Јас имам аваскуларна некроза (или остеонекроза) на колкот во фаза 2. Имам болки при одење, затоа користам штаки. Не земам никакви лекови, не ни може многу да се помогне со лекови. Прочитав дека многу помагала електромагнетната терапија, но јас не смеам да ја применувам. Коската ми покажува знаци на ревитализација, па се надевам ќе успее да се среди без операција. Инаку има три типа на операција кои ги прават во ваков случај, кога некрозата е на колкот, едниот е декомпресија на колкот, другиот е коскен графт, а третиот, и најекстремен воедно, е замена на колк.
Бев кај Др Самарџиски, на ортопедија. Пред да отидам кај него бев кај Др Зафировски во Филип Втори и него не би го препорачала. Гледаше само да ме убеди дека мора да правам операција и тоа баш кај него. Ако те интересира нешто друго слободно пиши овде, а јас бидејќи и така сакав да отворам слична тема, ќе преведам некои информации и ќе ги пишам овде.