Поздрав на сите!
Конечно после 100 години наоѓам некој форум каде има луѓе кои ги интересират колички или модели во размер.
Јас сум колекционер на diecast модели од како знам за себе, а тоа се преку 40 години. Секако тоа колекционерство е со повремени паузи, но сепак до ден денес таа пасија сеуште ме држи и трае.
Собирам колички олдтајмери, поточно модели на вистински коли кои се произведувале меѓу 1950 и 1975 година. Имам малку повеке од 200 и тоа во три размери, 1:18, 1:24 и 1:43.
Инаку сум член повеќе години на еден хрватски форум
diecast18.net (од таму го знам и Jeep MKD, иницијаторот на оваа тема), каде има членови од цела бивша СФРЈ, а јас и Jeep MKD сме единствени членови од Македонија.
--- надополнето: 22 декември 2011 во 21:51 ---