Аквариумски риби (општи дискусии)

Acohipmk

Манипулативна кокошка.
Член од
3 ноември 2008
Мислења
1.449
Поени од реакции
2.000
2. Одговор: обично сите филтри функционираат (се подесуваат) и како пумпи за кислород (освен мојот, што нешто не работеше, damn). Е сега, обично луѓето купуваат посебни пумпи за кислород (и јас имам една таква) кои стојат надвор од аквариумот и вршат доток на кислород до водата преку силиконско црево и распрскувач кој се става во подлогата. Морам да признаам дека одлично изгледа кога излегуваат меурчињата од долу, многу поубаво и поприродно отколку ако го приклучиш филтерот како пумпа за кислород. Само што има една негативна страна: пумпата за кислород брмчи ненормално многу, има главата тапан да ти ја направи. Поарно трактор да донесеш во соба да ти брмчи отколку пумпата.

И дополнително - доколку имаш многу растенија во аквариумот, ваква пумпа ти е само од вишок: растенијата го обезбедуваат (испуштаат) целиот потребен кислород за рипките, и плус - дополнителниот кислород додаден на овој начин во аквариумот само го отежнува растот и развојот на растенијата на кои им треба CO2 за да растат, а не кислород!

Главата тапан ми е... Не знам дали има некои потивки да барам или тоа ми е. Мојот е Shark Rs 510.
Навечер го исклучувам, ми смета. Но сега ме замисли со ова што пиша погоре за кислородот и CO2 дали има толку потреба од него. А да и уште една работа. Бидејќи ми е исклучен филтерот додека спијам и додека сум на работа, а грејачот си работи во аквариумот и прави разлика на температурата во аквариумот и надворешниот дел, може ли после кога ќе го вклучам филтерот, водата што стоела во надворешниот дел бидејќи е поладна да им прави шок на рибите?
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.842
Поени од реакции
33.780

Нема. Сите пумпи се бучни, верувај, сум барал и јас. А тоа за кислородот е точно, верувај ми. Во аквариум со многу растенија нема воопшто потреба од додавање на кислород, зошто целиот потребен кислород за рибите го обезбедуваат растенијата, а додадениот кислород им штети на растенијата, па затоа не растат и скапуваат. Еден другар го има истиот проблем со растенијата - едноставно кај него не виреат затоа што ја држи пумпата за кислород минимум 10 часа дневно вклучена. Мисли дека ако ја исклучи, рибите нема да има што да дишат и ќе умрат. И што дека 100 пати сум му го правел муабетот дека греши, кога пак не ме слуша.

А за тоа дали водата од надворешниот филтер им прави шок на рибите, не би знаел да ти кажам, зошто сум немал искуство со таков филтер или канистер. Ама претпоставувам дека нема којзнае колку да прави проблем температурната разлика. Сепак дотокот на ладната вода во аквариумот не е наеднаш, туку процесот оди постепено.
 
Да, и мене ми скапуваат дел од растенијата, пожолтуваат листовите и паѓаат. Амазонката нема гајле, ама другава пожолтува и скапува. Можно е да е до тоа, премногу воздух. И јас ја чувам вклучена пумпата околу 8 часа во денот, но затоа што мислев дека е подобро така и дека така треба. Ќе те послушам и ќе пробам да ја пуштам многу помалку, или барем распрскувачот ќе го исклучам.
Неколку гупи ми умреа, но сега се стабилизираа рибиве, ама еве последниве денови една ксифо ми бега од храната, и денес гледам дека едното око и е потечено и е ослабена. Најверојатно е болна, чаре има или касно е?
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.842
Поени од реакции
33.780
Неколку гупи ми умреа, но сега се стабилизираа рибиве, ама еве последниве денови една ксифо ми бега од храната, и денес гледам дека едното око и е потечено и е ослабена. Најверојатно е болна, чаре има или касно е?
Уффф, и за болестите не сум баш некој експерт. Единствено што можам да те посоветувам е да ја тргнеш од аквариумот за да не ги разболи другите риби. Или стави ја во карантински аквариум и пробај со некакви лекарства за кои побарај помош од друг, или еутаназирај ја. :(
 
Член од
27 ноември 2013
Мислења
44
Поени од реакции
1
Kolku im e zivoten vek na Staklenite cistacii ? i so baraat za cuvanje ? (imav jas edno mn malecko go cuvav 1 mesec ama mi umre denes.. poz
--- надополнето: 13 декември 2013 во 00:09 ---
Уффф, и за болестите не сум баш некој експерт. Единствено што можам да те посоветувам е да ја тргнеш од аквариумот за да не ги разболи другите риби. Или стави ја во карантински аквариум и пробај со некакви лекарства за кои побарај помош од друг, или еутаназирај ја. :([/quote
Уффф, и за болестите не сум баш некој експерт. Единствено што можам да те посоветувам е да ја тргнеш од аквариумот за да не ги разболи другите риби. Или стави ја во карантински аквариум и пробај со некакви лекарства за кои побарај помош од друг, или еутаназирај ја. :(
Kolku im e zivoten vek na Staklenite cistacii ? i so baraat za cuvanje ? (imav jas edno mn malecko go cuvav 1 mesec ama mi umre denes.. poz
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.842
Поени од реакции
33.780
Не сфаќам само зошто мораш е митираш кога сакаш да прашаш нешто, иако најчесто прашањето нема врска со цитатот?
Kolku im e zivoten vek na Staklenite cistacii ? i so baraat za cuvanje ? (imav jas edno mn malecko go cuvav 1 mesec ama mi umre denes.. poz
"Стаклени чистачи" има многу различни видови, треба да бидеш поспецифичен. Иако, морам да признаам дека се сомневам дека рибата ти умрела од старост. ;)
 
antibiotic1

Aquamaniac
Член од
8 септември 2013
Мислења
150
Поени од реакции
70
Eве јас ќе ти објаснам што да направиш. Планираш значи 1-2 риби да чуваш, тоа на крајот се зема рибите, најпрво треба да знаеш или веќе имаш испланирано, каде ќе седи аквариумо и колку простор имаш на располагање.
Да речеме дека ти треба мал аквариум значи немаш некој голем простор, јас ти давам предлог, значи да не купуваш аквариум а ако веќе имаш некој денар можеш да купиш, по приватна порака ќе ти кажам од каде да земиш, добро е што купечкиот има убав капак не мора да се мачиш се на своја кожа да правиш.
Стартот испланирај го со инвестиција до 2500 денари да те фати, со се аквариум и опрема.

За аквариумот можеш да го лепиш или да си купиш готов залепен со капак , во тоа место кај што бев јас, имаше аквариуми со големина колку една тастатура значи збираат околу 20 литри ,а тој би ти бил доволен.
Тоа ти е прв чекор, купуваш аквариум, а после тоа земи си потопна пумпа , атман се најевтини имаш отприлика за 400 =500 денари , иначе набавувам јас акваристичка опрема за продавниците, ако сакаш можам да ти набавам за нешто поевтино да те кошта, ќе се договориме, али и да не сакаш моеш од продавница, за 400-500 денари.
Земи си греач , ќе бараш 50 вати да биди за твојо мал аквариум, земи си едно дрво нормално да биди вистинско тие се околу 300 денари, земи си позадина заа аквариумот, некоја тревка може и пластична, песок за дното, и носи го дома аквариумот.
Пумпата ставија на некое место да не се глеа, активирај го механизмот за воздух да внесува, греачот на сосем друга страна да не биди само до филтерот, и уреди го дизајнот на аквариумот најди му место, греачот пушти го, и после тоа ако имаш некој пријател што чува риби, кажи му да ти дај, вода од филтерот, а ти претходно да имаш наполнето вода во аквариумот ама 1 ден да биди отстоена да испари хлорот. Водата што ќе ти ја дај пријатело од филтер ја истураш во аквариумот, и ставаш 2-3 риби, и така ќе се активира животот во аквариумот.
Вода од филтер се префрла оти содржи полезни бактерии, и тие го разградуваат амоњакот шо го создаваат рибите,за да можат да живеат подолго.
Друго,ќе си земиш некоја риба, ја ти препорачувам да си купиш 5 -8 неонки, по 50 денари една се, тие се јатни, мали, и убаво изгледаат во аквариумот, или можеш и гупи ако ти се допаѓат.
Друже те има ли уште по форумов да направиме зделка ако даваш намалување. Ми треба грејач и филтер атман па може и некој друг ако има
 
antibiotic1

Aquamaniac
Член од
8 септември 2013
Мислења
150
Поени од реакции
70
Сакам да ве прашам за помош. Се двоумам помеѓу Atman power liquid filter At-F302 и
At-f 101. Имам 72 литарски аквариум 75х38(висина)х25(дебелина). И сакам да земам грејач Atman AT-280 200w па да ве прашам за ваше мислење пред да земам. Ова планирам да го купам од http://aquashop.com.mk/
 
Член од
27 ноември 2013
Мислења
44
Поени од реакции
1
Na kolku vreme se menuva vozdusniot kamen ? (vozdusna pumpa)toa so rasprskuva meurcinja ?
--- надополнето: 17 јануари 2014 во 03:22 ---
Na kolku vreme se menuva vozdusniot kamen ? (vozdusna pumpa)toa so rasprskuva meurcinja ?
 
Член од
27 ноември 2013
Мислења
44
Поени од реакции
1
Ко ќе ти се распадне. Ама терминов, „воздушен камен“ ти е закон! :pos:
hhhhh pa koa go kupuvav prodavacot taka mi kaza xD
--- надополнето: 18 јануари 2014 во 01:46 ---
hhhhh pa koa go kupuvav prodavacot taka mi kaza xD
inace da ne znaes dali teleskop moze da zivee bez grejac so karasi zaedno :) ? i uste edno prasanje dali mi e dovolno samo vozdusna pumpa ili i taa filter potopna pumpa mi treba ? :
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.842
Поени од реакции
33.780
inace da ne znaes dali teleskop moze da zivee bez grejac so karasi zaedno :) ? i uste edno prasanje dali mi e dovolno samo vozdusna pumpa ili i taa filter potopna pumpa mi treba ? :
1. Не знам.
2. Филтерот е со една намена, воздушната пумпа со друга. Јас сепак би рекол дека филтерот е поважен.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom