Врска на далечина...Кога се спомнува тоа знаеме дека најпрвин е најважна и довербата нели?Ме мачи еден проблем,би сакала да слушнам совети од ваша страна...
Му раскинав со тешко срце..Му раскинав бидејки морав...
Не дека сакав...На почетокот се беше супер...Ме опсипуваше со внимание...Постојано бевме во контакт..Дали на скајп дали на телефон дали на фб...Не би рекла дека имал друга тој временски период бидејки ја бевме објавиле нашата врска да ја гледаат СИТЕ.Одев кај него,доагаше кај мене...Се до пред некој ден кога требаше да се видиме...Наеднаш му испаднала работа,и ми рече да останам кај него да преспијам...Молам?
Цела недела молење дојди кај мене и на крај работа?После толку краток период да спијам кај него згора на тоа имав и многу важни обврски...Во ред,можеби имал навистина работа.Сето тоа му го простив се додека следното утро не му напишав смс порака...Не ми врати...не е прв пат што не ми вракал.Си реков можеби немал кредит за да ми врати но можел да се снајде нели?Се вклучив на фб за да се договорам за излегување...Не ми пиша иако беше вклучен,и ја прегазив гордоста за да го прашам како е и по 5 минути се исклучи со изговор дека му дошле гости.
Вечерта се вклучувам повторно и како да почнуваше да ме одбегнува...го почувствував тоа.Го оставив...Вчерашниот ден...Го чекав цело време да ми се јави или да ми пиша...Истото не го направи.Ми прекурчи и му пишав смс дека е се готово,дека заслужив барем една смс порака,или повик и дека нема повеке да му пречам.А доколку јас не го правам истото вели дека никогаш не помислувам на него...Повторно немаше реакција од негова страна...
Кој е виновникот овде?Зар јас не заслужив повик,објаснување за тоа каде е?една мала кратка порака?мал гест на внимание?Каде погрешив?дали и навистина погрешив?Па не можам постојано јас да го барам овие три дена...дали претерав со синокешната порака?дали требаше да почекам уште некој ден?Што е најлошо не се ни потруди да ми објасни туку остава така...Се разочарав...не е фер...