Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.347
Поени од реакции
24.022
Малце го прочитав постот на @мкд владе и можев да заклучам дека гарант си купил шампањ и кавијар и сеа дома слави зошто протестиве немаат више толку масовност, ама најмногу зошто он бил во право. Сеа сите него треба да му се клањаме и слепо да го следиме (y)
Дали стварно бил у право или не, не ме ни интересира.
Тука е твојата грешка за жал. Во болдот.
Јас можам да славам единствено затоа што протестите од мирни не преминаа во насилни за среќа на сите, иако тука на големо се пропагираше и за такво нешто.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.031
Поени од реакции
11.667

Абе тука индивидуалци кои не се дел од Студентскиот пленум како движење може се' што сакаат да напишат. Студентскиот пленум секогаш се залагал за мирни протести. :)
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058

Зошто на цитирање од мој пост го пишуваш ова испаѓа дека ја сум повикувал на насилни протести ?!
А за тоа каде ти мислиш дека е мојата грешка, пак ми е гајле. Штом за тебе разводенувањето на правото на штрајк на наставниците е добра работа, твоите мислења и ставови ми се ненормално многу битни и значајни во животот.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.347
Поени од реакции
24.022
Прво, на избори се бираат пратеници. Критериумите на министрите треба да ги задоволат пратениците затоа што тие ја бираат Владата. Индиректно можеп да ја поврзеш Владата со гласачите, но прашањето е: дали пратениците ќе ја злоупотребат довербата од граѓаните и ќе изгласаат несоодветни луѓе да влезат во Владата.
Второ, жалното е што при изборите, немаме избор да одбираме меѓу пратенички кандидати, туку гласаме за листи. Затоа можеби треба да размислиме за тип на гласање со т.н. отворени листи. Ама не, тогаш суетите на лидерите на партиите и потесното раководство нема да го дозволат тоа.

Извинете за оф-топиков, сакав само да му објаснам. :)
Затоа одма од старт му реков дека споредбата не му е на место.
И да се разбериме( иако малце одиме офтопик) ние моментално имаме карикатура од демократија. Жално но вистинито. Нашиот систем повеќе личи на болен пациент кој ако не е поврзан на апарати ке умри. За трагедијата да биди поголема апаратите ги контролира некој друг и по потреба уклучва или исклучва по некој.
Изборниот систем ни е таков каков што е. Можеби нема да ти се верва, но и мене не ми е баш по кеф. Да е до мене јас сум за многу постабилен и помалце демократски систем каде не би постоела можност на блокада на институциите и со тоа цел систем да го држиш перманентно во нестабилна положба со што не прави и нестабилни како држава. И да јас сум за државата, републиката пред граѓанинот. Но тоа не е за тука.
Од друга страна со самото тоа што отворивте друга тема во која се говори за промена на системот кажува дека не сте спремни да играте по правилата на играта туку надвор од неа. Едноставно грешката ја барате секаде на друго место, само не во вас самите.
И мислам доста е со оффтопик. Ми се смачи од банирање.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.031
Поени од реакции
11.667
Не бараме промена на системот, бараме целосно нов Закон за високо образование кој ќе се донесе по претходна дискусија на сите засегнати страни, како и спроведување на темелна анализа на високото образование. Но за тоа, ќе требаше да го повлечат предлог-законот.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.347
Поени од реакции
24.022
Абе тука индивидуалци кои не се дел од Студентскиот пленум како движење може се' што сакаат да напишат. Студентскиот пленум секогаш се залагал за мирни протести. :)
А што ако ескалираа од некои индивидулаци кои и не се членови на пленумот. На собирот имаше и криво и куцо. Мислиш дека после на некој ке му беше важно за што се залагавте. Мислиш дека на јавноста ке и беше гајле дека вие сте имале такви ставови. Што ако работата излезеше од контрола и имаше жртви.
Што тогаш. Ке речевте пупу неважи. Толпа е тоа, толпа од 20000 луѓе( ете од мене ви давам уште некоја иљадарка нека има).
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.031
Поени од реакции
11.667
А што ако ескалираа од некои индивидулаци кои и не се членови на пленумот. На собирот имаше и криво и куцо. Мислиш дека после на некој ке му беше важно за што се залагавте. Мислиш дека на јавноста ке и беше гајле дека вие сте имале такви ставови. Што ако работата излезеше од контрола и имаше жртви.
Што тогаш. Ке речевте пупу неважи. Толпа е тоа, толпа од 20000 луѓе( ете од мене ви давам уште некоја иљадарка нека има).
Немаше шанси за такво нешто затоа што расположението беше крајно мирно, што се докажа со тоа дека на маса од 10 илјади луѓе (ја земавме таа бројка како нешто најблиску до вистината, технички не можеш да измериш толку точно) немаше ниеден инцидент. Ние бевме свесни дека никој од тие луѓе што излегле со став „против државниот испит“ или „стоп за лошите реформи во високото образование“ нема да се дрзне да направи такво нешто. Повеќе стравувавме од инфилтрирани членови на некои структури. :)На три масовни протести немаше ниеден инцидент.
Пред вториот марш речиси немаше повици за употреба на насилство, ако можам да се изразам така, од страна на индивидуалци (по коментари што пратив на самите настани кои беа направени на Фејсбук). Веќе пред третиот протест имаше повеќе такви индивидуални желби/повици/што и да се, затоа и повеќе редари имаше и добро што немаше ништо. Затоа што знаат дека така само ќе наштетат на целото движење.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.347
Поени од реакции
24.022
Зошто на цитирање од мој пост го пишуваш ова испаѓа дека ја сум повикувал на насилни протести ?!
А за тоа каде ти мислиш дека е мојата грешка, пак ми е гајле. Штом за тебе разводенувањето на правото на штрајк на наставниците е добра работа, твоите мислења и ставови ми се ненормално многу битни и значајни во животот.
Од каде го извади сега тоа дека ти си повикувал на насилни протести.
Јас ти кажав само дека ако сум и славел нешто, би славел за тоа што јас го наведов, а не тоа што ти го претпостави.
И немора моите ставови да ти се битни, очигледно имаме дијаметрално спротивни ставови околу многу работи, што е и сосем нормална работа. Не зборувам јас тука за моите ставови или твоите ставови, туку за анализата и можните исходи.
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Од каде го извади сега тоа дека ти си повикувал на насилни протести.
Јас ти кажав само дека ако сум и славел нешто, би славел за тоа што јас го наведов, а не тоа што ти го претпостави.
И немора моите ставови да ти се битни, очигледно имаме дијаметрално спротивни ставови околу многу работи, што е и сосем нормална работа. Не зборувам јас тука за моите ставови или твоите ставови, туку за анализата и можните исходи.
Можеби зошто тоа го пиша на цитат на мој пост и во реченица во која коментираш мои зборови.
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
14.372
Поени од реакции
30.792
Ако досега македонската универзитетска диплома беше малку ценета, сега нема никаква важност.
Без државен испит можеш комотно со дипломата да си го избришеш газот.
Едвај чекам да видам кој ќе биде новиот пакет реформи кога абдаливе ќе сфатат што направиле.
Сигурно ќе биде уште посмешно и поурнебесно гледајќи како државава тоне подлабоко.

RIP македонско образование
памтивек-2015
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.347
Поени од реакции
24.022
Немаше шанси за такво нешто затоа што расположението беше крајно мирно, што се докажа со тоа дека на маса од 10 илјади луѓе (ја земавме таа бројка како нешто најблиску до вистината, технички не можеш да измериш толку точно) немаше ниеден инцидент. Ние бевме свесни дека никој од тие луѓе што излегле со став „против државниот испит“ или „стоп за лошите реформи во високото образование“ нема да се дрзне да направи такво нешто. Повеќе стравувавме од инфилтрирани членови на некои структури. :)На три масовни протести немаше ниеден инцидент.
Пред вториот марш речиси немаше повици за употреба на насилство, ако можам да се изразам така, од страна на индивидуалци (по коментари што пратив на самите настани кои беа направени на Фејсбук). Веќе пред третиот протест имаше повеќе такви индивидуални желби/повици/што и да се, затоа и повеќе редари имаше и добро што немаше ништо. Затоа што знаат дека така само ќе наштетат на целото движење.
Па тоа и сакам да ти го кажам цело време. До вториот се беше во ред, никаква критика не добивте од никој за собирот. Небитно дали ке ги остваревте целите или не или дали некои ги оправдуваа вашите барања или не, сепак собирот како таков немаше забелешка. Но добро велиш, тие се јавија после вториот. Зошто ?
На некој им удри во главата толпата од 10000 луѓе, добра критична маса за такво нешто, и затоа се јавија такви коментари и повици. Мислиш дека некои редари ке можеа да исконтролираат толкава толпа на народ и можеш да замислиш што би се случило ако работите тргнеа по сценариото како што некои го поскауваа?
 
Желбата за радикализирање во насока на употреба на насилство се појави кај некои поради мислата дека со тоа ќе успееме да ја решиме стварта и фактот дека изигнорирале толпа од 10000 луѓе. Хау јес ноу. Барем не во ова време. Иако се чини, ако гледаме низ примерите во историјата, најефикасниот начин.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.347
Поени од реакции
24.022
Желбата за радикализирање во насока на употреба на насилство се појави кај некои поради мислата дека со тоа ќе успееме да ја решиме стварта и фактот дека изигнорирале толпа од 10000 луѓе. Хау јес ноу. Барем не во ова време. Иако се чини, ако гледаме низ примерите во историјата, најефикасниот начин.
И тука пак доаѓаме до констатацијата дека ке изигрававте топовско месо. Ке ве искористеја за нешто што очигледно неможат да го постигнат по легален пат. А во меѓувреме ке ја втурневте државата во состојба на граѓанска војна. Кој би имал корист од тоа. Ти ? Јас ? Обичниот граѓанин ? Оти јас, ти , народот ке беше вовлечен во немили настани , ке учествуваме во истите не по своја воља од кои ке патевме со генерации и како народ и како држава. Не мислиш дека цената што ке ја платевме би била малце преголема?
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
@мкд владе колку преувеличуваш ни сам не си свесен...
Од студентски протести дојде до тоа дека ќе имало насилие и жртви за на крај студентските протести да ги поврзеш со граѓанска војна :facepalm:

Значи секој натпревар на Вардар кај шо се тепаат Комити со специјалцине е почеток на граѓанска војна за тебе ?
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.031
Поени од реакции
11.667
И тука пак доаѓаме до констатацијата дека ке изигрававте топовско месо. Ке ве искористеја за нешто што очигледно неможат да го постигнат по легален пат. А во меѓувреме ке ја втурневте државата во состојба на граѓанска војна. Кој би имал корист од тоа. Ти ? Јас ? Обичниот граѓанин ? Оти јас, ти , народот ке беше вовлечен во немили настани , ке учествуваме во истите не по своја воља од кои ке патевме со генерации и како народ и како држава. Не мислиш дека цената што ке ја платевме би била малце преголема?
Како прво, такви повици најчесто беа некои ваљда со вишок енергија во себе, па можда сакаат да се расфрлаат со некој камен или да се тепа со полиција. Тие да ги наречеш дека имаат задни намери (знам на што алудираш) е смешно.
Второ, преувеличување до даска. Видов после 24ти декември 2012 у граѓанска војна влеговме. Политичка криза да, но немој да споредуваш со граѓанска војна.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom