Јас си кажав и не се мрдам од моето: Овакви нешта заслужува таа, иако треба малце поинтелигентно.
Ако она смее на нејзините студенти да им труби и пере мозок (како што реков, има студенти кои немаат изградено став, не ги сфаќаат или не се интересираат за некои работи), тогаш и ние може ова да го правиме. Пак ќе прашам, дали е нормално некој да оправдува убивање на 12 души само пошто била навредена религијата?
Не планирам да трошам енергија веќе на оваа тема, иам побитни работи моментално.
Сакате поврзете го со цел Пленум, сакате поврзете го со интерен пленум на Правен (каде сум и јас), гајле ми е.„Дозвола“ за герила акции има, начин на нивно изведување е на избор на оние што ја изведуваат.
Целта на Студентскиот пленум е една (во моментов) - одложување на примената на новите измени на ЗВО, а потоа отпочнување на работа на комплетно нов закон!