Љубов со пари сепак се купува

  • Креатор на темата .Lost Angel.
  • Време на започнување

Дали ги оправдувате ваквите ергени кои купуваат жена?

  • да

    Гласови: 78 58,6%
  • не

    Гласови: 55 41,4%

  • Вкупно гласачи
    133
L

.Lost Angel.

Гостин
Љубов со пари сепак се купува. Не можејќи да ја истрпат пребирливоста на локалните моми, ергените од делчевско Разловци, си ги одврзаа паричниците. Колку платиле за невеста во албанското село Лежај не кажуваат, но признаваат дека со посредници и со извесна сума пари си купиле домаќинка. Селото со околу 100 ергени, последниве месеци заживеа, откако три невести од Албанија се вдомија во пијанечкото село.​

Новата куќа на 35 – годишниот Љупчо од Разловци ја осветли Викторија од Албанија. Долго време Љупчо одел ерген, па откако видел дека разловечките моми повеќе сакаат да се мажат по градовите, решил да се одоми и да си најде домаќинка за новата куќа. Посредник од Прилеп му го покажал патот до Викторија и албански Лежај.

„ Дојде еден човек од Прилеп и отидовме за Албанија во Лежај, тој не водеше таму, и се договоривме, ја бендисав, и го чекавме брат ´и од Англија да каже тој, и тие дојдоа после три месеци. Добро е, и јас отидов и си ја донесов“, рече Љупчо Каравачки од с. Разловци.

Викторија има 30 години, знае англиски и италијански, а сега го учи македонскиот. Среќна е во домот со Љупчо во Разловци.

„Супер ми е. Знам малку, тука е убаво, ама тука ми е поубаво со Љупчо, вели Викторија.

Викторија и Љупчо се во брак 10 месеци, а за кратко време ќе станат и родители, но колку го чини Љупчо оваа среќа?

„Дадов на тој од Прилеп, околу 1000 евра оти одев со него со негова кола, има трошоци и така за друго не сум давал пари, вели Љупчо.

Викторија е прва невеста од Албанија која се омажила во Разловци, по неа стигнале уште две Албанки, но во селото каде има над 100 ергени подготвени за женење на големо се размислува да се оди и по други невести. Едни зборуваат дека една невеста ќе ги чини 3 илјади евра, други помалку, но проблемот со ергените ги загрижува повозрасните.

„Сиромашно е селото, безработица“, вели жител на с. Разловци.

„Треба да се женат, да одат во Албанија, по невести, мојата е од Србија, вели друг жител на Разловци.

Освен во Разловци, невести од Албанија има и во градот Делчево, но и во другите околни села, па се зборува дека нивниот број се искачил на 10.

Даниела Такева​
Извор канал5​
Коментари околу ова:?​
 
GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Незнам како стои дечково со пари, али не ми се свиѓа баш надворешниот дизајн на производов шо го земал...
Ама ај, може е функционален и лесно одржлив, you never know!
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Ахха така значи, абе уште сум троа младичок за женидба, али за некоја годинка ќе треба да си го спремам чекмеџето за одврзување ... че си купа некоја Аљбанка од Корча ... :D
 
fr0zen

Kirigaya Kazuto
Член од
26 септември 2011
Мислења
1.348
Поени од реакции
503
ајде, гарант албанкиве ќе бараат повеќе деца да имаат !:)
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
ајде, гарант албанкиве ќе бараат повеќе деца да имаат !:)
Грешка си, овие Албанки од тој дел на Албанија не се Муслиманки и не се многу по децата, 1-2 макс. ич да не му се секираш за тоа, мој роднина(вујко) од едно Охридско село одеше ерген до 41 год. и пред некој месец му најдоа жена од Албанија(Албанка-Христијанка) и го проженија човекот, инаку жена му убава е, 100 пати поубава од тоа ѓулето на погорната слика, ама слабо знае Македонски, само Албански, па сега се учи да збори на Македонски, инаку Христијанка е и горе-доле со ист менталитет, култура и сфаќања како нас Македонците, дури и премногу сме слични по се, освен јазикот !
 
Ма разбирам ја , никаде не реков дека се муслиманки , ако се муслиманки кој ... :) Него вујко ти има ли деца ?:)
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Ма разбирам ја , никаде не реков дека се муслиманки , ако се муслиманки кој ... :) Него вујко ти има ли деца ?:)
Трудна е моментално, пред неколку месеци(пред нова година) му ја најдоа од Албанија, сега се слушнавме по телефон пред некој ден и ни кажа дека трудна била, за цена немам појма не ме ни интересира, срам ми е да го прашувам такви работи, али сепак се горе-доле со менталитет како нас, освен јазикот, инаку немаат везе со овие Албанциве-Муслимани ОК освен национално/етнички односно јазично .......... и ништо друго !
 
fr0zen

Kirigaya Kazuto
Член од
26 септември 2011
Мислења
1.348
Поени од реакции
503
Трудна е моментално, пред неколку месеци(пред нова година) му ја најдоа од Албанија, сега се слушнавме по телефон пред некој ден и ни кажа дека трудна била, за цена немам појма не ме ни интересира, срам ми е да го прашувам такви работи, али сепак се горе-доле со менталитет како нас, освен јазикот, инаку немаат везе со овие Албанциве-Муслимани ОК освен национално/етнички односно јазично .......... и ништо друго !
А на попис дефинтивно албанка ќе се пише , не се како наши девојки кои се одадени/омажени за срби или било кои други националности , од притисок ќе се пишат срби/власи и т.н
Јебига , и од куманово има ергени од под 40 години , им помина време за женење и правење деца , ако сакаш жена и деца ќе си платиш жена , нема некоја друга алтернатива ...
Од липково што продават дрва (албанци) ни дојдоа на гости онака поседеа малку ( јас бев внатре во домот ) и слушнав од баба ми , дете од 17 се оженило ( тоа што беше на гости )
Немам никаков проблем со националности/вери/култура/етничка припадност , ако сакаат и марсовка нека купат за безпари ( шала )
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
А на попис дефинтивно албанка ќе се пише , не се како наши девојки кои се одадени/омажени за срби или било кои други националности , од притисок ќе се пишат срби/власи и т.н
Јебига , и од куманово има ергени од под 40 години , им помина време за женење и правење деца , ако сакаш жена и деца ќе си платиш жена , нема некоја друга алтернатива ...
Од липково што продават дрва (албанци) ни дојдоа на гости онака поседеа малку ( јас бев внатре во домот ) и слушнав од баба ми , дете од 17 се оженило ( тоа што беше на гости )
Немам никаков проблем со националности/вери/култура/етничка припадност , ако сакаат и марсовка нека купат за безпари ( шала )
Тие од Комуна е Љипковес се Аљбанци-Муслимани, а овие се Аљбанци-Христ. ............... тие од Љипкова не ги шиткаат на каури :icon_mrgr: !
 
fr0zen

Kirigaya Kazuto
Член од
26 септември 2011
Мислења
1.348
Поени од реакции
503
Тие од Комуна е Љипковес се Аљбанци-Муслимани, а овие се Аљбанци-Христ. ............... тие од Љипкова не ги шиткаат на каури :icon_mrgr: !
Знам бе друже , пак не спомнав тука мешање бракови од различни националности и религија , него ти спомнувам дете на 17 години да се ожени , а не пак ерген на 40 години да чека .....
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.288
ништо нема тука лошо освен што се потрошил доста човекот........жените од тие села се работни и знаат да почитуваат фамилија - идеални за некој кој е во поизминати години......да не оправдувам дека некој на 20-23 се женил на ваков начин,ама за над 35 од срце му пожелувам среќа и долг живот со избраничката........
 
Nymphadora

Емоцинално незрело џубре
Член од
2 февруари 2009
Мислења
986
Поени од реакции
1.672
и каде е овде љубовта?! ...
Се земале затоа што морале да се земат, затоа што годините ги натерале или можеби ситуацијата во која се. А дека ќе има љубов... тоа малку тешко.. може да има само пријателска љубов... или навика која ќе ги одржува заедно.
Кога не познаваш некоја особа и кога си се помирил со судбината дека ете така морало да биде, љубовта веќе нема некое посебно значење.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom