Да ги фатиме на кондиција тоа е мојата идеја...
Имајќи предвид дека не им цветет розите на економски план:
Грција на раб од банкрот
Грција би можела да биде првата земја-членка на еврозоната што ќе се обрати за помош до Меѓународниот монетарен фонд, јавија западните медиуми. Министерот за финансии Јанис Папатанасиу деновиве разговараше со Европската комисија за плановите за борба против економската рецесија, а една од најважните ставки е тоа што Грција годинава мора да позајми 54 милијарди евра за да ги покрие државните расходи и да ги отплати ратите од кредитите што стасуваат во 2009 година.
Европската комисија јавно изрази стравување дека Грција се наоѓа во опасна финансиска состојба и дека лесно може да се најде на раб од банкрот.Грција, како и повеќето европски држави, во 2009 година влезе во рецесија, а според некои предвидувања, се очекува да оствари пад на домашниот бруто-производ од 5,1 отсто. Покрај тоа, Атина има буџетски дефицит од пет отсто од ДБП и
државен долг од 97,6 отсто од ДБП.
Овие цифри не се резултат само на финансиската криза, туку и во претходните години биле високи, поради внатрешните политички судири, кои придонесоа за претерано зголемување на државните расходи, оценуваат аналитичарите.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=3668F8519717CB42BA863977D458E23C
Сето ова многу би ни одело во прилог кога не би стоела Европа зад нив, а таа како таква никогаш не би дозволила банкрот на своја членка...особено не ако се работи за галениче...