Академик Блаже Ристовски-Македонската Национална Енциклопедија

Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
значи упорно луѓево наивни наивни ... кога ќе се фанат за нешто тука па тука :tapp:
никој не ја гледа големата слика ... сите задоени со малодушност ... да му умрат на комшијата двете кози макар и мене да ми умре една :tapp:
никој не си ја гледа гредата у окото сите ја гледаат сламката на другиот ...

јас само ќе кажам АЛАЛ да им е на албанците кои знаат шо сакаат ... толку е едноставно ДА ... Знаат шо сакаат - да повторам ... и затоа успеваат со своите барања ....

Тие имаат Кауза .. која упорно си ја остваруваат ...
Ние немаме ништо ... Ни Кауза ни Став ни ништо ... се не интересира само нашето не ... оставаме некои задоени комуњари да плукаат и газат по Македонското ... да газат по нас ... а ние се замараме со некои си трети шо праеле и како праат ... прават затоа шо знаат шо праат ... ние ако продолжиме вака за брзо време Македонија ни Македонци нема да постојат ... МАНУ ги направи првите чекори па некои уште и подршка им даваат ...

Ајде СлавоМакедонци ... каде сте ... Хеј Словени ли си ја пеете ... :tapp:

Секоја ЧЕСТ и ПОЧИТ од мене до некои кои едно време далечно имале МУДА и знаеле и кој се и шо се и го ВЛАДЕЕЛЕ Светот ... но ние не сме тие ...
Тие БЕА МАКЕДОНЦИ ....

ни сме ништожни спрема нив ... ни М немаме од Македонци ... :toe:
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
126
Поени од реакции
10
Ениклопедијата преживеа - нема да биде целосно повлечена. Ќе се вршат само исправки во одредниците за Албанците, но и во останатите кои минатиов месец ја брануваа домашната и меѓународната јавност.
По три часа расправа, вонредното Собрание ја прекина седницата.
Финалните заклучоци ќе ги дефинира на продолжението што ќе се одржи во текот на идната недела. Дотогаш и Блаже Ристовски и неговиот редакциски тим остануваат на чело на проектот.
Се уште Главниот редактор вечерва само слушал.
Добил сериозни критики од академиците - особено му забележале што не соработувал со научниците од немнозинските заедници. Својата одбрана Ристовски ќе ја даде на продолжението од седницата


http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=114892

значи упорно луѓево наивни наивни ... кога ќе се фанат за нешто тука па тука :tapp:
никој не ја гледа големата слика ... сите задоени со малодушност ... да му умрат на комшијата двете кози макар и мене да ми умре една :tapp:
никој не си ја гледа гредата у окото сите ја гледаат сламката на другиот ...

јас само ќе кажам АЛАЛ да им е на албанците кои знаат шо сакаат ... толку е едноставно ДА ... Знаат шо сакаат - да повторам ... и затоа успеваат со своите барања ....

Тие имаат Кауза .. која упорно си ја остваруваат ...
Ние немаме ништо ... Ни Кауза ни Став ни ништо ... се не интересира само нашето не ... оставаме некои задоени комуњари да плукаат и газат по Македонското ... да газат по нас ... а ние се замараме со некои си трети шо праеле и како праат ... прават затоа шо знаат шо праат ... ние ако продолжиме вака за брзо време Македонија ни Македонци нема да постојат ... МАНУ ги направи првите чекори па некои уште и подршка им даваат ...

Ајде СлавоМакедонци ... каде сте ... Хеј Словени ли си ја пеете ... :tapp:

Секоја ЧЕСТ и ПОЧИТ од мене до некои кои едно време далечно имале МУДА и знаеле и кој се и шо се и го ВЛАДЕЕЛЕ Светот ... но ние не сме тие ...
Тие БЕА МАКЕДОНЦИ ....

ни сме ништожни спрема нив ... ни М немаме од Македонци ... :toe:
Ајде сега да видиме што ќе пишува во енциклопедијата, која ќе се менува на ваков начин и со вакви притисоци, па после ќе правиме муабет кој бил во право. Дали тие што се за менување на енциклопедијата или тие што се против.

Ние немаме нити начин, нити сме спремни да извршиме таков притисок врз МАНУ за да ја направат енциколопедијата по македонистички терк, затоа требаше да го подржиме неменувањето на истата. А кога ќе се создадат услови, да се изврши притисок врз таа институција, но со сила на аргументи, а не со аргументи на сила, да се маргинализираат словените во енциклопедијата и во македонската историја воопшто. А сега ќе добиеме „рамковна“ енциклопедија, што утре-задутре ќе резултира и со рамковна историја во учебниците, на факултетите, по институтите и во целото македонско општество.
Ако на тебе не ти смета ди имаш политичка историја во корист на албанците, издејствувана со политички притисок и под закана за нарушување на мирот, мене да ти кажам право, толку ми смета што дури ме фрустрира.
 

alek34

Многу искусен форумџија
Член од
23 јуни 2009
Мислења
451
Поени од реакции
25
јас само ќе кажам АЛАЛ да им е на албанците кои знаат шо сакаат ... толку е едноставно ДА ... Знаат шо сакаат - да повторам ... и затоа успеваат со своите барања ....
како можеш да кажеш алал на илјадници убиени срби на косово (меѓу кои и деца на кои им се вадени органи)?

како можеш да кажеш алал за 20тина киднапирани од дома македонци во тетовско кои никогаш не ги најдоа или за 8 ѕверски искасапени војници или за 4 на грб резбани обични работници кои (им) правеле автопат???

АРАМ да им е што со такви ѕверства (мислат дека) постигнуваат нешто. на крај, се ќе им се врати на сите кои ги поддржуваат тие ѕверства и никогаш ништо не рекоа да ги осудат.

ништо не успеале!!! и понатаму се безвредни работници во германија и воглавно чистат клозети и градат куќи на скелиња (ако не криумчарат нешто). на крајот и образот го изгубија.... арам да им е!!!


Ајде СлавоМакедонци ... каде сте ... Хеј Словени ли си ја пеете ... :tapp:

СлабоМакедонец е речиси тафтологија... слично на БританоАнгличанец. или НордикоНорвежанец...

нормално дека кога сме македонци, сме и словени.

ние сме ги измислиле словените, т.е. нивната култура!
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
како можеш да кажеш алал на илјадници убиени срби на косово (меѓу кои и деца на кои им се вадени органи)?

како можеш да кажеш алал за 20тина киднапирани од дома македонци во тетовско кои никогаш не ги најдоа или за 8 ѕверски искасапени војници или за 4 на грб резбани обични работници кои (им) правеле автопат???

АРАМ да им е што со такви ѕверства (мислат дека) постигнуваат нешто. на крај, се ќе им се врати на сите кои ги поддржуваат тие ѕверства и никогаш ништо не рекоа да ги осудат.

ништо не успеале!!! и понатаму се безвредни работници во германија и воглавно чистат клозети и градат куќи на скелиња (ако не криумчарат нешто). на крајот и образот го изгубија.... арам да им е!!!





СлабоМакедонец е речиси тафтологија... слично на БританоАнгличанец. или НордикоНорвежанец...

нормално дека кога сме македонци, сме и словени.

ние сме ги измислиле словените, т.е. нивната култура!
за првиот дел од твојот пост:
Реков АЛАЛ затоа шо имаат ЦЕЛ и ја остваруваат .. знаат шо сакаат ... иако не оправдувам на кој начин .. но тоа не е битно у муабетов ... ние ни начин немаме ...

за вториот дел:
не ги измисливме ние ... Ние сме Тие - точно .. Но не се некои дојденци .. Словени НЕ постојат .. нема народ, нема ентитет словени ... чиста измислица е тоа ... така не викале Останатите ... исто како ние шо ги викаме Скандинавците - Скандинавци (а во нив се и Норвешка и Шведска итн) ... во енциклопедијата се преставени како народ кој дошол (ентитет со култура), нас не снемало, ја снемало и нашата култура, е тоа ми смета :toe: се вештачи уште повеќе веќе вештачка работа, наместо конечно да почнат да ја чистат таа глупост ние сами ја потврдуваме ...

остај ние шо си знаеме си знаеме за себе .. гледај светот како не перцепира, гледај малце одстрана со каква книга и на каков наччин се преставуваме ... само ги потврдуваме сите комшии околу нас со неа ... наместо да почнеме да пишуваме проМакедонистички ... впрочем како и секоја нација како шо си пишува за самата себе ...наместо тоа ние самите се понижуваме и уште повеќе се закопуваме во конците (сами си се замрсуваме). ..

@Arszin не се замарам брат со албанците ни пак ме интересира шо и како ќе напишат ... самите албанци во својата енциклопедија се имаат пишано „Албанци“ и планинци .. така да ич не ми чуе за нив .... кога некој ќе се запраша за нив прво ќе побара во албанска енциклопедија или учебник ./
а некаде прочитав дека во трета година средно школо во учебниците самите тие учат дека биле планинци кои дошле на овие предели и ги потиснале староседелците ...:toe:
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
126
Поени од реакции
10
@Arszin не се замарам брат со албанците ни пак ме интересира шо и како ќе напишат ... самите албанци во својата енциклопедија се имаат пишано „Албанци“ и планинци .. така да ич не ми чуе за нив .... кога некој ќе се запраша за нив прво ќе побара во албанска енциклопедија или учебник ./
а некаде прочитав дека во трета година средно школо во учебниците самите тие учат дека биле планинци кои дошле на овие предели и ги потиснале староседелците ...:toe:
Дека не се замарш со албанската историја, тоа си е твој став и јас истото го почитувам. Јас го кажав моето и нема потреба повеќе да се натегаме.

Што се однесува до „словенизирањето“ на македонизмот, сметам дека треба да се исфрли под итно, но проблемот е што, очигледно, немаме ниту начин ниту сила да го направиме тоа. Најверојатно треба да изумрат уште една-две генарации, па да тргнат работите по правиот пат. Ај белким ќе не биде до тогаш.
 

f91

Член од
12 мај 2008
Мислења
338
Поени од реакции
27
Што ме интересира што напишале Геријатријците за малцинството.Тоа нема зошто да не секира.Но тоа е солта што и се фрли на јавноста за да не види што се протнува на врата.Замисли да не беа овие провокации за Албанците,целата дебата ќе се сведеше на она другото.Значи ли од влакно не можеме да ја видиме фортомата?Сите тие одредби кој ја засегаат Македонија веќе беа отворени во Историјата на Македонскиот народ посебно во делот на авторот Митко Панов.
Кутриот тој тогаш се изначуди зошто Блаже и Иван го направија подолу од лајно.
Затоа што овие двајца веќе имале се суредено во енциклопедијата и овие откритија представени од Панов не се совпаѓаа со грандиозната манипулација наречена Македонска Енциклопедија.
 
Член од
22 февруари 2009
Мислења
746
Поени од реакции
35
Македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, а со Санстефанскиот договор Македонија е ослободена и станува дел од кнежеството Бугарија.

Вакви квалификации може да се прочитаат во Енциклопедијата на Бугарија, која ја издаде бугарската академија во седумдесеттите години на минатиот век.

Соседните држави Бугарија, Грција и Албанија, кои скокнаа против Македонската енциклопедија, во сопствените енциклопедии за Македонија и за Македонците користат термини што се навредливи за македонскиот народ и држава. Трите држави остро ја критикуваа веќе повлечената Македонска енциклопедија, иако во своите енциклопедии имаат деградирачки однос кон нашата држава и кон македонските граѓани.

Бугарската амбасада во земјава изјави дека станува збор за „таканаречена Македонска енциклопедија“, испрати жестока реакција во која обвини дека Енциклопедијата не придонесува за добрососедските односи и забележа дека во текстовите за Бугарија се користи терминологија како „од времето на Студената војна“.
Истовремено, во енциклопедиите на бугарската академија може да се прочита дека со Букурешкиот мировен договор, поголем дел од територијата на Македонија им припаднал на Грција и на Србија, без да се води сметка за бугарската национална свест на населението во земјата.

Албанскиот претседател Сали Бериша побара од својот македонски колега Ѓорѓе Иванов да интервенира околу содржината на Македонската енциклопедија во однос на делот за Албанците. „За нас оваа енциклопедија е неприфатлива“ - била пораката што Бериша му ја пренел на Иванов.

Но, дали за Македонија може да биде прифатливо тоа што во новиот албански енциклопедиски речник на Албанската академија на науките, Македонците се нарекуваат Славомакедонци и доселеници?
Додека грчкото МНР Енциклопедијата ја нарече „нова алатка за фалсификување на историјата“, во Енциклопедијата на хеленскиот свет, издание поддржано од грчкото министерство за образование, може да се прочита дека Егејска Македонија и Солун биле грчки уште за време на османлиското владеење.
Бугарска национална свест во Македонија?
И бугарското население во Енциклопедијата на Бугарија во пет тома издадена од страна на бугарската академија во седумдесеттите години на минатиот век се дефинира како македонско. За терминот Македонци во Енциклопедијата стојат неколку објаснувања - назив на населението на древна Македонија, населението на Социјалистичка Република Македонија, но за и бугарското население во историската област Македонија. Под Македонија, во енциклопедијата може да се прочита за робовладетелската држава Македонија, која била населена од македонски племиња, за историската област Македонија, за Егејска Македонија, за која се вели дека е географска област во северна Грција и за Социјалистичка Република Македонија во состав на Југославија. Македонците се наведени како Бугари, а македонскиот јазик како бугарски јазик.

„По владеењето на цар Самоил бугарската држава е целосно покорена од Византијците. Во 11 век во Македонија избувнуваат востанија за ослободување на Бугарија од византиската власт - на Петар Дељан (1040) и на Георги Војтех (1072)“, пишува во Енциклопедијата. „Во согласност со Санстефанскиот мировен договор, Македонија е ослободена и станува дел од Кнежеството Бугарија, но по Берлинскиот договор повторно и е вратена на Турција“, се вели таму, како и дека „со Букурешкиот мировен договор, без да се води сметка за бугарската национална свест, поголем дел од територијата на Македонија им е предаден на Србија и Грција“. Слично објаснување се дава и во Енциклопедијата на Бугарија, издадена во Софија во 2002 година, од страна на бугарската академија. И во оваа енциклопедија пишува дека со Букурешкиот договор, поголем дел од Македонија им е предаден на Бугарија и на Србија, без да се води сметка за бугарската национална свест. Во Енциклопедијата под Македонија е наведена нашата држава, при што се опишува државното уредување, површината на земјата и населението, но и древна Македонија, при што се објаснува владеењето на Филип Втори Македонски и Александар Трети Македонски.

Интересно е што во Бугарската енциклопедија од 2002 година под терминот Албанци стои објаснување дека се „Шќиптари“, основно население на Албанија што живее во Србија и во Македонија и зборува на албански јазик. За Албанците од земјава беше скандал што во повлечената Македонската енциклопедија беа именувани како „Албанци“.
Грчка дигитална енциклопедија
Дигиталната енциклопедија на хеленскиот свет издадена пред една година покажува дека Грција (каде што, инаку, не постои енциклопедија издадена од Академијата), смета дека Егејска Македонија била нејзина област уште во времето на Османлиската Империја, а не со решенијата на Берлинскиот конгрес. Во Енциклопедијата, за која се вели дека ја изработиле високи научни кругови и која е поддржана од грчкото Министерство за образование, во посебен дел под наслов „Земјоделските села во Македонија“ се опишува дека поголемите градови во областа како Солун, за време на османлиското владеење, се снабдувале со храна благодарение на плодното земјиште. Во делот посветен на Граѓанската војна во Грција никаде не се споменуваат бегалците, туку само се објаснува дека пресвртот во битките претежно се одвивал во северните делови на земјата. Нашата држава во грчката дигитална енциклопедија се споменува околу спорот за името. Така во поглавјето под наслов „Развој на политичките настани во 90-те“, пишува дека кавгите кај тогашната грчка власт предводена Нова демократија, се зајакнувале поради меѓусебни обвинувања за скандали во различни сектори, како образованието и Македонскиот проблем“.

„Непремостливото несогласување меѓу премиерот и министерот за надворешни работи, Андонис Самарас околу спорот со ФИРОМ беа причина за создавање на нова партија“, се вели во Енциклопедијата. Понатаму се објаснува дека владата на Мицотакис, меѓу другото паднала поради спорот за името. Како интересен податок може да се земе тврдењето дека спорот за името ги засегнал позициите на Грција во системот на меѓународни односи. Спорот за името во Енциклопедијата се сместува меѓу прашањата што предизвикале дијалог, но и конфронтација.
Да се коригира Албанскиот енциклопедиски речник
Македонското малцинство во Албанија побара да се коригира новиот Албански енциклопедиски речник затоа што се чувствува навредено од тоа што во изданието Македонците се нарекуваат Славомакедонци и дојденци. Претседателот на партијата Македонска алијанса за европска интеграција реагираше дека во Енциклопедискиот речник се изнесени невистини за Македонците. Партијата преку декларација побара од Албанската академија итно да се коригираат невистините што се напишани за Македонците. Според партијата, тоа што во енциклопедискиот речник се користи терминот Славомакедонци е голема навреда на сметка на македонскиот идентитет.

Темелко реагираше и дека областа Голо Брдо во речникот се споменува само географски, без да се наведе дека таму живее македонско население. Лидерот на партијата на Македонците најави порадикални мерки доколку декларацијата не биде прифатена.
Балканот се храни со национализам
Сите народи на Балканот се храниме со национализмот од 90-те години на минатиот век, се вртиме во еден круг, од кој не можеме да излеземе, смета Тодор Чепреганов, директор на Институтот за национална историја.
- Тоа е матрицата на балканските држави, кои не се мрднати напред, што е трагично затоа што живееме во 21 век и дел од нив се членки на Европската Унија - оценува Чепреганов. Според него, во енциклопедиите на соседните земји има навредувачка содржина за македонскиот народ затоа што овие држави сé уште живеат со мегали-идејата.

- Едноставно не можат да се помират со вистината дека постои македонска држава и македонски народ. Државите на Балканот сé уште не се мрднати напред како резултат на политичката клима. Ние сме реагирале на она што е напишано во нивните енциклопедии, а повеќе не можеме да сториме затоа што тоа би било мешање во нивата внатрешна политика - вели Чепреганов.
Енциклопедијата нема да се повлече, ќе се корегира
Дистрибуцијата на Македонската енциклопедија е запрена сé додека не се направат корекции. Меѓу академиците владее друга атмосфера од онаа во јавноста, вели Старделов
Енциклопедијата нема да се повлече, туку е запрена нејзината дистрибуција се додека не се направат корекции, рече Георги Старделов претседателот на МАНУ, по вонредното Собрание, на кое академиците расправаа што понатаму со делото што предизвика многу реакции во јавноста.

- Интервенциите нема да бида само на одредниците во кои бараа Албанците туку и на оние кои се однесуваат на Македонците. Мојот личен став е дека на седницата имаше констуктивна, длабока и сериозна дискусија. Јас побарав решението што ќе го донесе Академијата да биде автономно и независно. Имам впечаток дека меѓу академиците владее друга атмосфера од онаа во јавноста - рече Старделов.
Главниот редактор Блаже Ристовски не говорел на седницата.

Прашањето за разрешувањето, според Старделов, ќе се разгледува на следната седница најверојатно следната недела.

Единствена точка на дневен ред беше да се разгледаат сите критики, реакции и сугестии за Енциклопедијата што ги искажаа партиите и граѓаните, како и да се одлучи кои се натамошните мерки што ќе ги преземе МАНУ.

Претседателството на МАНУ минатата недела донесе одлука редакторот Блаже Ристовски и членовите на главната редакција да бидат тргнати, да се формира нова редакција што ќе прави нова енциклопедија, бидејќи досега отпечатените примероци се повлечени од употреба.

Извори од МАНУ велеа дека се очекува оставка да понуди и претседателот на Академијата, Георги Старделов, како морален чин затоа што скандалот се случи во негов мандат.

Разрешениот редактор Блаже Ристовски се жали на удари внатре од МАНУ и најави дека ќе ја брани Енциклопедијата. Неговите аргументи се дека зад одредниците стојат над 300 автори, дека пропусти се случуваат кога се прават вакви обемни дела, но дека тие можат да се поправат во второ, дополнето и изменето издание. Тој е против одлуката да се повлече Енциклопедијата, особено затоа што редакцијата веќе направи корекции што можат да бидат вметнати во спорните одредници. Тој нема сам да даде оставка. За Ристовски е незамисливо да се забранат веќе отпечатените 1.800 примероци.

Претседателството на МАНУ веќе одлучи дека Енциклопедијата ќе ја прави нов тим, кој треба да се формира најдоцна за еден месец. Притоа, ќе се прави ревизија на целото дело, освен на одредниците од природните науки. За овие одлуки синоќа требаше да се изјасни и собранието. Досега испечатените примероци нема да бидат укоричени.

Членовите на собранието гласаат со просто мнозинство. За одлуката да биде валидна, „за“ треба да гласаат најмалку 25 од вкупно 48 академици.

Собранието заседава по барање на тројцата Албанци-членови на Академијата. Се очекуваше тие да го потврдат барањето во рамките на МАНУ да се формира центар што ќе се занимава со албанската култура, историја и книжевност.
С.С.
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
Abe sto ste zapnale makedonska enciklopedija, gledate deka vi go perat mozokot so propaganda so ima za cel da ve ogranici na otpadokov narecen Makedonija. A pa za koja drzava zborime koga cela istorija e vistina Bugarska, Srpska i Grcka. Pa od kaj tuka sega ste anticki Makedonci, pederi edni. Dajte ja drzavava pod stecaj, pa da ja privatizira nekoj Vlav i konecno da vidite i vie nesto ubavo ...
Доколку си вистина Влав, тогаш си прилично глуп.
Што пак е национална карактеристика на Бугарите.

Насетувам дека намерно си уфрлен да глумиш Власиште и да подбуцнуваш реакција, која најмногу им одговара на бугарските интереси.

Бан за Тасета. Три пати Ура, Ура, Ура!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom