Џабе не седи, кога можеш џабе да работиш (во државна институција)

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
:pos: баш ме интересира кои студенти ќе се пријават да ги заменат времено вработените кои ќе одмараат ( заради сезона на годишните одмори им мањкаат лица)
Објавен оглас за ангажирање волонтери во државни институции

Канцеларијата на премиерот и Генералниот секретаријат на Владата на Република Македонија распишаа оглас за ангажирање волонтери во периодот од 1 јули до септември. Предност ќе имаат имаат студентите на правни, политички, економски и филолошки науки, соопшти денеска владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Јавниот повик трае до 21 јуни, изјави Ѓорѓиев и посочи дека до крајот на овој месец ќе трае селекцијата на оние што ќе пројават интерес за волонтирање во Владата и во Генералниот секретаријат.
Посочи на процедурата за кандидирање и рече дека тестирањето е многу едноставно и оти секој заинтересиран студент може до архивата на Владата да поднесе мотивациско писмо во кое ќе ги наведе сопствените мотиви за волонтирање, кратка биографија со своите референци, досегашното образование и дополнителни искуства доколку има такви и фотокопија од неговиот индекс преку која ќе се види годинат на студии.
Ѓорѓиев соопшти дека во процесот на селекција најнапред ќе се разгледуваат поднесоците коишто се по писмен пат доставени до Владата по што ќе следуваат интервјуа со потенцијалните кандидати. По финалниот избор започнувајќи од 1 јули 2013 година до 15 септември оние лица коишто ќе се квалификуваат ќе можат во рамки на работата на Канцелраијата на премиерот и на Генералниот секретаријат секојдневно да доаѓаат на работа и да увидат како се извршуваат работните задачи, како функционира системот и како се креираат политиките и се реализираат во овие две институции.
Лицата ќе добиваат надомест по основ за волонтирање којшто ги покрива трошоците за превоз и за прехрана, некаде во висина од 4.000 до 4.500 денари.:pos:
- Би сакале преку овој јавен повик да испратиме и две пораки. Прво, дека на овој начин како и досега Владата на дело ја демонстрира својата политика на отворени врати и дава можност сите млади луѓе да се вклучат во работата на институциите на системот што ќе биде од битно значење за нив. Апелираме што поголем број студенти да се пријават независно од етничката и верската припадност и други определби. Втората е дека на овој начин со иницирањето на промоција на волонтерството од страна на премиерот и неговиот Кабинет сакаме да апелираме и до претставниците на приватниот сектор, до компаниите, до јавниот сектор и тие што повеќе да бидат вклучени во овој процес и да дадат поголема шанса за волонтирање особено во летниот период кога студентите не одат на факултет да можат да се запознаат со работата во приватниот сектор и на тој начин да дадат придонес во дооформувањето на личностите, но и како професионалци, изјави Ѓорѓиев.
Владата и Генералниот секретаријат веќе седум години ја спроведуваат оваа програма за волонтирање на лицата кои го поминуваат својот стаж и таму добиваат волонтерска книшка која што има значење во нивната натамошна кариера.
Ѓорѓиев изјави дека оваа година има најава од повеќе институции и министерства дека ќе објават огласи за волонтирање и да го поддржат овој процес.
- Досега сме известени од министерот за правда дека ќе распише јавен оглас за волонтери, министерот за образование и наука, за здравство, за труд и социјална политика и други институции коишто дополнително ќе ја информираат јавноста за роковите за аплицирање, изјави владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

http://www.sitel.com.mk/objaven-oglas-za-angazhiranje-volonteri-vo-drzhavni-institucii
НААВАЛИ НАРОДЕ!!!!!!!!!!
 
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
OMG ! Се умориле од работа таман сега за на одмор да си отидат .Aбе не се тачни овие скроз , и жити све кој ќе се пријави да работи за џабе тоа волонтери во црвен крст нема, а не па да иде во администрација .
 

831

HOATH IAIDA
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.679
Поени од реакции
11.742
OMG ! Се умориле од работа таман сега за на одмор да си отидат .Aбе не се тачни овие скроз , и жити све кој ќе се пријави да работи за џабе тоа волонтери во црвен крст нема, а не па да иде во администрација .

Ќе им наредат од генералштаб и ќе одат ;)
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.072
Поени од реакции
11.440
и жити све кој ќе се пријави да работи за џабе
Не ме зезај, може да се кладам дека ќе се тепаат за кој да влезе на списокот, овде администрација е симбол за исполнување на животна амбиција, макар и за ич пари.
--- надополнето: 17 јуни 2013 во 12:48 ---
Ќе има организиран превоз нешо?

Само сендвичи пред општина Центар.
 
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
Не ме зезај, може да се кладам дека ќе се тепаат за кој да влезе на списокот, овде администрација е симбол за исполнување на животна амбиција, макар и за ич пари.
--- надополнето: 17 јуни 2013 во 12:48 ---



Само сендвичи пред општина Центар.
Која кретенска држава зимаат огромни плати па сега не им се ни работи а ја црнчам денеска за 500 ден и почнале да бараат волонтери јао дај бе нека ме утепа некој неможам да го гледам овој срам.
Ќе им наредат од генералштаб и ќе одат ;)
Тоа се знае дека ќе им наредат .
--- надополнето: 17 јуни 2013 во 12:57 ---
Темава треба да у ЧДА , а не во Вработувања ова е жива глупост.
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
не заборавајте- тоа е времено ангажирање додека им траат одморите- потоа ќе ги шутнат- да не се надеваат на некакво си вработување- оти читам сте пишале „ќе се тепаат за кој да влезе на списокот, овде администрација е симбол за исполнување на животна амбиција, макар и за ич пари.„
,
ова колку да нема забуни - да не се подлажувате за „џабе“
 

Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Не ме зезај, може да се кладам дека ќе се тепаат за кој да влезе на списокот, овде администрација е симбол за исполнување на животна амбиција, макар и за ич пари.
--- надополнето: 17 јуни 2013 во 12:48 ---



Само сендвичи пред општина Центар.
баксуз сум ја, ќе снема додека идам..
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.109
Не ме зезај, може да се кладам дека ќе се тепаат за кој да влезе на списокот,
.
колку интересно би било никој да не им се јави -
Што ќе прават во тој случај:LOL::ROFLMAO:
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.072
Поени од реакции
11.440
ова колку да нема забуни - да не се подлажувате за „џабе“
Еднаш штом влезе во јавна администрација после ни господ не го брка од таму. Лично знам типче што влегло на привремено, и ден денес си работи, и тоа како редовен вработен.
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.537
Поени од реакции
14.670
ќе се пријавам јас, не дека нешто мн пари даваат туку да не седам дома така летово
 
Член од
26 октомври 2012
Мислења
2.535
Поени од реакции
3.362
колку интересно би било никој да не им се јави -
Што ќе прават во тој случај:LOL::ROFLMAO:
Абе лакоми луѓе ќе се јават обавезно ако треба со точак од Ѓорче до Центар ќе иде и нема да јаде на работа само пари да земе , а и плус колку има невработени ќе се полаже доста народ , и од студентскиве некој што не си отишол дома за летово ќе оди да земе некој денар луѓе во секој случај ќе има ама претежно партиски војници .
 

Kajgana Shop

На врв Bottom