој и на него сличните само не насмејуваат. Тие сакаат животот да биде рај, а што сториле така да биде? Со што нашиот пријател заслужува да биде Бог. Мојата нана беше попаметна од доктор по науки кога ни зборуваше едноставно:
„Доброто е од господ, злото е од нас”
Ова трошка зборови го резимира и разрешува целиот проблем. Бог ја дал реката и ветерот, но капетанот на бродот ќе ја пренатрупа со луѓе и роба, па тогаш кога ќе потоне бродот го пцуе Господ и ја криви судбината. Каков е гревот на Господ во тоа? Тој ја дал водата по кој броди бродот и ветерот кој ќе го придвижува, но човечката похота и алчност го престорија доброто во зло. Колку има мудрост во зборовите: Доброто е од Господ, злото е од нас самите!
 
Член од
14 февруари 2008
Мислења
81
Поени од реакции
5
Kazi im go toa na hronicnite bolni i na bolnite od maligen rak ...
Момче:

-Прво: Научи да читаш правилно!
-Второ:Болеста е исклучок,не секојдневие(се мисли во глобала,а не на поединечни случаи кои за жал ги има)!
-Трето:Не смее никој да ја губи вербата во Бога,без оглед на болеста која го снашла...и да ќе им го кажам тоа и на хроничните болни и на болните од рак.:salut:
 
Член од
1 февруари 2008
Мислења
260
Поени од реакции
2
Pa i u globala , sledis so se devase po cel svet ???

sekoj den umiraat stotici dusi samo od bolesti ...

I so ke im kazes , nemajte galje ke si umrete poranko , ali ke odite na poubavo mesto , a?

I ako bolesta za tebe ne e sekojdnevie , najverojatno vizees vo sterilen svet ...
 
Член од
14 февруари 2008
Мислења
81
Поени од реакции
5
Pa i u globala , sledis so se devase po cel svet ???

sekoj den umiraat stotici dusi samo od bolesti ...

I so ke im kazes , nemajte galje ke si umrete poranko , ali ke odite na poubavo mesto , a?

I ako bolesta za tebe ne e sekojdnevie , najverojatno vizees vo sterilen svet ...
точно,секој ден умираат стотици ама и се раѓаат иљадници...

кажувал не кажувал-исто им се пише!

живеам во реален свет,во кој има повеќе здрави од болни.

STO BOG HOCE -ONO BIVA SVAKOME,
DRUGACIJE NIJE -NIKAD NIKOME!

А ти сега думај му ја!:wink:
 
Член од
1 февруари 2008
Мислења
260
Поени од реакции
2
точно,секој ден умираат стотици ама и се раѓаат иљадници...

кажувал не кажувал-исто им се пише!

живеам во реален свет,во кој има повеќе здрави од болни.

STO BOG HOCE -ONO BIVA SVAKOME,
DRUGACIJE NIJE -NIKAD NIKOME!

А ти сега думај му ја!:wink:
Ok, inaku ti da imase maligen rak , ke bese sreken ??
 
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1
Поени од реакции
0
Koga nam ni se slucuva nesto sto nie mislime deka e loso togas Bog edinstveno ja ispituva nasata vera vo nego,a gavolot ne iskusuva i ne tera da mislime deka Bog ne postoi sto ne e tocno
 

Kajgana Shop

На врв Bottom