Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување
Т

Триптико

Гостин
Нема проблем. Нека оценува човек кој живее во времето на Русо :D
 
Т

Триптико

Гостин
Хмм...не го напишав тоа никаде нели? :D

Или што би рекол Јане М. за Таки: тој, ако знае економија, немаше да препишува цела книга од Адам Смит :ROFLMAO:
Легендарниот пример: ако се намали продажбата на пушките, ќе се зголеми на путерот. И обратно :pos: Добри времиња беа тоа 2002-2006 на Јустинијан I ;)
 
Последно уредено од модератор:
Член од
24 март 2010
Мислења
15.342
Поени од реакции
26.334
Ниту аргументираш за да го одбраниш првичното тврдење. Само вртиш во круг. Ама небитно.
 
Т

Триптико

Гостин
Ниту аргументираш за да го одбраниш првичното тврдење. Само вртиш во круг. Ама небитно.
Добро, од сега ќе ги снимам што прават. Подобар аргумент/доказ нема да има нели?
На негови предавања постојано се слушаше владеење на право, владеење на право. Правна држава кој ја е*е. Плус, кога се полагаше испит, ти поставува прашање: кој изборен модел според ВАС колега е најдобар и зошто? И, ти си кажуваш мнозински и си објаснуваш зошто и како. На ова добиваш: се е во ред тоа што го кажувате, а сега, кој е најдобар според професорот? (овде имаш смешкање во стил: кажи јас како мислам, не ти). Даваш одговор пропорционален. - А, зошто колега баш тој? И си објаснуваш како ТОЈ што мисли и фантазира за "правична" застапеност на "сите"...И ти вика: е така колега. Седи (инаку полагавме со стоење пред 200 плус минус студенти), еве ти 8. Па пизда ти матер, ако ме прашуваш според вас (МЕНЕ) тогаш остави ме да објаснам и оценувај врз основа на објаснувањето. А не по твое! Има уште милион примери...не тема, пола форум ќе треба да го исполнам со пишување. И не е само тој. Барем половина на Правен (во тоа време, сега не знам ни кои се професори) беа такви. Од една страна ти кажуваат да размислуваш со своја глава и да ги кажуваш твоите ставови, мислења...а од друга страна те сечат во самиот почеток на излагање на истите. Вакви да ме оценуваат? Не фала!

Има едно видео, не знам дали може да се стави во оваа тема. Чисто, како потсетување на што личи нашето образование. Ако има потреба, ќе го ставам.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Meh

King B

Bears. Beets. Battlestar Galactica.
Член од
24 јануари 2011
Мислења
1.801
Поени од реакции
4.076
Господо, како еден од пленумците што активно работи на остварување на нашава иницијатива, најтопло и најсрдечно ве замолувам дискусииве што ги правите на форум исто толку жустро да ги демонстрирате во живо :)
Џабе ни се сите лајкови и шерови ако на маршот што претстои не дојде никој.
Земајќи ги предвид сите официјални писма и обраќања, сите интервјуа и дебати, сите аргументи и истражувања, пак најсилен адут ни останува бројноста.

Ве молам, помогнете ни да ја рассониме државава од пасивноста која ја има фатено.
Бидете солидарни и застанете покрај нас додека си ги бараме правата.

Ама ова најискрено од лично име ве замолувам :)

Ќе ве пишам у темата за најкајганџии 2014.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.342
Поени од реакции
26.334
Добро, од сега ќе ги снимам што прават. Подобар аргумент/доказ нема да има нели?
На негови предавања постојано се слушаше владеење на право, владеење на право. Правна држава кој ја е*е. Плус, кога се полагаше испит, ти поставува прашање: кој изборен модел според ВАС колега е најдобар и зошто? И, ти си кажуваш мнозински и си објаснуваш зошто и како. На ова добиваш: се е во ред тоа што го кажувате, а сега, кој е најдобар според професорот? (овде имаш смешкање во стил: кажи јас како мислам, не ти). Даваш одговор пропорционален. - А, зошто колега баш тој? И си објаснуваш како ТОЈ што мисли и фантазира за "правична" застапеност на "сите"...И ти вика: е така колега. Седи (инаку полагавме со стоење пред 200 плус минус студенти), еве ти 8. Па пизда ти матер, ако ме прашуваш според вас (МЕНЕ) тогаш остави ме да објаснам и оценувај врз основа на објаснувањето. А не по твое! Има уште милион примери...не тема, пола форум ќе треба да го исполнам со пишување. И не е само тој. Барем половина на Правен (во тоа време, сега не знам ни кои се професори) беа такви. Од една страна ти кажуваат да размислуваш со своја глава и да ги кажуваш твоите ставови, мислења...а од друга страна те сечат во самиот почеток на излагање на истите. Вакви да ме оценуваат? Не фала!

Има едно видео, не знам дали може да се стави во оваа тема. Чисто, како потсетување на што личи нашето образование. Ако има потреба, ќе го ставам.
Или можеби со двете прашања успеал да дознае што знаеш за двата модели и ти го оценил објаснувањето, а не изборот. Плус, со таквиот начин на испрашување може да добие слика и за елоквентноста, ставовите и капацитетот на студентот да го брани своето мислење, да размислува критички и реагирањето кога е под притисок. Нешто што не може да се дознае со стандардизиран тест и болоњски глупости.
 
Да не расплинуваме за него во оваа тема. Значи, повеќе од 50% од тогашните професори само декларативно бараа студентите да размислуваат со своја глава. На испит, на дебати и слично, секогаш подобри оцени или победници на дебати беа оние, кои размислуваа како нив.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.342
Поени од реакции
26.334
Да не расплинуваме за него во оваа тема. Значи, повеќе од 50% од тогашните професори само декларативно бараа студентите да размислуваат со своја глава. На испит, на дебати и слично, секогаш подобри оцени или победници на дебати беа оние, кои размислуваа како нив.
Тоа е веќе нешто друго. Професорите (во множина) не би ги бранел. Дебатата почна со Шкариќ и ми падна чудно спорењето на компетентноста, бидејќи да му спорат компетентност не се осудиле ни луѓе кои имаат многу подебели причини за тоа, бидејќи директно им критикува и минира политики.
 
Тој беше спомнат. Да беше друг и да имав искуство со него, ќе пишував за него. Во секој случај, не оспорувам стручност, туку начин на однесување и оценување. Мило ми е што се разбравме :)
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Не се за споредување пртестите од 1968,во Европа и Југославија, и овие денес во Скопје. Тоа беа политички протести и тие имаа успех.
Ова денес што се случува е комедија.
Министерот (со купена диплома) ќе ги контролирал студентите и професорите дали знаат т.е дали и они купуваат дипломи.
Како ќе ги контролира? Зарем тој има поголеми знаења од еден универзитетски професор?
Вистинска комедија - само прават будали од себе
Да поправиме, сега е вистинска комедија
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Да не расплинуваме за него во оваа тема. Значи, повеќе од 50% од тогашните професори само декларативно бараа студентите да размислуваат со своја глава. На испит, на дебати и слично, секогаш подобри оцени или победници на дебати беа оние, кои размислуваа како нив.
За уставно сега е и уште полошо, зошто прво нема усен испит, а второ и тој писмен испит ти е поделен на два дела после секој колоквиум и колку и да нејќеш да учиш на памет, бар уставно на крајот на тоа се сведува...
Тој предмет е сведен на нивото на англиски и информатика, нешто како формалност, зошто предавањата се сведуваа на раскажување на лекции (освен на предавањата кај Денис кај што зборевме за пресуди на Уставен суд, за уставноста на некои закони итн.).
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.032
Поени од реакции
11.667
Студентски Пленум
Пoдгoтвени ли сме за уште еден марш?!

Почитувани колеги и колешки, другари и другарки, професори, родители, роднини и сите граѓани на оваа наша држава,

Во последно време многумина од вас изразија желба за уште еден марш како оној на 17-ти ноември, сакајќи да се истера оваа борба до крај.

Но, најпрвин да ви поставиме неколку прашања на сите вас. Зошто би излегле на марш студентите, кога нив веќе не ги засега оваа реформа? Или пак, зошто оние кои не се воопшто студенти би трошеле од своето време и енергија да ги поддржат оние кои сè уште го имаат жарот и силата да се изборат за своите права? Зошто родителите би излегле за своите деца, без разлика дали тие деца се основци, средношколци, студенти? Зошто оној којшто нема никаква допирна точка со оваа очигледно банална реформа би се поместил од својата зона на комфорт, би се облекол, би направил парола, би спремил грло и би излегол на улица да го брани својот став? Секако, ова се легитимни прашања кои секој би си ги поставил и во нив би го нашол изговорот да остане нем на реформите кои директно или индиректно го загрозуваат неговиот дигнитет, личност, достоинство, а пред сè – неговитеправа.

Но, има и такви луѓе кои во овие прашања ќе го најдат мотивот за да го поддржат маршот. Луѓе кои несебично се борат за сите свои сограѓани, за минатите, идните и сегашните генерации, без разлика дали нив ги засега оваа проблематика или не. Има луѓе кои,штом видат кај некого жар за подобро утре, од тој жар прават оган. Има родители кои своите деца не ги учат да бидат сервилни и да очекуваат дека некој друг ќе се избори за нивната иднина. Има основци и средношколци со поголем порив за борба од оние кои ги израснале. Има луѓе кои воочиле дека токму уживањето во својата зона на комфорт ги довело до ова ниво и дотаму кајшто се денес. Без права, без достоинство, без некој да ги слушне и да ги почитува нивниот глас и нивниот став. И тие луѓе нема да дозволат никакво поигрување, манипулација, ниту пак потсмевање на нивната интелигенција, на нивната желба за подобро образование за нив и за нивните најблиски, на нивната болка, на правата кои ги заслужуваат и на автономијата на местото каде што ја градат својата личност.

Затоа, доколку си еден од оние кои не се демотивирани од овие прашања и сè уште сметаш дека треба да се бориш за своите права и за подобро утре, тогаш твоето место е на платотото на УКИМ, пред споменикот на Св. Кирил и Методиј. Дојди, дискутирај и викај гласно за сè она што те боли, што те револтира, што те угнетува и што те тишти.

Викај гласно за правда, за подобро образование. Викај гласно за уште еден СТУДЕНТСКИ МАРШ!
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.080
Поени од реакции
74.826
Сега се знае дека станува збор за државен испит, а не за екстерно тестирање и за тоа дека овие два концепти се сосема различни. Исто така, се знае дека државниот испит не ги опфаќа сегашните студенти, туку идните. Сега, се повеќе е јасно дека оваа помала група која ќе излезе на следниот протест, се партиски мотивирани. Најголем дел од нив се од подмладокот на СДСМ и од невладините организации финансирани од Владимир Милчин и СОРОС, истакна Груевски.
:cuc::cuc::cuc::drk::drk:

Тоа е тоа одамна видено сценарио.
Прво преку нивните медиуми предлагаат пуштаат муабет за некој поекстремен закон кој планираат да го воведат и оставаат време да биде испитан на какви реакции ќе наиде.
Откако ќе добие негативни реакции од сите страни, одма ќе излезе некој министер на ТВ и ќе рече, "Абе не сватиле убаво луѓето, Соросоидите ги лажат дека заkонот бил бла бла бла, а уствари е бла бла бла, пробувајќи да престават некоја публажена верзија на законот, или најчесто некоја позбунувачка верзија, која на крајот сепак ќе испадне како што било првично објавено во медиумите, само напишано во поинаква форма".

Овојпат наидоа на поголем отпор, бидејќи ни самите не очекуваа толку масовен НЕЗАВИСЕН студентски протест. Им се случи буквално мочање на тоа токмаците од СПУКМ, кои патем се штитеници на владеачката партија.
Успеаа да го минимизираат значењето на протестот со тоа што истиот доби по 30-тина секунди прилог на средината од вестите.
Преку своите медиуми откако го истераа филмот дека не било екстерно тестирање туку државен испит (само Јанко може да ја пронајде разликата помеѓу овие два поима), почнаа со смислени прилози во кои на свои млади луѓе им даваа да изведат однапред смислено сценарио, во кое во улога на загрижени студенти, наводно збунети од медиумите, млади лица зборуваат како повеќе нема заблуда меѓу нив, бидејќи се на некој начин радосни откако дознале дека не се работело за екстерно, туку за државен испит :cuc:
Ги даваат како зборат, тие со очите гледаат на сосема трета страна, се утепаа од читање, не успеале да го научат ни она што им го составиле од штаб :cuc:
Груевски како гостин на некои вести демек со ироничен тон почна да збори дека они знаеле дека студентите кои биле на протести биле поттикнувани од одредени професори од СДСМ, и дека на некои факултети се правеле и списоци :pos::pos::pos:

Пробаа да ги поткупат студентите со најавата дека овој испит всушност не бил за овие генерации, туку за наредните, па си рекоа ќе проработи (а можеби и навистина ќе проработи) Македонскиот синдром за не-болење кур за другите, па ќе се откажат студентиве од протести, бидејќи нема да им биде гајле за идните генерации кога они самите нема да бидат засегнати од полагањата.

Видоа нема откажување и го превземаа финалниот удар, така што преку нивните медиуми почнаа уште однапред да им ставаат етикети на протестантите, дека биле поттикнати од СДСМ :vozbud:

Баш од овие работи уште толку ми будат мотиви да одам на протести иако не сум засегнат. И не, не сум приврзаник на СДСМ, напротив можеби на последните избори сум гласал и за ВМРО, пошто партијата на која и дадов глас, на крајот во моето избирачко место имаше 0 гласови, што значи којзнае на чие конто бил препишан истиот :cuc:

И сега која е целта на овој државен испит, кој е толку поразличен од екстерното тестирање?
И на едниот и на другиот, крајната цел е да се соберат што е можно повеќе пари за да се збогати државната каса.
Првичната цел дека со ова ќе се направел еден вид на филтер, со кој наводно само квалитетниот кадар (или поточно оние кои на фер начин ги добиле оцените) би продолжил со студиите, сега паѓа во вода, бидејќи со новите измени, студентот би полагал дур не положи. Тогаш која е целта, освен ќе повторам, полнењето на буџетот со тоа што студентите за секој паднат испит плаќаат средства за да полагаат одново?

На Јанко пак, цело време се тераше муабет дека постоеле професори кои биле корумпирани и неправедно ставале оценки. Со тој муабет колку што разбрав, овој испит треба да биде еден вид на испит за самите корумпирани професори да бидат откриени. Ова е уште еден автогол, бидејќи самиот Груевски кажа дека професорите нема да бидат засегнати од тестирањата и нема да има санкција за нив.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom