- Член од
- 12 ноември 2009
- Мислења
- 51
- Поени од реакции
- 9
http://makfax.com.mk/#2/278055/avstralija_da_otvori_ambasada_vo_skopje__bara_dijasporata
Австралија да отвори амбасада во Скопје, бара дијаспората
24 февруари 2012 09:57 GMT Извор: Макфакс
Австралија да го зголеми своето дипломатско присуство во југоисточна Европа и во тие рамки да отвори амбасада во Скопје и конзулат во Битола.
Вакво барање преставниците на Обединетата Македонска Дијаспора од Австралија упатија на средба со членовите на Мешовитиот парламентарен комитет за надворешни работи, одбрана и трговија.
„Претставувањето на Австралија на меѓународно ниво и способноста да има тивка моќ и подобри дипломатски, социјални, економски и меѓународни резултати може да се подобри преку свежо размислување, ново лидерство и посветеност на нови стратегии и операции. Оваа трансформација може да се постигне и да биде одржлива доколку претставувањето на Австралија на меѓународно ниво стане повисок приоритет во Австралискиот федерален буџет и доколку се прошири во занемарени региони генерално како југоисточна Европа и конкретно во Република Македонија", рече Ордан Андреевски, преставник на ОМД во Австралија.
Истовремено, Анреевски побара Австралија да ја признае Република Македонија под своето уставно име, а дипломатското претставување во земјава да биде преку амбасада во Скопје и конзулат во Битола. /крај/со/ач