- Член од
- 21 ноември 2007
- Мислења
- 10.753
- Поени од реакции
- 9.520
Јас коментирав за видеото поставено тука и не бев информиран за тоа што се случувало пред тоа...Сега разгледав што била ситуацијата пошто немав време. Така нека било ете. Мое мислење е дека без разлика што х професор е јавно актуелен опозициски или позициски, ниеден студент нема право на предавање да го испрашува професорот. За време на предавање се знае кој е претпоставен, а кој студент. Некои други облици е ниво на култура. Ако некого го интересирало нејзиниот став има др механизми, во кабинет и сл. Доста професори се т.н “експерти“ по телевизии кои солат памет (и Каракемишева е во нив и х редица позициски и опозициски кои шират само демагогии со кои не се сложуваме), но јас ако не се согласувам со тоа немам никакво право да го испрашувам него на сред предавање. Сум бил и ја во ситуација кога некои ставови на професорт не сум ги делел, но тоа не ми дава право да влегувам во дуел со него на сред предавање. Друга работа, јас не гледам во предавалната да биде полна истомисленици освен овие 7. Да владееше атмосфера од мнозинството е друг муабет за такво дејствување, но овде гледам 7-8 од 50+ студенти на предавање што не е коретно. На остатокот им сметаше ваквото делување, нели? Мило ми е што размислуваш како мене дека ваквиот начин не е коректен и затоа без разлика што дискутираме и не се согласуваме за некои прашања, сепак ги почитувам твоите мислења и ставови.Прво, како што ми пренесоа, фали првиот дел од предавањето каде што поставени се прашања кон Каракамишева: „Како го толкува член 46 од Уставот“ и „Дали како експерт по Уставно право смета дека новиот закон го повредува Уставот“. Таа одбила да одговори а овие прашања (нешто во стил: има време за тоа, ја разбирам вашата младешка бунтовност бла бла). После тоа биле кревани раце за уште прашања, таа не ги игнорирала (не е дека не ги видела затоа што не можеш да не видиш 7-8 души како креваат раце во исто време), па поради тоа пристапиле кон друг начин. Нејсе, и јас сметам дека пристапот е малце погрешен, требало со поинтелигентно тролање. (пример: прашање околу начинот на полагање на испитот, дали ќе биде со 5 прашања на заокружување...)
Но, што сакам да потенцирам? Тоа е дека акт на 7-8 души не можеш да поистоветиш со 150-200 души (колку и да сме што активно сме во Пленумот). Тоа е направено на своја рака (и одговорност), гледаш дека на фан страната на Студентски пленум нема ништо објавено. Значи не е во име на Пленумот, не е со „амин“ од Пленумот. Затоа те молам, и тебе и сите други, немој да генерализираш. Ако некој има некакво однесување кое не доликува и притоа (у најмала рака) нема добар смисол за хумор, е лична работа.
Јас не генерализирам дека остатокот од пленумот се исти, туку говорам дека во моментов бидејќи нема круг од 10/15 кои ќе се најекспонирани и врз кои ќе се гради мислењето за Пленумот (не мора да има еден водич или сл), па ваквите поединечни испади да се исповетуваат со Пленумот зошто на рандом луѓе не можиш да им објасниш дека не се. Ова не е прво од ваков тип. Инфо од близок другар на предавање во Филолошки, група студенти на среде час кај продеканката (мислам беше, не сум студент таму па не знам точно) претставувајќи се како од Студентски Пленум влегле во вербален дуел зошто да се плаќа казна ако се пропушти рокот за пријавување онлајн, при полна предавална (ова се случи измеѓу вториот и третиот протест мислам). Другар ми беше на сите протести досега, но беше разочаран од ваквиот тип.На ваков начин се губат поени многу.
За Ванковска да не продолжиме, моја грешка што ја спомнав.
Точно е дека е облик на активизам, но не мора да значи дека секој активизам е под дифлот добар и продуктивен, зошто ваков начин на активизам според мене е лош. Јас не сум од тие типови кои нечие туѓо размислување го поистоветувам со политичка конотација. Јас сум баш за таа етичка коректност, човечност и почит пред се меѓу сите нас зошто во моментов далеку е навлезена таа нечовечност и поделба (политичка, етничка, верска...).Тоа е облик на активизам. Нешто за кое пријателот неутрален од погоре не знае. Важна е поентата, а не формата. Научени сме во државава постојано да го игнорираме првото, а да се фокусираме на второто.
И не, не можеш драг неутрален пријателу Зиак, да знаеш ти нешто повеќе од ова. Не ти дозволуваат. Жуљаат уздите, ама ќе трпиш. Не можеш да знаеш зошто единствена поврзаност со некаков квази активизам ти е лепењето плакати.
И да, преку глава ми е веќе од такви како тебе. И преку глава ми е од политичка коректност. Поради оваа политичка и етичка коректност, дозволивме кецарошите да ни се одмаздуваат. Брутално и без пардон.
Мојот пост беше мислење за тоа дека ваквите акции носат лоши дамки на пленумот и губење на добро стекната популарност, а за тоа што навлегуваш во мене како профил што сум бил, многу лоша проценка имаш и од сега понатаму нема да реплицирам доколку сум поврзан со политичка конотација зошто не ги гледам јас луѓето околу мене по партиска боја и книшка.