Иначе, на седница на Собрание во среда е предвидено второ читање на измените и дополнувањата на ЗВО. Точка 34 од 36-7 ако не се лажам. Прво оваа седница требаше да биде утре, (т.е. веќе денес) наеднаш се премести (случајно, исто како и седницата на Комисијата за образование, наука и спорт). Чекаа да помине на Комисијата за да ја вметнат на пленарна седница.
(1) Ако на второто читање на седница на Собранието се усвоени амандмани на помалку од една третина од членовите на изменетиот предлог на закон, Собранието може да одлучи третото читање на предлогот на закон да се одржи на истата седница.
(2) Претседавачот одлучува дали третото читање ќе се одржи веднаш по усвојувањето на одлуката од ставот 1 на овој член.
Што значи дека уште во среда ќе може да се изгласа законот. Не знам искрено колку амандмани беа прифатени на Комисијата. Али сигурно ја наредиле работата за да се изгласа уште на второ читање. Пу јаз'к, штета што не го тераа по скратена постапка.
Секако, останува можноста да продолжи седницата во четврток, зависи колку време ќе треба за претходните точки.