Љубов со пари сепак се купува

  • Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување

Дали ги оправдувате ваквите ергени кои купуваат жена?

  • да

    Гласови: 78 58,6%
  • не

    Гласови: 55 41,4%

  • Вкупно гласачи
    133

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Само пред да дрданте да знаете дека порано во Македонија не се земале од љубов туку со стројници. Прашајте вашите баби и дедовци. А во традицијата во цела Западна Македонија каде што живеат и Православни и Муслимани ( без разлика Турци, Македонци и Албанци) требало да се плати.. x)
А и па дека денес што дека се земате од љубов, па по неколку години од нејзе се разведувате..
Да така било порано, исклучиво преку стројници иделе тие работи, особено оваа традиција ја имало во западниот дел од државава и кај Христијаните и кај Муслиманите и кај Македонци, Албанци, Турци и.т.н. но после 2 с.в. оваа традиција постепено се губи и изчезнува кај Македонското Правосл. население, но кај Муслиманите(Албанци, Турци, Торбеши...) ите-како ја има и ден денес оваа традиција ............ ама нели они се заостанати и глупи, а ние сме секогаш нели најпаметните ........... еве на пр. баба ми и дедо ми кои потекнуваат од тие краишта се земени на тој начин, преку меѓусебен договор на нивните семејства ........... дедо ми имал ниви и стока и таткото на баба ми веднаш и рекол дека овој ти е лика-прилика и ете биднала работата и сеуште се во брак, живи и здрави(80+ год.), бракот им останал цврст докрај, а што дека денешниве нели модерни бракови, кои се исклучиво нели од ’’љубов‘‘ па пак не ги бива и кратко трајат некоја годинка и раус, секој на своја страна, од ’’љубов‘‘ нели !
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.289
Човекот не е предмет и не смее да биде третиран како таков.
Одвратен ми е и тој што платил, и родителите што биле платени, и жената што го прифаќа сето тоа.
--- надополнето: 9 јуни 2012 во 04:20 ---

Очигледно типов не го бивало да си најде жена, затоа платил.
Како што се плаќа проститутка, затоа што не те бива (од разно-разни причини).
.
читаш,ама не дочитуваш,гледаш,ама ја вртиш главата изгледа доста често па испушташ по нешто..........никој не ја купува момата,парињата ги зема тој што ја брка да биди работата,во мои постови убаво е објаснато дека нејзините(таткото или најстарите браќа) доаѓаат да видат каде ја даваат момата,дали е домаќинска куќа итн итн,ама кој да прочита 5-6 страни од тема,се чита: “ЖЕНА--ПАРИ--ПРЕДМЕТ--ТОЧКА. сеа ќе видите вие кој предмет кој пари бееееееее........“
 
Член од
13 септември 2011
Мислења
143
Поени од реакции
469
Да забележиме дека тие имаат партнер.

Ако не е прекршен закон и во вид интима, зошто би коментирале услови и начини на нивно запознавање, за *овој* случај?
Ако коментираме за *овој*, треба и за *сите* случаи. Но, ако претпоставиме егзистенција, тогаш љубовта е силно ирационална (освен таа што не е),
следствено секој коментар е бестежински.

Мала е разликата меѓу запознавање преку facebook (теоретски, тогаш газдите на facebook ја имаат улогата на посредникот - тие земаат пари) и ова.
Зошто, тогаш, не се зборува толку за нив? И така натака.

Неколку забелешки: кој се грижи премногу за туѓиот срам, и за него самиот не владее добро мислење. Таа компензација е лек за егото, но е симптом
за останатите. Друго, кој суди, ќе му биде судено, затоа тој што суди, мора со пример да докаже дека е супериорен на сите полиња референтни.

Но, во мое разбирање е дека 9 од 10 од тие што силно судат, го прават тоа како замена за одбрана (напад за одбрана). Смешно и трагично, но вистинито.
Зошто инаку ги интересира животот на другите? Повторувам, ако не е прекршен закон.

(Оваа традиција била еден од начините на комбинирање слични-со-слични. Уште повеќе, начин кој функционирал, сѐ додека не разбие пропагандата на
„заостанатост“, „феминизам“, „европски вредности“. Но, принцот никогаш не ја земал селанката во село, значи мора слично со слично.
Дури и некои тврдења на познати филозофи се дека не постојат разлики in concretо, освен финансиски
(дури и: сите ставови на човекот, се последица од неговата финансиска моќ))

Да забележиме дека станува збор за луѓе кои немаат проблем со моменталната слика на „идеалната“ жена што се наметнува од сите страни:
-без морал(„тоа е толку 19-ти век..“), без чест („еднаш живееме“), без деца, без фамилија (или, ако има, како нужно зло: после 40)
-бурен ноќен живот („саботата беше уау!!!“), интересен секојдневен живот („сексот и градот“), афери константно,
промискуитет (ако немаш парен број љубовници, заостанат/а си, не го разбираш времето; ако немаш три развода, не си човек!)
-редовно губење време зборувајќи за другите, редовно кокетирање („не ми значи ништо!“) (бидејќи така требало).

Не исклучувам причина за толку бурната реакција за скоро тривијално нешто дека е опасноста од оваа појава. Веднаш забележувам дека
претходно споменатиот тип на жени БИТНО губат од вредност со оваа појава. Што, можеби некој ќе рече, е доволна причина за да опстане оваа појава. :).

Смешна е споредбата дека „ова не било феминистички“.
Сурова вистина е дека феминизмот (и сите борби за т.н. „еднаквост“ на жената) ги донесоа до состојба на роб.
Најголемиот прекршок за жените е борбата за нивна „еднаквост“. Да имаме во вид и статистиката за разводи, несоодветни работни места, итн.
А уште поголем срам е парцијална „еднаквост“. Скоро еднакви. Тоа значи, експлоатација на другиот пол.
Значи, каде ни одговара, ќе бидеме еднакви, каде не, нема. И тие зборуваат за објективност!

Урнебесна комедија! Како и целата тема! Не е мое да оправдувам или не, додека не се прекршени закони.

Живеј и остави да живеат! (Германска поговорка).
 
Z

zmej gorjanin

Гостин

Да ги тргнеме неморалот и промискуитетот на страна, тие од секогаш си постоеле, па и во времето на вашите прабаби и прадедовци кои имале договорени бракови и демек си живееле во хармонија до крајот на своите животи. Никој овде никому не суди, само ме зачудува тоа што на форумов постојат луѓе кои поради X причини и неуспеси на љубовен план оправдуваат вакво нешто, притоа етикетираат дека сите се овакви или онакви, а не си ја чукнале главата дали причината лежи во нив поради тоа што се осамени. Еве да речеме, како тоа ти би се осеќал, во твоиве околности, кога би знаел дека одиш да купиш некоја особа со која под претпоставка би требало да останете заедно до крај на своите животи, а ниту два муабета немате сврзано. Не те плаши тоа дека после извесно време нема да можеш да ја гледаш, а не па дома да ти седи? Или сметаш дека во брак се живее по правила, битно бапни и го, склепај деца, па после што да е, ќе се гура некако?
 
831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.996
Поени од реакции
12.646
Обавезно ќе се најдат мудреци што ќе се обидат да го дискредитираат/отстранат послабиот/инаквиот под маската на моралот.
Не можеш никогаш да предвидиш како ќе се одвива спарувањето на две битија. Познавам вакви парови кои функционираат поздраво од овие моралните кои се спариле по пат на општо прифатените правила на парење т.е. запознавање во општонародно собиралиште (кафиќи) и долгогодишно лажирање на карактер.
Живеј и остај ги другите да живеат доколку не се мешаат во твоето право на истото...
 
Член од
13 септември 2011
Мислења
143
Поени од реакции
469
Да ги тргнеме неморалот и промискуитетот на страна, тие од секогаш си постоеле, па и во времето на вашите прабаби и прадедовци кои имале договорени бракови и демек си живееле во хармонија до крајот на своите животи. Никој овде никому не суди, само ме зачудува тоа што на форумов постојат луѓе кои поради X причини и неуспеси на љубовен план оправдуваат вакво нешто, притоа етикетираат дека сите се овакви или онакви, а не си ја чукнале главата дали причината лежи во нив поради тоа што се осамени. Еве да речеме, како тоа ти би се осеќал, во твоиве околности, кога би знаел дека одиш да купиш некоја особа со која под претпоставка би требало да останете заедно до крај на своите животи, а ниту два муабета немате сврзано. Не те плаши тоа дека после извесно време нема да можеш да ја гледаш, а не па дома да ти седи? Или сметаш дека во брак се живее по правила, битно бапни и го, склепај деца, па после што да е, ќе се гура некако?
Слабо следење на темата! Молам за препрочитување на условите - не се плаќа жената (??!!) туку посредник. Да забележиме дека и во секој случај плаќаш.

Мојот совет беше „Живеј и остави да живеат“; според тоа, не е јасно зошто сум прашан лично и индивидуално, но како добар соговорник, ќе одговорам:
После извесно време, и Господ станува неинтересен.
Една шега: Луѓето, како и рибата, после третиот ден, мирисаат..
(Човек ќе избере или брак или целибат - во секој случај ќе згреши (Сократ))

Наметнување на став во мое име е дрскост, ќе одговорам еднаш на овој начин на прозивање, но не повеќе од тоа.
Во последна линија, сите луѓе се осамени, а за тоа не мора да се сами (како еднина). Системско уништување на брак е битно посериозна тема, не е соодветно тука да зборувам за тоа. Но е ужасно, ужасно важна тема. Лесно му е на тој што мисли дека е „случајно“ зголемувањето на разводи, брачно нетрпение итн.
 
Член од
1 септември 2011
Мислења
177
Поени од реакции
113
Не е се во љубовта бидејќи гледам се прашувате каде била тука љубовта.Почитта и меѓусебното разбирање/ подржување е условот за долг и убав брак. Овие жени се воспитани во патријахален дух и знаат да почитуваат. Притоа се вредни и добри домаќинки. Знаат да му се потчинат на мажот, а мажите од село тоа ги импонира така да ете ги предусловите за добар брак.
А со тек на време се стекнува и љубовта. Познавам барем 15 вакви случаеви и затоа ова го пишувам, иако верувам дека постои можност и за исклучоци.
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Слабо следење на темата! Молам за препрочитување на условите - не се плаќа жената (??!!) туку посредник. Да забележиме дека и во секој случај плаќаш.

Мојот совет беше „Живеј и остави да живеат“; според тоа, не е јасно зошто сум прашан лично и индивидуално, но како добар соговорник, ќе одговорам:
После извесно време, и Господ станува неинтересен.
Една шега: Луѓето, како и рибата, после третиот ден, мирисаат..
(Човек ќе избере или брак или целибат - во секој случај ќе згреши (Сократ))

Наметнување на став во мое име е дрскост, ќе одговорам еднаш на овој начин на прозивање, но не повеќе од тоа.
Во последна линија, сите луѓе се осамени, а за тоа не мора да се сами (како еднина). Системско уништување на брак е битно посериозна тема, не е соодветно тука да зборувам за тоа. Но е ужасно, ужасно важна тема. Лесно му е на тој што мисли дека е „случајно“ зголемувањето на разводи, брачно нетрпение итн.
Не е битно на кој плаќаш, битно плаќаш и ја носиш дома плус. Паре на рака, Мара за рака, така некако излегува. Постојат и такви што не плаќаат во секој случај, да не генерализираме пак. Ги оставам да живеат, си кажав само мое мислење, веројатно темава е за тоа. За по селава ај и некако да ги разберам, иако пак ми е силување, веројатно затоа што верувам во карма. Дефинитивно се слагам и со Сократ и со тоа дека луѓето стануваат неинтересни. Само постојат два такви случаи на неинтересност поврзани со луѓето, во случајов жена, неинтереснa да некоја не можеш да ја поднесеш и неинтересна од тој тип што кога ќе ја снема сфаќаш дека не можеш да живееш без неа. Не наметнав став, само поставив хипотетичка ситуација и те прашав. И бидејќи се зголемува бројот на разводи, јас предлагам да направиме берза на жени, мислам дека комплетно ќе се реши проблемот и со разводите и со неверствата и со нетрпението.
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
А што мислите вие дека на запад нема вакви работи, посредништва за брак и сл. мислите дека таму во тој ’’модерен’’ свет сите до еден се запознаваат сами по тоа кафичите, журките и сл. грешка сте, оваа традиција е многу стара традиција не само на овие простори туку на целава планета, а и денеска сеуште опстојува, најмногу кај Муслиманите, но и кај сите останати(но поретко) .......... кај Македонците оваа традиција е прастара и сеуште ја има, но поретко ........... ОК и јас сум за тоа партнерите сами да си се запознаат, но доколку не успее тоа тогаш не гледам ништо лошо во тоа човек да побара помош од посредник за тие работи, особено ако е 35+ и што ако денеска е ’’модерно‘‘ време во кое нели секој сам треба да си запознае и избере партнер/ка, па пак голем број на бракови се неуспешни и пропаѓаат и тоа најмногу кај помладата популација !
И уште нешто и порано во минатото не биле баш сите бракови склопувани со меѓусебни договори помеѓу фамилиите и тогаш имало случаи каде партнерите сами си се запознавале, дружеле и си се земале, ама знаете тогаш луѓето биле скромни и природни, се запознавале на улица, на нива, шетале во природа, покрај реките и полињата ......... баш во тоа ’’заостанато‘‘ време имало вистинска љубов, а која љубов ја има денеска, модерно било да фатиш девојка/дечко во кафич или во диско, ма немој, а што ако некој/а не оди по такви места и денеска баш е време во кое нема воопшто љубов, машките ги гледаат женските во задникот, а женските ги гледаат машките во џебот и во марката на автомобилот, како и потеклото/фамилијата !
 
The countess

Аристократка
Член од
2 јуни 2012
Мислења
145
Поени од реакции
82
Грозно..
Предмети сме па ќе се купуваме -.-
 
Член од
26 февруари 2012
Мислења
271
Поени од реакции
232
Која среќа да живееш со некој што знаеш дека е приморан на тоа, а не бидејќи самиот така одлучил оти навистина сака!! :love:
 
Nymphadora

Емоцинално незрело џубре
Член од
2 февруари 2009
Мислења
986
Поени од реакции
1.672
21 -ви век сме денес ретко и кој бара љубов ;)
Па да.. и тоа шо викаш... денес некому му е доволно само да го перат и да го чистат и да биде задоволен. Секој со својот памет...
За простиот човек тоа е премија...
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.753
Поени од реакции
4.525
Па да.. и тоа шо викаш... денес некому му е доволно само да го перат и да го чистат и да биде задоволен. Секој со својот памет...
За простиот човек тоа е премија...
Тоа ми е поентата ,но не само прости туку и поинтелегентни се задоволуваат со помалку и ја занемаруваат љубовта само за да не бидат сами.
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.289
Тоа ми е поентата ,но не само прости туку и поинтелегентни се задоволуваат со помалку и ја занемаруваат љубовта само за да не бидат сами.
љубов,ех таа љубов кога ќе закасни или промаши..........избегни свесно.....итн....
 
831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.996
Поени од реакции
12.646
Па да.. и тоа шо викаш... денес некому му е доволно само да го перат и да го чистат и да биде задоволен. Секој со својот памет...
За простиот човек тоа е премија...
А вие што не сте прости да не завршувате поинаку некако а? Посреќно и послободно!? Ќе ве удри од земја таа приказната за т.н. љубов порано или подоцна when shit got real доколку не постои простор за другарски договор и меѓусебна толеранција...
На крај краева никој никого не присилува ништо со сила во случајот, ствар на договор е во прашање, и двете страни имаат некаква корист (што е и правило за било кои соединувања ако прочепкаш подлабоко).
 
Kajgana Shop

На врв Bottom