Автомобил до 8000€

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Сите го знаеме стандардот во Македонија. Нормално е да си ја пуштиме ногата колку ни е чергата. Барам совет за нови автомобили а сепак евтини. Која марка се покажала најдобра за тие пари? Разгледував по интернет и највеќе ми се допадна Hyundai Getz (околу 8000€), незнам како се покажа Chevrolet Spark па и Kalos (6000-8000€). Па тука го имаме Kia Pikanto (7000-8000€), старото Fiat Punto (8000€), Volkswagen Polo (малце поскапо беше >9000€) итн, итн.

Чекам совети од поискусните за да не избрзам.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Ако сакаш автомобил до 8.000 евра си ја пропуштил Дачиа Логан. Доста се добри, а за овие пари се зема бензинска 1.4 MPI со фул опрема и клима или дизел 1.5 CDI со фул опрема само без клима. Мислам дека доста добро се покажаа, а имаат Рено мотор, менувач и подвозје. После имаш и Опел корса, Форд Фиеста. Треба да се заинтересираш и за нив. Фиестата беше 8.100 евра едно време.
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Ако сакаш автомобил до 8.000 евра си ја пропуштил Дачиа Логан. Доста се добри, а за овие пари се зема бензинска 1.4 MPI со фул опрема и клима или дизел 1.5 CDI со фул опрема само без клима. Мислам дека доста добро се покажаа, а имаат Рено мотор, менувач и подвозје. После имаш и Опел корса, Форд Фиеста. Треба да се заинтересираш и за нив. Фиестата беше 8.100 евра едно време.
Баш дека имаат рено мотор и делови не ги сакам (сега возам рено 19 и знам што мака е ако се расипе). А која опел корса е 8000 новата или старата? Ако одам на форд фиеста побрзо би дал уште 1000 евра за Поло, барем фолсфаген е.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
За Дачијата... Има една дизелка такси ја возат кај мене. За 1 година помина 100.000 км. Да ја видиш како од продавница сеуште е. Освен масло, филтри и каиши нема гибнато ништо. И јас бев скептик ама добро се покажа.
А Корсата... Некаде исто беа со Фиестата во цените (прајме муабет не за најновите туку за постарите ваква ) Новите незнам колку се. А мислам дека Фиестата ти е најдобар избор за до 8.000 еврони. Сепак ти си знаеш. А ако земаш Поло... Колите се гром. Само малку се поскапи. Ама мислам дека се исплати.
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Јас би ти препорачал Хјундаи Гетз
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Декс момак, реши ти и дефинирај дали поради бисакал поголем автомобил ради практични работи, помал автомобил за во голем град или , мал автомобил за секојдневна употреба.
Не е само еве ги парите ги имам и изборот е голем па неможам да се одлучам, туку прво види за што ти треба автомобилот, и кои потреби треба да ги задоволи па ќе видиш според понуденото како веднаш ќе се скрати листата, можеби дури и ќе излезе едно реално решение.
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Декс момак, реши ти и дефинирај дали поради бисакал поголем автомобил ради практични работи, помал автомобил за во голем град или , мал автомобил за секојдневна употреба.
Не е само еве ги парите ги имам и изборот е голем па неможам да се одлучам, туку прво види за што ти треба автомобилот, и кои потреби треба да ги задоволи па ќе видиш според понуденото како веднаш ќе се скрати листата, можеби дури и ќе излезе едно реално решение.
Јас живеам во Струга, сигурно си бил. Секој ден правам минимум по 30 километри (патувам за на факс до Охрид (14+14км)плус низ град, па и други ја возат...не е многу битно). Лично барам автомобил од средна големина со скратен гепек (нешто како полото), ама проблем е што татко ми запнал за шевролет спарк (најмногу дека е 6000-6500евра):toe:. Не дека ако го купи нема да го возам и нема да ми врши работа, но нема да ми се направи кејфот. Е сега дали вреди да се до дадат 2000 евра за поло? Мене тоа ми е застанато во очи, најмногу дека е фолсваген а и доста ми се симпатични (тврдам дека се и најдобри во таа класа и за тие пари).
 
Член од
29 јануари 2005
Мислења
313
Поени од реакции
3
Од споменатите ја би Полото дефинитивно.Квалитет... изглед... комоција... ама баш СЕ.А има една поговорка... Купи Дачија... носи дома па плачи ја! :)
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
5.044
Поени од реакции
11.137
Удри математика за 5 години колку пари ќе можиш да го продадеш Полото или Шевролетот, и ете ти го одговорот за идеалното возило во твојот случај. Ако не сакаш да ги дадеш тие пари сега, ќе ги изгубиш кога ќе сакаш да го продадеш покасно. Или, види едно просечно петгодишно поло и друго возило од овие што ги спомна, пак ќе го добиеш одговорот.

Секој ден не купуваш кола, би те советувал подолгорочно да размислуваш и да не бараш привремено решение. Разликата во парите земени не е баш голема каква што е разликата (според мене) помеѓу Шевролетот и Полото.

Другите нека се изјаснат, еве и Струмикс се разбира со цени и со квалитет, има искуство со поновиве автомобили што се продаваат кај нас, па нека каже...
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Со Дачија во додатна опрема оди и ЦЗ кратка деветка...за да си го `рснеш мозокот за дебилната одлука што си ја купил :pos:

Калос е канта невидена - не ни помислувај на тоа срање од кола...2 години ја има другар мој, ја пази ја гланца абе да го гледаш да ти се плаче....2 години кола, сеуте мириса на ново, а е раскрцкана целата, де штоп светло прекинало, де жмигавец...А човеков е педантерија невидена...Мноогу лош квалитет на екстериер/ентериер...катастрофа...

Полото е добро...Фолкваген е recommended

Пунто - читај Калос

Пиканто - незнам

Моја препорака:

KIA CEE`D Перфекција!
 
Член од
4 февруари 2007
Мислења
328
Поени од реакции
8
абе јас мислам дека за истите пари на старо мојш да зејш уба кола. татко ми за 5500 евра зеде Renault Laguna 2.0 со фул опрема, кожа Alu бандажи, автоматска клима. Стара е 10 години али ко нова работит.Многу квалитетна кола.
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
Металецон....Декс кажа дека бега од рено...мислам нели? :) :)
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Дачиата е всушност Рено Клио, модел 2000 год. во Дачиа каросерија. Неудобни седишта, спартански средена, но квалитетна кола, реално гледано. Ќе ја пазиш, ќе те вози.
Германциве општо се најпреценети коли кои постојат. Значи добра инвестиција за препродавање после 5-6 год. на пр. Овде мислам на Форд, Волксваген и Опел. Прецизна изработка, одржувањето е нормално, не е скапо и тоа...
Корејциве ми се сомнителни. Ефтина набавна цена и навистина скапо одржување. Страдаат хронично од неквалитетни гуми вградени во фабриката и катастрофална електроника.
Фиат Пунто и сл. италијанско се возила со проверени темпераментни издржливи машини, не се скапи за одржување, последниве години се доближија до традиционалната германска завршна обработка, но губат цена по неколку години, и тоа доста. Барем не се мета на кражби, исто како и корејците, а за разлика од германците.
Ако ти текне за нешто француско, од лично искуство ќе ти кажам дека врска нема муабетот дека одржувањето им е скапо! Напротив! Исто како секоја нормална кола, и тие така се. Клио, 207...ониое многуте од Цитроен Ц1, Ц2, Ц3...
Е сега се тоа е над 8000 евра, сите спомнати модели...За точно 8 скоро и да нема ништо пристојно.
Размисли и за Шкода Фабиа.
 
Член од
1 март 2007
Мислења
56
Поени од реакции
1
Според моите искуства со колите до сеа, само Фолксваген се покажал како добар како и Шкодата.

Daewoo се добра марка, но со преминувањето во Chevrolet место да ги подобрат ги направија катастрофа. Поефтини материјали, некако направени набрзина.

Што се однесува до французите, 90% ќе ја средат работата и 10% ќе ја утнат, а тие 10% некогаш можат скапо да чинат.

KIA популарно возило во USA, па мислам дека нема да се згреши.
Хјундаи никако. Иако го делат истиот мотор со KIA, сепак завршните потфати се послаби.

Мое мислење

1) Фолксваген
2) Шкода
3) Опел (мада исто ти е како Шевролет да земаш ама завршната обработка е подобра што е важно)
4) Форд
5) Рено
6) Фиат
7) Дачија (ако сакаш да те вози, а да не замеруваш многу на тоа дека возиш Дачија, што според мене е веќе минато)
8) Цитроен
9) Шевролет
10) Југо (да Југото...ефтини делови, фабрички плин - значи имаш гаранција на моторот со плин и тоа за 21000 динари што е некаде 300 евра а тука 600 евра ќе те кошта и плус без гаранција).
 

Night Crawler

Fear of the dark
Член од
26 јануари 2007
Мислења
187
Поени од реакции
5
Ако сакас да купиш кола до 8000 па и нешто повеке немој да му ја мислиш купи киа сеед многу е закон колата.Исто така нема да згрешиш доколку купиш дачија.Мојот комшија има 24 години и вози такси.Маста и ја вади на колата со мене на автопат возеше 190.И има поминато околу 150 000 км.На колата ништо не и фали.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom