Автомобилски делови - опис и функција

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
941
Добро би било да има ваква тема за ако ни се недајбоже расипе нешто на автомобилот да имаме колку толку претстава што може да биде па и сами да поправиме некогаш. А и чисто од општа култура да се знаат некој основни делови не е лошо.

Местото го отстапувам на поискусните, како би сакал да изгледа

Име (пожелно и англиското име) на делот
Слика
Краток опис на функцијата
Место каде се наоѓа на автомобилот
 

JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
Можеби треба да почнам со срцето на секој автомобил, моторот, ама ќе кажам накратко тоа што го знам за единствениот дел кој остварува контакт со патот - автомобилската гума. Најголем дел од автомобилите имаат 4 гуми ама има и варијации...

Не сите автомобили имаат исти гуми односно исти димензии. Димензиите изгледаат вака: 175/70 R 13, 145/80 R 13, 195/65 R 15 каде што:
- првиот број (175, 145, 195) е ширината на нагазната површина во милиметри;
- вториот број е висината на профилот и за 175/70 R 13 изнесува 70% од 175, некаде 122 мм. Истото можете да го проверите ако пресметате и потоа измерите на самата гума.
- R значи Radial, односно начинот на кој гумата е направена. Освен R може да стои и С (Cargo) што значи дека гумата е предвидена главно за употреба кај комерцијални возила.
- последниот број (13, 15, 16) е големината на бандашот изразена во инчи.

Ова се основните броеви кои се наоѓаат на една гума. Освен нив има и други ознаки кои се еднакво важни.
- Ознаката 82 Т значи дека таа гума е дизајнирана да издржи максимум 475 kg оптоварување и максимална брзина на движење 190km/h.
- Ознаката од 4 броеви коja најчесто е жиг (при самата изработка) кажува кога гумата е произведена (колку понова толку подобро) и може да изгледа вака



конкретно оваа гума е произведена во 46-та седмица од 2006 година.


За различни услови (суво, вода, мраз, снег итн.) се произведуваат различни гуми.

Гумите се едни од најважните делови за безбедно возење. Нивната промена зависи од производителот, но не значи дека не треба да се промени ако нема поминато многу километри, напротив гумата со текот на времето старее и без оглед на употребеноста таа соодветно треба да се замени. Гума која не е возена не значи дека е и нова, секогаш внимавајте на датата на производство. Најлошо за гумата е возење со низок притисок, доколку менувате гуми според сезоните нивното складирање треба да биде соодветно и во никој случај дирекно изложени на сончева светлина...


ако има потреба некој слободно нека дополни или ме поправи
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Да те надополнам... Странично гумите имаат на неколку места индикатор за истрошеност (стрелче), а право со него на нагазниот дел од гумата, во жлебот од шарата има испакнат дел. Кога нагазниот дел и испакнатиот ке се изедначат, гумата е истрошена и треба да се замени.

 

Kajgana Shop

На врв Bottom