Автономија на Универзитетите

macedon89

Провокатор по вокација
Член од
22 јули 2008
Мислења
783
Поени од реакции
582
Дали може некоја одлука на универзитетот да биде различна од иста таква ставка што ја има во законот за високо образование?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Не
Сите одлуки на било кој мораат да бидат во согласност со Уставот и Законите
Член 51 од Уставот гласи:
Член 51
Во Република Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите
други прописи со Уставот и со закон
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Дали може некоја одлука на универзитетот да биде различна од иста таква ставка што ја има во законот за високо образование?
Никако не смее.

Автономијата на високообразовната установа се отсликува во Статутот наистата кој не смее да е во било каква колизија со Законот за високо образование. Она што не е регулирано во Законот, се остава во дискреција на ВОУ да си одлучи што и како ќе прави.

А зошто прашуваш?
 

macedon89

Провокатор по вокација
Член од
22 јули 2008
Мислења
783
Поени од реакции
582
Не е за Македонија туку за Романија. Вака е случајот:
Има 4 категории на странски студенти
1 со стипендија и без плакање на студиите
2 без стипендија и без плакање на студиите
3 плакање во леи и
4 плакање во девизи

е сега во законот пишува дека под бр 1 и 2 имаат обезбедено место во интернат за кои се одделуваат пари од буџетот на државата, арно ама во статутот пишува дека место ги следува само на тие под бр 1, а за тие под бр 2 би имало место само ако остане некое непотполнато и за кое треба да плаќаат месечен надоместок.

Дали е ова во ред и дали може да се промени нешто. Нагласувам дека во Романија се истите принципи како и во Македонија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom