Агробизнис

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.771
Поени од реакции
8.277
имаш право..јас постојано тврдам дека АНТИГРАВИТАЦИЈА ќе измисли некој кој НЕ ЗНАЕ дека такво нешто е " научно " докажано како апсолутно НЕВОЗМОЖНО...........нели :)

Не е точно!

АНТИГРАВИТАЦИЈА ќе измисли тој што УБАВО ЈА ПОЗНАВА гравитацијата, и врз основа на своето знаење ќе проучува и ќе најде решение на проблемот!
 
Член од
14 декември 2007
Мислења
3.271
Поени од реакции
708
Не е точно!

АНТИГРАВИТАЦИЈА ќе измисли тој што УБАВО ЈА ПОЗНАВА гравитацијата, и врз основа на своето знаење ќе проучува и ќе најде решение на проблемот!
ne e tocno ..Antigravitacijata e veke izmislena :)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.743
Поени од реакции
12.194
дознав дека болката на македонскиот агробизнис лежи во малото производство кое неможе да ги задоволи потребите на големите побарувачи кои бараат константна количина на увоз.
Не само мало производство, тоа е почетокот, планско производство (не стихијно), окрупнување, користење на литература, нова технологија, нови сознанија, па и најосновно -испитување на киселост на почва и содржина на хранливи материи...во примарното производство. Краен резултат, маркетинг не знам, но продажба и на најквалитетното без стандарди, декларации, некалибрирано, непакувано, разновиден квалитет (какво е сирењето во канти и кесички)...и ред работи не прават малку повеќе неконкурентни. Проф. Анакиев, земјоделски факултет...работат тековно со ова, имаше и некои проекти од кои доста и неуспешни, но дали и колку тие (барем поголемите, извозно ориентирани) фирми соработуваат со овие лица и институции. Без координација ништо. Дури и проектите и анализите добиени од тие проекти не се користат за водење на земјоделска политика. Во еу имаат нешто што се спроведува реално -ЦАП (common agricultural policy) каде е буквално се испланирано и предвидено.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562

Познаваш некој што откупува агро продукти?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.743
Поени од реакции
12.194
Не Леандра, прау за прау немам такви информации. Знам некои професори од земјоделски, но тие се бават повеќе со теорија или проекти.
Можеби она што го пишав е сосем друго од она што требаше да биде темата. Претпоставка ми беше дека се работи за тековната состојба и развој на земјоделството. Според твоето прашање најверојатно сум ја згрешил темата :smir:
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
ne e tocno ..Antigravitacijata e veke izmislena :)
точно...НЕГАТИВНАТА :) а овој кадаифов...пацер невиден, :) кога бе некој кој " знаел " направил нешто на овој свет?????

кога вистински ќе го запознаеш системот кој ВЛАДЕЕ во ЕУ во однос на дистрибуцијата на земјоделски производи, плус протекционистичката , плус мафијашката жичка, прво ќе си помислиш е: бегај подалеку !!!!, овде никогаш нема да имам никаква шанса...:)
...останува само ПАЦЕРИВЕ да пробаат, па како на рулет ..некому и ќе му се посреќи , а може некој и ќе открие антигравитација....па сите ќе ПОЛЕТАМЕ....
 
Ти посакувам многу среќа пацеру, па после немој да се правиш паметен да не ја кажиш тајната како се лета :)

ne e tocno ..Antigravitacijata e veke izmislena :)
Прати го муабетот, после пишувај!
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Ти посакувам многу среќа пацеру, па после немој да се правиш паметен да не ја кажиш тајната како се лета :)

Прати го муабетот, после пишувај!
Го пратам , како не го пратам, а бидејќи ОДАМНА пратам вакви муабети, само констатирам дека се ВЕТЕР И МАГЛА..., тоа ти е исто ПОЛУВЕКОВЕН муабет , како што е полувековен муабетот за Македонскиот туризам.....па и за други МНООГУ ПООЗБИЛНИ работи...:)

Инаку веќе не се сеќавам од кога нашава држава, последователно под сите влади се спрема да направи агро берза, па да организира откупни центри...па..., а сеуште само се продава политикантски рог за копито , наместо наесен ЈАСНО И ГЛАСНО да се објават ГАРАНТИРАНИТЕ цени по кои ќе се откупува СИТЕ вишкови од земјоделското производство наредната година...
...ова колку за почеток на поозбилен муабет...,
а бидејќи и овчи брбушки...дообро спакувани, по сите стандарди и со сите цертификати се ПРОДАВЛИВ производ , а не пак супер Росоманска праска од најјужната зелена земја Македонија...не гледам проблем...
....ние никогаш ништо земјоделско не ќе можеме да произведеме, толку колку што можеме да продадеме....ако тоа го правиме како што треба...:)

А тајната на антигравитацијата.......нема проблем..штом ми стане достапна...
 
Член од
19 април 2005
Мислења
1.806
Поени од реакции
75
Инаку веќе не се сеќавам од кога нашава држава, последователно под сите влади се спрема да направи агро берза, па да организира откупни центри...па..., а сеуште само се продава политикантски рог за копито , наместо наесен ЈАСНО И ГЛАСНО да се објават ГАРАНТИРАНИТЕ цени по кои ќе се откупува СИТЕ вишкови од земјоделското производство наредната година...
Многу грешки во мал пасус.
Не работа на владата да органзизира откупни центри. Треба само да создаде услови да се организираат чинителите. И никако не треба да се калкулира со терминот ВИШОК на производство. Не би требало да има вишок, ако се знае колку, што и за кого треба да се произведе. И најмалце може да се разговара за гарантирани цени. Можеби за минимални.
 
concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Многу грешки во мал пасус.
Не работа на владата да органзизира откупни центри. Треба само да создаде услови да се организираат чинителите. И никако не треба да се калкулира со терминот ВИШОК на производство. Не би требало да има вишок, ако се знае колку, што и за кого треба да се произведе. И најмалце може да се разговара за гарантирани цени. Можеби за минимални.
ацева драго дете....ВИШОК е она што агробиснисмените...по нашки земјоделците ќе го понудат да им го откупи државата по цените кои таа претходната есен ги објавила...
..нормално се друго, ако се имало можност ќе се продаде на КО ДА ВИШЕ...:).. но земјоделците ќе си знаат што ќе заработат и во најлошата варијанта :) за да си планираат од култура...до осигурување од невреме...
...нормално дека владата не организира откупни центри, тоа го прават луѓе , но владата ги поттикнува, им помага со механизмите кои и стојат на располагање...на пример како што го поттикнува стварањео на МКД шпедицијата..., ако се викаше така...:)
...производство за познат купец е добра работа...кога го има , ако го нема единствениот познат е државата......додека не се најде таков...за да се спречи дивеењето на стихијата и локалните и комшиски ОТКУПНИ десперадоси....
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.743
Поени од реакции
12.194
Инаку веќе не се сеќавам од кога нашава држава, последователно под сите влади се спрема да направи агро берза
Агроберза се формираше преку еден проект од СБ, со солидни средства ама... не заживеа.
 
Член од
16 јануари 2009
Мислења
85
Поени од реакции
3
Многу грешки во мал пасус.
Не работа на владата да органзизира откупни центри. Треба само да создаде услови да се организираат чинителите. И никако не треба да се калкулира со терминот ВИШОК на производство. Не би требало да има вишок, ако се знае колку, што и за кого треба да се произведе. И најмалце може да се разговара за гарантирани цени. Можеби за минимални.
Целосно се согласувам со Вера , овај Ацева. Какви вишоци какви бакрачи во оваа педа земја. Она што е вишок во јули , кога сите го произведуваат , не е вишок во март , кога патлиџаните се и по 100 денара у малопродажба. Или јагне имало вишок , ама за велигден коа сите имаат, а за мала богородица (28Август) кога цената е дупло поголема никој нема , е ама за тогаш требало да се синхронизираат овците, е требало поише работа.
Загарантирана цена , не знам претходниот дискутант со што работи , ама ја ен би сакал да плаќам ( нити државата со мои пари ) нешто што може да се купи поубаво и поевтино , знаејки дека некој го мрзи да размисли . а тие росоманските праски , стварно се убави , ама бабата на аутопат ги продава за 45% 0оскапо него у скопје на пазар истите , исто и со јаболката у Ресен . Никој не му текнало ( го мрзи и неќе да вложува) да напраи ладилник, па да ги продава по 100 денари у март. Сортите шо ги имаат никој веќе не ги бара, па Цацко е крив зашто не им се бараат или само каша праат за сок од нив, е тогаш не е веќе иста цена .
засега толку,
п,.с се нервирам на оваа тема, извињавам се
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.743
Поени од реакции
12.194
Она што е вишок во јули , кога сите го произведуваат , не е вишок во март , кога патлиџаните се и по 100 денара у малопродажба.
Ако збориме за нивското производство, нормално е дури и во Холандија да се јави вишок, со таа разлика што таму е веќе претходно откупено, организирано и средено. Но во производниот процес секако се јавува во одреден момент вишок. Ако здруженијата, Агенцијата од Битола, фирмите кои откупуваат и продаваат/извезуваат производи, ако не го прифатат цело производство, тогаш е проблем.

За сточарството не знам, но претпоставувам дека јагнењето оди во циклуси па секако дека во одреден период (сега скоро) се јавува голем број прасиња, во рана пролет јагниња... Не е земјоделието едноставно. Но ако има соодветно прифаќање на производството (тоа што го праша Леандра) секако дека вишокот се извезува. Пример лани имаше многу зелка, но имаше и добар извоз па цената остана добра за земјоделците.

За ладилник, спомнав Агроберза. Таа седиште и беше кај завод за вработување, сега не знам дали работи/постои. Тогаш директорот збореше дека земјоделецот не сака ни денар повеќе за сортирање, калибража, пакување и складирање. Е како тогаш да се извезе? Освен во Родезија.
А имаме институции (имаше и еден земјоделски консалтинг -Визи, дали постои не знам) и проектни единици кои треба да се грижат за ова.
За пример на квалитетна организација, една моја колешка од Оребро (Шведска) одгледува околу 100 ха пченица и 3-4000 свињи. Зборевме за пласман, сточен пазар. Не, тие не се грижат, доаѓа фирма им собира родот, стоката и нив не ги боли уво за ништо повеќе. Имаат агенција за земјоделство, економска комора која навистина функционира и здруженија на земјоделци-кои навистина функционираат. Али тоа е Шведска.
 
badluckguy

Оган под ѕвездите
Член од
8 октомври 2007
Мислења
2.925
Поени од реакции
131
Целосно се согласувам со Вера , овај Ацева. Какви вишоци какви бакрачи во оваа педа земја. Она што е вишок во јули , кога сите го произведуваат , не е вишок во март , кога патлиџаните се и по 100 денара у малопродажба. Или јагне имало вишок , ама за велигден коа сите имаат, а за мала богородица (28Август) кога цената е дупло поголема никој нема , е ама за тогаш требало да се синхронизираат овците, е требало поише работа.
Загарантирана цена , не знам претходниот дискутант со што работи , ама ја ен би сакал да плаќам ( нити државата со мои пари ) нешто што може да се купи поубаво и поевтино , знаејки дека некој го мрзи да размисли . а тие росоманските праски , стварно се убави , ама бабата на аутопат ги продава за 45% 0оскапо него у скопје на пазар истите , исто и со јаболката у Ресен . Никој не му текнало ( го мрзи и неќе да вложува) да напраи ладилник, па да ги продава по 100 денари у март. Сортите шо ги имаат никој веќе не ги бара, па Цацко е крив зашто не им се бараат или само каша праат за сок од нив, е тогаш не е веќе иста цена .
засега толку,
п,.с се нервирам на оваа тема, извињавам се

Најди ми ти мене друже формула како праската да ја зачувам од јули до март здрава, во некаков си ладилник...имаш 50% од профитот.:)
А за ладилник...не сакаш да знаеш колкава е таква инвестиција.(има и пропратни гооолеми издатоци покрај ладилникот).

А за праските...треба да се искорени првата сорта...подобро е да јадеш корења отколку истата.... затоа од 50ден кило, оди на 30 денари гајба, но затоа од сега па натаму доаѓаат најквалитетните, што грчките само вода може да им носат. И 80% заминуваат за Русија, остатокот кај албанските купци...сеа ќе те покрадат 5% на вага кога те мерат ама тоа е.:)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.743
Поени од реакции
12.194
Најди ми ти мене друже формула како праската да ја зачувам од јули до март здрава, во некаков си ладилник...имаш 50% од профитот.:)
Мацерација јбг, природна работа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom