Аквариумски риби (општи дискусии)

V

Vollstandig

Гостин
хаххааа...леле 4 саата, од каде ја носеше дома? Ја имав Leopard Shark и ми се самоуби. Или тоа или јагулата Green Moray ми ја отфрли од аквариум. Маж ми сабајлечки ја најде на теписон мртва :(
Ее и јас најдувам сабалје ко ќе станам риби скокнати, али такви се мојте од ксифото имам рипаат низ аквариум:) А ајкулата, не рипнала досеа убаво и е доле:))
 

Sluzbarski

Македонец
Член од
21 јули 2009
Мислења
3.364
Поени од реакции
77
капак на аквариумот сместа....рибите не планираат самоубиства
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
700
Самоубиството беше мала шала.....јагулата ја напаѓаше навечер, сигурно од тоа е...капак имаме, ама не е херметички затворен - отвор има позади кајшто идат сите филтери, пумпи и све то
 
Член од
25 февруари 2011
Мислења
25
Поени од реакции
8
Дали има некој риби неонки ако има некој ако може да ми даде две
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
843
Поени од реакции
444
Во аквариум (кугла) од 5л со вода од чешма. Само златни рипки ли може да се чуваат или има уште некои што успеваат?
 
V

Vollstandig

Гостин
Во аквариум (кугла) од 5л со вода од чешма. Само златни рипки ли може да се чуваат или има уште некои што успеваат?
Не успеват ни тие ама на некој начин ПРЕЖИВУВААТ. Едноставно ја осудуваш рибата на мачење, тоа е затвор. Поентата на чувањето риби е пресликување на природната средина во аквариумот а не осудување на живот без ништо на рибите.
Ако веќе сакаш или имаш кугла, земи си Карас или тн. златна рипка, ќе му менуваш на 2 дена одстоена вода, храни го и ќе преживее не се многу пребирливи. Само колку ќе ти живее незнам;-)
Најубо ти е да си земиш еден аквариум со минимална опрема , и не мора да е голем можиш да направил сам мал аквариум , стави греач и потопен филтер и тоа е се:)
 
Член од
25 февруари 2011
Мислења
25
Поени од реакции
8
најдобро ти е да си земеш аквариум околу 35 литри ако земаш златни рипки односно караси нема да ти треба греач.Куглата е мачење на рибите ај тебе нека те стават у многу мала соба ке издржиш.Може ке изджиш ама ке си трпиш маки....

--- надополнето ---

го подржувам Farscape може и да си земеш греач ама само да знаеш карас оди само со карас со ниедна друга риба не се меша

--- надополнето ---

Genius2 да не имаш риби неонки ??

--- надополнето ---

Не успеват ни тие ама на некој начин ПРЕЖИВУВААТ. Едноставно ја осудуваш рибата на мачење, тоа е затвор. Поентата на чувањето риби е пресликување на природната средина во аквариумот а не осудување на живот без ништо на рибите.
Ако веќе сакаш или имаш кугла, земи си Карас или тн. златна рипка, ќе му менуваш на 2 дена одстоена вода, храни го и ќе преживее не се многу пребирливи. Само колку ќе ти живее незнам;-)
Најубо ти е да си земиш еден аквариум со минимална опрема , и не мора да е голем можиш да направил сам мал аквариум , стави греач и потопен филтер и тоа е се:)
така е најдобро земиси еден аквариум не ги мачи рибите у кугла
 
V

Vollstandig

Гостин
Ё вака сёга сакам да почнам со аквариум да чувам риби, досеа не сум имал воопшто никакво искуство со акваристика.
Значи за почеток да набавам аквариум, но ќе биде само стакло, е сеа да го наполнам со риби, песок растенија све останато, кои риби какви риби, опрема и сл ако може некој да ми објасни подетално како иде постапката:)? :smir: :smir:
Пошто никој не го даде одговорот што го барав, и истиот ме кошташе повеќе од 100 евра, за следниот пат да не се зезне некој сам ќе го даам одговорот.

За сите што планирате да чувате риби има неколку начини т.е чекори за почнување, а редоследно се овие:

1. Одберете место за аквариумот, да не е премногу темно и да не е премногу светло, и да се вклопува во собата.
2. Откако обравте, осигурајте се уште еднаш оти имате добар кеш во вашите раце, да речеме околу 70 евра ќе треба да одделите за аквариумот.
3. Појдете кај стаклар и нарачајте си аквариум да ви изработи, по ваши димензии, или пак можите во некои продавници за акваристика да си набавите готов т.е стаклото склопено.
4.Ви треба сега опрема, а тоа е:
- Филтер (препорачувам потопен филтер, + активен јаглен купете си)
- Термометар, гледајте стаклен да е најпрецизни се
-Воздушна пумпа (Ова може да биди заменето и со потопниот филтер ама нека има и воздушна подобра фунцкија вади)
-Храна за рибите
-Тревки (Доколку планирате да ставите песок во аквариумот тогаш купете живи тревки, а ако имате укранси камчиња тогаш земете пластични)
-Украси за аквариумот
-Позадина за задното стакло (вие одберете си по ваш вкус)
-И на крај сијалица

Откако ја донесовте целата опрема дома, платете му на таксистот, и истоварете ги работите дома.
Измијте го прво аквариумот целосно, исплакнете го добро, и почнете со редење на аквариумот, најпрво дизајнот, тревките, ставете ја потопната пумпа во ќош за да не биди видлива, термометарот исто така, распрскувачот за воздух (ако купивте воздушна пумпа) најдете им место на сите.
Наполнете го со вода аквариумот, и пуштете го потопниот филтер да филтрира. Водата треба да отстои 24 часа да испари хлорот, да се стабилизираат сите пластики во водата итн, а греачот напместете го на 23-25 степени температура.

Следно нешто е што ќе ви треба да го направите аквариумот биотоп, со полезни бактерии. Купете за почеток поиздржливи риби, 2-3 чистачи и некоја ксифо или гупа.
Ставете ги во аквариумот, и по можност, водата од аквариумот што ќе ви ја дадат (во кесичката шо сте ја купиле рибата) истурете ја со се кесичка. На тој начин ќе се додадат полезни бактерии во аквариумот и ќе почни процесор на размножување.
За отприлика 1-2 недели ќе се стабилизира аквариумот, и доколку рибите се во ред, и водата има некаков мирис на тиња, на барска вода, тоа е мирисот на бактериите, кои се потребни за вашиот аквариум.
Можете да купите риби, и купете према литрите за аквариумот, 2 литри за една риба, отприлика на аквариум од 90 литри, ќе ви дојдат 45 риби.
 
Член од
25 февруари 2011
Мислења
25
Поени од реакции
8
еве јас да ви го претставам мојот аквариум

--- надополнето ---

добредојдени се секакви коментари критики и пофалби :) Чекам коментари :):):)
 
K

kalimer0

Гостин
Angels will probably eat the neons in time, just so you know. Незнам како се односите помеѓу овие две риби, ова беше коментар од некој на твоето видео :)
Аквариумот изгледа супер.
 
V

Vollstandig

Гостин
Неонките нема да бидат изедени ама ќе бидат пола искасапени:) Полека со мешање таквите видови на риби, бадијала барап неонки немаш услови за нив, ќе ти требаат 30 неонки за да бидат како што треба и нон сто да се бидат исплашени од сите риби:)
Со неонки стави - Разбори, Тетри, Гупи, и ракчиња. Се ставаат мирни и малечки риби:)

--- надополнето ---

Види пријателе, чим чува караси не е морски аквариумот и не треба сол во него, ако има коридораси големи се шансите да се разболат и да умрат, ако има живи растенија ќе му ги изгори и ќе скапат, плус солта ќе остане во аквариумот подолго време и може да му прави проблеми, затоа се користи карантински аквариум за лечење на рибите, не треба да се инатиш можеш да видиш дека сум администратор на форум специјализиран за акваристика, а тоа значи дека треба да попуштиш кога некој знае повеќе од тебе... ;)

No offense
:pos2: :tapp:
 
Член од
25 февруари 2011
Мислења
25
Поени од реакции
8
сега за сега немам проблеми со неонките и скаларите неонките се кријат по камењата а скаларите воопшто не ги бркаат планирам да ги земам усте неонки или да ги дадам неонките

--- надополнето ---

сакам само да прасам имав гупа машка ама пред една недела ми умре умрена бесе под камењата а пред да умре се криесе под пумпата дали знае некој зошто се случи ова :(
 
Член од
23 август 2010
Мислења
137
Поени од реакции
15
Побарај на Wikipedia, таму имаш листи од скоро сите видови на аквариумски риби, поделени се по видови и имаш нивоа на тежина за одгледување и каква нега бараат :)
 
L

Lu

Гостин
Неонките нема да бидат изедени ама ќе бидат пола искасапени:) Полека со мешање таквите видови на риби, бадијала барап неонки немаш услови за нив, ќе ти требаат 30 неонки за да бидат како што треба и нон сто да се бидат исплашени од сите риби:)
Со неонки стави - Разбори, Тетри, Гупи, и ракчиња. Се ставаат мирни и малечки риби:)
Неонки и Гупи не би требало да се мешаат бидејќи Неонките се икраши, а Гупите се живоротки, а икраши и живоротки нетреба да се чуваат заедно.
Невелам дека нема да се сложуваат, и двата вида се мирни и јатни риби, но работата е во тоа што потекнуваат од различни средини и затоа доколку планираме да ги чуваме рибите „по пропис“ нема да можеме да им ги прилагодиме соодветните услови бидејќи Неонките сакаат потврда и поалкална вода, а Гупите сакаат помека и покисела вода :)
--- надополнето: Jun 22, 2011 5:26 PM ---
сега за сега немам проблеми со неонките и скаларите неонките се кријат по камењата а скаларите воопшто не ги бркаат планирам да ги земам усте неонки или да ги дадам неонките
Неонките и Скаларите можат да се чуваат заедно само додека Скаларите се мали.
Но кога Скаларите ќе пораснат тогаш комбинацијата помеѓу Скалар - Неонка може да биде ризична од причина што Скаларите комотно ќе можат да ги проголтаат Неонките.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom