Аха значи сега постои и учење на памет без разбирање. Значи тестовите с вусшност бескорисни? Или не знам, тие што учат општествени науки како на пример историја се бескорисни луѓе пошто треба да памтат едн куп податоци. Тестот е потврда за знаењето.
За купените дипломи да имаше еден куп луѓе што заврија со врски и со среќа/молење. После тоа некои од нив се уозбилија почнаа пракса и се вклопија некако. Не е фер.
Последно државата инвестира во високото образование и сака да знае кај идат парите. Исто така е заинтересирана за тоа какви "кадри" произведува како држава. Иначе според тебе зошто би и било гајле и за средношколците? Зошто е забрането самоубиство и самопвредување и тн. да не ја ширам темата....
Ова ке ти дојде како шок, ама... да, постои учење на памет без разбирање.
Ајде да ги оставиме општествените науки за момент, кажи ми како програмерското знаење ке го оцениш со 5 прашања?
Можеш да ме провериш дали ја знам синтаксата на јазикот, и тука застанува листата на работи што може да се тестираат со прашања.
Со 5 прашања нема да можеш да тестираш како размислувам, нема да можеш да видиш дали на правилен начин ги решавам проблемите.
Факт е дека на техничките факултети се учат работи кои што неможе да се тестираат со 5 multiple choice прашања.
Секој обид да се направи такво нешто ке значи лоши резултати, ... од другата страна ке има и повеќе пари за у буџетот ама тоа не е поентата. Ако веќе имаш толку голема желба да правиш тестирање ке си најдеш друг соодветен модел.
Кога веќе збориме за соодветен модел за тестирање, ке се навратам на прашањето што го прескокна:
Имам многу колеги кои што паѓаат на инженерските предмети, математика,програмирање... и еден куп други предмети каде што се бара разбирање на материалот што се учи, но тоа не им е пречка да имаат по 100 поени на предметите каде што има еден куп набројувања,дефиниции... работи што се учат напамет.
Сите, буквално сите колеги што имаат знаење отворено велат дека имаат потешкотии со материјалот што треба напамет да се знае, а државниот испит е токму тоа, напамет научени прашања и одговори.
Како ова придонесува кон подобро образование?
За купените дипломи... мило ми е што луѓето се уозбилиле и сватиле дека им треба знаење.
Дали е фер? Секако дека е, јас сум потрошил 4 години одбирајќи предмети што ке ми донесат знаење од областите што ме интересираат, неможе некој што ја купил дипломата за 4 месеци да дојде до тоа ниво на знаење.
Можат да ја купат дипломата но не и знаењето, јас повторно имам огромна предност.
Во идеални услови, добро би било дипломата да има некое значење, ама за тоа да се случи потребни се други реформи, државниот испит каков што е во никој случај неможе да помогне.
Државата и нејзината желба да види какви кадри произведува...
Што ако државата ги следи студентите по завршувањето на факултетот?
За колку време пронашле работа?
Колку од нив нашле работа?
Колку од нив ги продолжиле студиите во странство?
Колку од нив отишле во странство веднаш по студирањето?
Доволно е овие прашања да ми ги одговориш и ке ги воочиш проблемите и насоката во која треба да се движат решенијата.
И тоа ке биде решение со кое сите ке се согласат, решение кое е подобро од државниот испит.
За средношколците и другите прашања надвор од темата нема да добиеш одговор, сакам да дискутираме за државниот испит а не за општата состојба во Македонија.