https://www.facebook.com/events/1507509819536204/?ref_newsfeed_story_type=regular
Студентскиот Пленум по повод 17 ноември - меѓународниот ден на студентите, ве повикува на голем студентски марш, преку кој ќе се обидеме да го произнесеме ставот на студентите околу најавените реформи во високото образование.
Додатно, овој студентски марш има за идеја обединување на студентското тело во Македонија, потенцирање на проблемот околу (не)репрезентативноста на СПУКМ и поттикнување на студентскиот активизам.
Во таа насока Студентскиот Пленум го повикува секој студент кој што се чувствува обесправен да земе учество во овој марш и со тоа да го покаже своето несогласување со најавената реформа.
Ние сметаме дека одбраната на студентските права не е само потреба, туку е и обврска на секој студент!
Затоа да се појавиме на овој марш, да ги одбраниме нашите права, а со тоа да покажеме дека студентите не се пасивизирана маса чија единствена цел е стигнување до парчето хартија наречено диплома, туку дека се свесни и активни чинители на едно општество и не дозволуваат да бидат обесправени во рамките на истото.
Студентскиот Пленум апелира студентскиот марш да биде мирен, со што ние како идни академски граѓани би го изразиле нашиот демократски капацитет.
Исто така Студентскиот Пленум смета дека на маршот секој треба да маршира како студент, а не како партиски полтрон, па затоа апелира секој присутен да се повикува на својата единствено значајна книшка- индексот!
Само ако не сте дошле вие што кукавте дека не се превзема ништо конкретно!