Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Зошто се прифаќа одложување? Затоа што знаеш дека ако им одиш со став „укинување по секоја цена“ ќе се заинаетат и нема да попуштат. А патем кажано, дел од новодонесените одредби веќе мора да се имплементираат од летово или од почетокот на идната академска учебна година.

Еве да претпоставиме дека не се случила средбата...ќе окупиравме, на оние токмацине у Влада и МОН гајле ќе им беше, а од друга страна имаш опасност студенти да свртиш против себе. И факултетите сакале, не сакале, ќе требаше да почнат да имплементираат одредби инаку клуч на врата од септември.

А она за што се дискутираше на генералниот пленум пред 1 недела беше за одложување на примената, не за укинување.

А дополнителни аргументи тек ќе дојдат во следниот период, дел од нив поврзани со она фамозно видео на Владата во кои држави „има државен испит“. Иначе, почетен збор имал Велимир и он посочил што све не чини, па овие прифатиле нешто, па после Давитковски зборел, па не му прифаќале 3 пати (се' да се одложи) за на крај да прифатат. :)

Не ме сфати, ок јас малку лошо ја поставив тезата, извињавам се...дали си бил на некој од состаноците на Пленумот? Затоа што изгледа како да не знаеш како се случувале работите, па викаш „лотарија правел ректорот“. Во вторникот беше изгласано да се пратат двајца претставници во таа работна комисија/група/што и да е, еден од интерен пленум на Правен (како некој постручен во таа област) и уште еден друг. Се најде согласност за тие двајца, едниот од нив не можеше да присуствува зошто не беше во Скопје, така што мораше да се најде итно замена. Не глеам ништо спорно
Ништо од ова што го кажа не дава објаснување на тоа зошто Пленумот не се држи на иста линија во ставовите од почетокот до сега. Од почетокот па до ова средбава цело време се одеше со реторика „укинување и ништо друго“. Тоа беше кажувано и преку соопштенија и со изјави на маршовите и со изјави кога не беа повикани на дебати и кога беа оставани надвор пред врата...
И наеднаш од таа цврста реторика „укинување и ништо друго“ доаѓаме до тоа „лоши се измениве и ние сме свесни ама ај ќе го одложиме само применувањето“...
Спротивно од се она што до сега се збореше и правеше.
Тоа што одредбите ќе требале да се имплементираат летово или што ќе биле казнувани деканите на факултетите (а не затварани факултетите :D ) не е никакво оправдување за менувањето на ставовите, зошто тоа беше познато уште од моментот кога беше влезен законот во процедура, па никогаш не се сменија ставовите. Зошто баш сега out of nowhere тоа да се случи ?

Ај ќе го коментирам и тоа за 2цата што биле избрани за средбата. Не е спорно како првично биле избрани тие двајца, спорно е што Пленумот дремел и не му текнало дека може од икс ипсилон причини еден или и двајцата да бидат спречени да присуствуваат на таа средба. Значи спорно е тоа што замената била изберена панично и во трка со времето, а не што уопште дошло до замена.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.025
Поени од реакции
11.666
Вау, големо чудо кој е тој вториот. Ко демек ќе имаше некаква разлика. Ај сеа за глупости ќе се фаќаме. :)

Иначе во вторникот на генерален се збореше исклучиво за одложување на примена. А погоре ти кажав зошто. И не гледам како е спротивно. Спротивно од укинување е да кажеме „топ е, ние би државен и за докторски студии“.
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.333
Поени од реакции
21.648
И наеднаш од таа цврста реторика „укинување и ништо друго“ доаѓаме до тоа „лоши се измениве и ние сме свесни ама ај ќе го одложиме само применувањето“...
Спротивно од се она што до сега се збореше и правеше.
Не е само обично одложување на примената, ќе се гласа комплетно нов закон. Во новиот закон може и да нема државен испит.
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Вау, големо чудо кој е тој вториот. Ко демек ќе имаше некаква разлика. Ај сеа за глупости ќе се фаќаме. :)

Иначе во вторникот на генерален се збореше исклучиво за одложување на примена. А погоре ти кажав зошто. И не гледам како е спротивно. Спротивно од укинување е да кажеме „топ е, ние би државен и за докторски студии“.
Ок, секој различно гледа на тоа. За мене е показател на несериозност.

Не е само обично одложување на примената, ќе се гласа комплетно нов закон. Во новиот закон може и да нема државен испит.
Може и нема да има нов закон, може па и да има нов закон во него пак ќе биде вметнат државен испит. Вака се признава посредно она што до сега не се признаваше.
Во секој случај ставовите беа „укинување на државниот испит и разговори за нов ЗВО“, а не „одложување и разговори за нов ЗВО“.
 
GordonGoldader

Brother Nature
Член од
18 јануари 2014
Мислења
445
Поени од реакции
599
Не бе, ќе упаѓаме на предавања и ќе бојкотираме, пошо така ќе им покажеме на професорите и владата.

Шо ги ебеме студентите шо плаќаат за да слушаат предавања, шо ги ебеме шо станале у 5 сабајле за да фанат превоз до Скопје за предавање, шо ги ебеме шо плаќале карти, шо ги ебеме тие шо плаќаат по кирија, шо ги ебеме шо чекале со саати за предавања.

Вака некој вечити студент, станал у ниедно време, се отспал, го боли и онака кур за дали ќе оди на предавање или не, си има пари даваат неговите, шо го боли к*р шо некој збира пари со месеци за да си обезбеди образование, он ќе иде и ќе наредува „ АЈДЕ АЈДЕ АЈДЕ! АЈДЕ ИЗЛАВАЈТЕ! АЈДЕ! УУААА АВТОНОМИЈА!! УААА ПРЕДАВНИЦИ!!! БУУУ.“

Ова е една од најглупите постапки шо пленумот ја има направено. И со ова се гордеат, со ова шо на своите колеги им буквално плука у фаца, пошо сакаат да изиграваат анархисти и веќе навлегуваат во нечии политички цели.

Ќе бојкотираат.

Шо бојкотирате бе, шо?
Дајте добра причина зошто се бојкотира.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.021
Поени од реакции
74.405

За жал тоа е сонот на некои од ликовите кои ги гледам дека спамаат на ФБ како претставници на студентскиот пленум и претпоставувам дека во моментов они се главни таму.
Како што кажав, со такви анархо-фемина-анима мунди фаци не можеш да излезеш на крај со политиката во државава.
Во Македонија, треба да преговара човек кој што знае на што се се спремни политичарите, човек кој може да го процени следниот потег на оние кои го предложиле законот, човек кој е на иста бранова должина со оние кои се борат за смена против законите.

Како прво, ликовиве што ги споменав обожаваат да се образуваат од странска литература, базирана на вистински случувања, но во држави во кои владе демократија, во држави во кои нема контра протести, во држави во кои професорите би се вклучиле во правењето на целиот закон, во држави во кои професорите не се поделени на политички партии итн.
Во оваа држава, тоа што го учеле од странската литература и мислат дека може да го применат ИМА НУЛА ЗНАЧЕЊЕ, и никој нема да ги ебе ни два посто, како што е случајот и сега.

Како второ, врска немаат какви се мислењата на нивните соученици, на оние чии права ги бранат. Пак ќе кажам, не знам колку студентите го поддржуваат последниот потег, ама не е тешко да се процени дека потегот им е тежок феил и ако настојуваат агресивно да бараат бојкот на настава, ќе ги изгубат сите следбеници.
Одлично работеа, протестите беа перфекција, и со овие потези паѓа се во вода.
А немаше да биде феил ако си стоеа на ставот, нема државен испит и точка.
Кога веќе си прифатил некој предлог, значи нема за што да се буниш.
Не е оправдување дека не знаеле за што гласаат, божем не знаеле кој им беше ставот до сега?
Барај повеќе за да добиеш нешто во државава, почнеш ли да прифаќаш предлози, чао пријатно.

Сите се изгубени во свемирот, почнувајќи од министрите, до професорите и студентите, кога ќе сфатат каков закон донеле за некоја година, ЌЕ СЕ ЧЕШААТ.
Само треба време да им проработат мозочињата за да видат какви промени се донесени, и кои се тие јунаци што ќе ги спроведат промените, кога се нема никаква основа за тоа.
Не е ова плукни залепи како што си мислат тоа куропушачите од контра професорскиот пленум, баш сакам се да се изгласа, па да ги видам после тоа како баш тие истите ќе се снајдат во промените.
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Како второ, врска немаат какви се мислењата на нивните соученици, на оние чии права ги бранат. Пак ќе кажам, не знам колку студентите го поддржуваат последниот потег, ама не е тешко да се процени дека потегот им е тежок феил и ако настојуваат агресивно да бараат бојкот на настава, ќе ги изгубат сите следбеници.
Bitch please...
Па и оние што се вклучени во Пленумот не знаат што се планира, а не пак ние останатите студенти кои не ги следиме/поддржуваме/сакаме/whatever...
Не може ја да им дадам или да не им дадам поддршка ако не ми објаснат што точно планираат, дали во таа окупација се вклучени професори, колку време планираат да окупираат, дали има договор со факултетите и поддршка од нив, дали ќе се одржуваат редовно предавања, дали ќе се одржуваат колоквиумите и испитите ако трае подолго, дали ја ќе имам финансиски загуби и најбитно дали ја тоа време што ќе го изгубам ќе биде изгубено со некоја цел, а не утре некој така лесно да отстапи од своите ставови и на крај ја мајмун да испаднам.

Ништо од ова нигде не е објаснето...
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.333
Поени од реакции
21.648
Може и нема да има нов закон, може па и да има нов закон во него пак ќе биде вметнат државен испит. Вака се признава посредно она што до сега не се признаваше.
Во секој случај ставовите беа „укинување на државниот испит и разговори за нов ЗВО“, а не „одложување и разговори за нов ЗВО“.
Во тие разговори за нов ЗВО спаѓа и укинување на државен испит. Ќе се изготвува комплетно нов закон, во кој може и да нема државен испит. Е сега, доколку случајно не се најде заедничко решение, повторно протести. Студентите ништо не губат со одложувањето. Напротив, во win-win ситуација се.

Не знам како не приметувате, најгласни после одложувањево се овие ретардираниве левичари од Ленка и Солидарност. Оној коњоштипон Мариглем, и компанија. Тие не се толку засекирани за државниот испит, колку што се за нивно пратеничко место во парламент. Од авион се гледа дека првенствено си одработуваат за нивни цели, интереси и политички поени.

Патем, се кријат зад маската солидарност и работнички права, а уствари со нивните движења и здруженија се залагаат за повисоки стапки на придонеси и повисоки даноци. Малку било 35% за придонеси, требало повеќе. Малку било 10% персонален данок, требало 24%. Малку бил данокот на добивка, требало да биде 20%.
Мислам... колку треба да си ретардиран да се залагаш за плаќање повисоки даноци!? Овие даноци сега што се, биле малку, требало повеќе. :facepalm:

Е вакви луѓе мометално имаат најголемо влијание во студентскиот пленум. И после се чудите зошто студентскиот пленум изгубил симпатии кај пошироката јавност. Се претставуваат како интелектуалци и луѓе кои во иднина ќе ја водат државава, а се глупираат со клипчиња за новиот албум на Цеца. Такви глупости и дофрлувања правевме во основно. Не личи еден коњоштип ко Мариглем, кој за неколку години може да го видиме во парламент, така да се однесува.
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Во тие разговори за нов ЗВО спаѓа и укинување на државен испит. Ќе се изготвува комплетно нов закон, во кој може и да нема државен испит. Е сега, доколку случајно не се најде заедничко решение, повторно протести. Студентите ништо не губат со одложувањето. Напротив, во win-win ситуација се.
Разговори за нов ЗВО не значи дека тој нов закон и стварно ќе се донесе. Нигде не е договорена временска рамка па некој да биде под притисок на таа рамка. Може до тој закон никогаш ни да не дојде.
Друго еве дури и да дојде до нов закон, никој не гарантира дека во тој нов закон нема да го има пак државниот испит. И сам си кажуваш во болдот „може“, што не значи дека сигурно ќе дојде до тоа. Јас мислам дека студентите сега имаат појака позиција него што ќе имаат кога ќе си ја заврши Груевски главната борба. Се останува да видиме прво дали Груевски ќе ја „преживее“ главната битка, а и дали ќе излезе „неповреден“. Ако „преживее и излезе неповреден“ ништо од ова што вие го викате како вин-вин ситуација нема да им користи на студентите.

Друга работа што никој више не ја спомнува, зошто ја прифативме како апсолутна вистина, Пленумот не е веќе легитимно тело на студентите. Не може више да се вадат на вториот марш зошто тој беше и помина. Реалноста е дека од тие 10.000 студенти кои ја претставуваа легитимноста на СП сега немаат ни третина од тоа. СПУКИМ не е ете ни легално ни легитимно тело на студентите, ама па и СП не може да се смета себе за легитимен преку настан кој го организирал пред 4 месеци, а во меѓувреме направи грешки со кои ја изгуби поддршката.
 
oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.085
Поени од реакции
1.254
Зошто се прифаќа одложување? Затоа што знаеш дека ако им одиш со став „укинување по секоја цена“ ќе се заинаетат и нема да попуштат. А патем кажано, дел од новодонесените одредби веќе мора да се имплементираат од летово или од почетокот на идната академска учебна година.
Друже ако не ти е мака да побараш, кои одредби треба да стапи на сила ?
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.333
Поени од реакции
21.648
Друго еве дури и да дојде до нов закон, никој не гарантира дека во тој нов закон нема да го има пак државниот испит. И сам си кажуваш во болдот „може“, што не значи дека сигурно ќе дојде до тоа.
Со ова, вие добивате шанса да преговарате против државен испит. Ви се пружа шанса да го добиете тоа што го сакате. Ете, и во случај да не се договорите, продолжувате каде што застанавте. Продолжувате повторно со протести и окупации. Ништо не губите.
 
Член од
16 јануари 2009
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.068
Друже ако не ти е мака да побараш, кои одредби треба да стапи на сила ?
Прилично сигурен сум дека не попуштиле за педагошката академија од Влада. За другиве сите мислам ќе важи одложувањето. Мада ова неофицијални информации се :)
 
GordonGoldader

Brother Nature
Член од
18 јануари 2014
Мислења
445
Поени од реакции
599
ЌЕ зеам и ќе направам контра пленум.
Пленум кој ќе се замара за она што навистина им е болка на студентите - домовите, превозот, условите, лабораториите, литературата.
Не за некој си наводен тест од кој се исплашивте да не видат како сте препишувале.
Највеќе се бунат овие од правен и економски, фаци шо у живот не отишле на усно испрашување.
А па овие од Филозофски шо изиграваат најголемите мудреци, се они кажуват како требало шо требало ем на фејсбукот шо следам некои фаци, со дури по 2 ебени завршени факултети, само исправат криви дрини и на крај гледаш го набутал 30 години у газ а нема еден ден стаж.
Зошто?
„ Па види вака брад тука има некое апла ова она мислење со таков и онаков менталите и овој оној мора да се смени пошо влијае вака онака врз “ и на крај сите криви од Грујо до Заев зашо он за к*р не е способен и сеа ќе сака да добие некое политичко поенче за утре полесно да улезе у некоја партија и со тоа на убаво место да се намести. Користат некои страшно али страшно големи зборови, па латинизми, па странски зборови за да изгледаат попаметни и да продадат муда за бубрези.

Од вакви фаци шо продаваат магла повеќе ќе го поштувам Коста Петров, пошо он ни те тера ни те моли да му ја купиш книгата, а овие ако им се спротиставиш или не им одиш по газ по дефолт си ВМРОВЕЦ, ПАРТИСКИ ПОЛТРОН и уште што не, пошо не сакаш да им угодуваш, а тоа многу ги лути пошо цел живот се било по нивен газ.

И се спротиставил на Каракамишева, го дале на НОВА ТВ и опс одма му пораснало курето и се перчи ко ослободител насекаде, и овие будали трчат по него и му го пушат без да сфатат дека он по Рамковен утре комотно си влегува на добро работно место, а они ќе дремат по фб и ќе се молат за лајкови на нивните статуси.

И она денешното идиотско „ АВТОНОМНА ЗОНА“ и ГЕРИЛСКИ АКЦИИ.
Шо к*р е тоа бе?
Ваш е факсот, од дома го донесовте?
Кремчиња на мама и тато, они најумните се нашле да се бунат, пошо од нивен џеб е создаван факултетот.
Упорно користат АВТОНОМИЈА, АВТОНОМИЈА АВТОНОМИЈА! Али сомневам се дека знаат што значи тој збор уопште.
Автономија на ДРЖАВЕН факултет.... еј ДРЖАВЕН и викат дека ДРЖАВАТА нема ПРАВО да се меша во неговото работење.
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Со ова, вие добивате шанса да преговарате против државен испит. Ви се пружа шанса да го добиете тоа што го сакате. Ете, и во случај да не се договорите, продолжувате каде што застанавте. Продолжувате повторно со протести и окупации. Ништо не губите.
Губиме ако Груевски излезе како победник од оваа војна сега што ја има, зошто тогаш ќе бидеме во послаба позиција него што сме сега.[DOUBLEPOST=1423604996][/DOUBLEPOST]
ЌЕ зеам и ќе направам контра пленум.
Пленум кој ќе се замара за она што навистина им е болка на студентите - домовите, превозот, условите, лабораториите, литературата.
Не за некој си наводен тест од кој се исплашивте да не видат како сте препишувале.
Највеќе се бунат овие од правен и економски, фаци шо у живот не отишле на усно испрашување.
Студент ли си ти воопшто ?

Прво ни расправаше како овој државен испит бил исто што и државниот испит на Медицински факултет, а сеа кажуваш па и дека правниците не знаат што било усен испит.

Кажи си што ти е ставот, ок е тоа, ама не вади вакви генијални заклучоци.
 
GordonGoldader

Brother Nature
Член од
18 јануари 2014
Мислења
445
Поени од реакции
599
Губиме ако Груевски излезе како победник од оваа војна сега што ја има, зошто тогаш ќе бидеме во послаба позиција него што сме сега.[DOUBLEPOST=1423604996][/DOUBLEPOST]
Студент ли си ти воопшто ?
Студент сум на медицински.
Кога излегоа новите реформи за медицинскиот факултет, никој не се ни бунеше ниту пак се потруди да рече дека е неправедно спрема нив. Ама не, ништо од тоа.
Сега излезе овој „државен испит“ шо би требало да провери дали имаат во главата стаено нешто за овие години, одма тука паники, кревање герилски акции, абе уште да фанат и да убиваат луѓе.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom