Љубовни писма

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
- сакав да продолжам, ама недела е, што нема и врска сега ама
љубената ме вика „ајде на банање“- а тоа веќе значи нешто сега
- ме потсети темава,колку ли убави мелодии-песни имаше порано
на пр.“ твоја писма дуга “ или “ пиши ми “ и многу други.
немам можност да ги пуштам,а и незнам иако ги имам на плочи
но утре ќе ви ги кажам па на “ЈУ ТУБ“ - да ги чуете ако ги има
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.652
Поени од реакции
35.244
Со напредокот на технологијата се изгуби романтичноста, а со тоа и пишувањето љубовни писма.
Ехх тие времиња,,,Кога се си одело постепено,спонтано, кога се било реално, романтично на некој начин, Дечкото прво ќе треба да искине три пара кондури додека ти пријде, а тек за да добие потврден одговор за да може да те испрати до дома уште три,,,
Па додворувањето траело подолго дури ти се решиш дали си за да или не. А да не зборувам за понатаму да те фати за рака,,,прв бакнеж и останато,,, Машките биле храбри и упорни,,Се знаела улогата нивна и улогата на девојките. И нормално се ова се случувало без технологија.
Денес веќе се е извештачено,виртуелно. Денес се зависи од ФБ,МСН, Скајп , Улогата дечко и девојка се сменија. Девојките превземаат прв чекор, се наметнуваат додека машките се изгубија :cautious:
Денешните мажи не се заморуваат со додворување, романтика, пишување писма затоа што девојки од 15-20 години, скоцкани, накитени како елкици и слободоумни, со неограничено време на излегување им се пуштаат самите, така да мажите воопшто немаат потреба да се додворуваат и да мислат на романтика, кога сами им паѓаат пред нозе,
 

King B

Bears. Beets. Battlestar Galactica.
Член од
24 јануари 2011
Мислења
1.801
Поени од реакции
4.076
Последно љубовно писмо напишав на 6~7 годинки, така нешто. Т.е. не беше едно, спамав така поише пати ама не ми враќаше симпатијата и се откажав.
:(
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Никогаш немам нити напишано нити пак некој ми напишал :), а не сум ни сентиментална на таа тема, мене ако ме прашаш исто ми е дали ќе ми пише меил или писмо.
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Никогаш немам нити напишано нити пак некој ми напишал :), а не сум ни сентиментална на таа тема, мене ако ме прашаш исто ми е дали ќе ми пише меил или писмо.
Не си добила вистинско писмо, затоа....:)
После едно вакво на пример, сигурно не би останала рамнодушна.
16158_1171615643919_1033856842_30431146_1847605_n.jpg
П.С. Писмото е автентично, и е од почетокот на 20 век. :)
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Не си добила вистинско писмо, затоа....:)
После едно вакво на пример, сигурно не би останала рамнодушна.
Прегледај го приврзокот 41935
П.С. Писмото е автентично, и е од почетокот на 20 век. :)
Ехеее, го знам ова, се поштуе :).

Рамнодушна на пишаниот збор не можам да останам, само што мене лично не ми е важно дали некој ќе ми напише нешто во писмо или истото ќе ми го прати по електронски пат, важни ми се зборовите а не начинот на кој ќе стигнат до мене.
 

IZA

Член од
5 април 2012
Мислења
12
Поени од реакции
12
Dobiv pismo od decko mi koga bevme skarani pred godina dena odprilika i bese preubavo stv i toa pismo bese presunodno za naseto smiruvanje :)
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.407
Писмово е пишувано на 10 август 1942 година
од скопскиот централен затвор каде е затворен
и осуден на смрт и обесен по неколку дена
на еден 22 годишен борец од првиот скопски одред
до својата венчана сопатничка и таа револуционер

...Ти не си ме разбрала. Твојата загриженост за мене и за мојата состојба не би требало да биде голема, зошто таа е создадена по сила на денешните прилики. Дека по такви околности, тешко е да се одреди јасно состојбата и на обичните луѓе, а камо ли на оние што се осудени на смрт.
Едно знај, Животот би ја загубил својата смисла, според моето мислење, ако би се свел на обично биолошко постоење и ако единствената цел би ни било само да живееме...
И јас мислам токму тие маки и тешкотии го прават животот убав и прекрасен, вечно да живееме и да се мачтае постајано за него. Ти си толку мило и драго, суштество, така што да ти се одземе правото на живееш, би бил вистински криминал. И покрај тоа драга моја, гледај да поминеш низ животот онака како што налагаат твоите чуства.
Што се однесува пак до мене, воопшто биди без гајле, наспроти тоа што чуствата ми го налагаат обратното. Ти знаеш дека токму законите на животот се тие што имаат првостепено значење за мене и дека друг пресврт животов не може да има. Иако во иднина нема да имаш среќа да читаш мое писмо и да ги слушаш моите зборови без тага во срцето, продолжи да живееш како и досега, со една мисла дека во одреден период на твојот живот постоеше еден човек кој многу те љубеше и сакаше со својата љубов да те направи среќна. Тоа за мене беше од првиот момент на нашата љубов, една од моите цели. Таа продолжува до денес и ќе продолжи до последниот момент.
Те љубам драга ......

..........................................................................................................................
има уште едно писмо,последно кое го пишува, дента пред да го обесат
бугарските фашисти ( може и тоа да го постирам ако сакате)
 
М

Мартин`

Гостин
-А кога бевме во онаа армија „ЈНА“- далеку од дома и од љубената 1000 км.
се одржуваше врската со „љубовни писма“ ама и со овие телефонски врски.

:pos:

Пред месец дена им ги најдов писмата на моите дома што си ги праќале, претежно од татко ми кога бил во војска.. абе прав поет се згазив од смеење додека ги читав. Сега некој такво нешто да прати ќе го направат ретардиран :D
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Со напредокот на технологијата се изгуби романтичноста, а со тоа и пишувањето љубовни писма.
Ехх тие времиња,,,Кога се си одело постепено,спонтано, кога се било реално, романтично на некој начин, Дечкото прво ќе треба да искине три пара кондури додека ти пријде, а тек за да добие потврден одговор за да може да те испрати до дома уште три,,,
Па додворувањето траело подолго дури ти се решиш дали си за да или не. А да не зборувам за понатаму да те фати за рака,,,прв бакнеж и останато,,, Машките биле храбри и упорни,,Се знаела улогата нивна и улогата на девојките. И нормално се ова се случувало без технологија.
Денес веќе се е извештачено,виртуелно. Денес се зависи од ФБ,МСН, Скајп , Улогата дечко и девојка се сменија. Девојките превземаат прв чекор, се наметнуваат додека машките се изгубија :cautious:
Денешните мажи не се заморуваат со додворување, романтика, пишување писма затоа што девојки од 15-20 години, скоцкани, накитени како елкици и слободоумни, со неограничено време на излегување им се пуштаат самите, така да мажите воопшто немаат потреба да се додворуваат и да мислат на романтика, кога сами им паѓаат пред нозе,
Во право си за бааги работи. Девојките доминираат (и време беше, да му се невиди!), технологијата секако влијае на модусите и брзината на комуникација... Класичната епистоларна форма е одамна мртва. Нема веќе машини за чукање, а одамна нема перодршки и гулаби писмоносци. Долгите, поетски вдахновени писма пишувани со перодршка, на свеќа, со водзишки и солзи кои го размачкале мастилото ги има само по романите и класичните филмови.

Ако зборуваме за урбани луѓе, тогаш ФБ и СМС пораките се начинот на комуникација. Елиптична, нетлинго комуникација со акроними и емотикончиња. Дали ти би пратила некому писмо по snail mail ако знаеш дека за три секунди може да ја прими твојата СМС порака и да ти одговори? Брзина + instant gratification. Знам, олд скул романтиката може да биде ептен инспиративна. Ама, нема пречка да се биде олд скул -- ако тоа некому му лежи и ако некој позитивно реагира на тоа. Меѓутоа, можат и СМС пораките или блоговите и тоа како да бидат романтични, возбудливи, инспиративни, полни љубов.

Романтиката никогаш нема да се изгуби, само ќе биде поинаква, редефинирана, препакувана. Пештерскиот човек цртал по ѕидови и ловел дивеч за да и` се додвори на саканата. Средновековниот рицар се маал со лоши момци да ја импресионира својата дама и клекнат на колена, и ` се колнел во вечна верност. Денешниот романтичен маж во суштина го прави истото, само поинаку. Веќе немора да лови диви свињи или да пружа ќутек на ривалите. На располагање му се мал милион гаџетчиња. Секако, зборувам за софистицирана комуникација, современа романтика, а не регрутирање спонзоруши.

Секогаш ќе постојат креативни, романтични мажи кои ќе се трескаат од земја и ќе изнаоѓаат софистицирани и креативни начини да ја покажат својата љубов. Како и девојки кои ќе ја препознаат.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
:pos:

Пред месец дена им ги најдов писмата на моите дома што си ги праќале, претежно од татко ми кога бил во војска.. абе прав поет се згазив од смеење додека ги читав. Сега некој такво нешто да прати ќе го направат ретардиран :D
Пф, знаеш колку ми е гајле дали ќе ме направат ретардирана?:cool:
Доколку би ја осетила потребата да ги изразам емоциите на таков начин, без размислување би го направила тоа.
Се разбира, би му напишала писмо на одбран човек, не онака на било кого, затоа што и без тоа низ годиниве залудно трошев и давав емоции на луѓе кои не го заслужуваат тоа, па сега кога би се одлучила да напишам писмо, би се осигурала прво дека се работи за добар и поштен дечко кој нема да го мафта писмото како доказ дека има девојка која му напишала писмо и по таа логика “сече вени“ по него.
Не гледам ништо страшно, наместо на фејсбук да му оставам пар срциња, тоа би го изразила на хартија.
За мене тоа е прекрасен начин за искажување на чувства и емоции.
Искрено, мене ми е полесно да ги изразам емоциите на хартија, отколку лице во лице. Не сум некој тип кој зборува многу, кој се расфрла со слаткоречиви зборови во живо, иако сум деклариран романтичар, не знам вербално да ги искажувам своите чувства, не сум таков тип, стегната сум по тоа прашање.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Романтиката никогаш нема да се изгуби, само ќе биде поинаква, редефинирана, препакувана. Пештерскиот човек цртал по ѕидови и ловел дивеч за да и` се додвори на саканата. Средновековниот рицар се маал со лоши момци да ја импресионира својата дама и клекнат на колена, и ` се колнел во вечна верност. Денешниот романтичен маж во суштина го прави истото, само поинаку. Веќе немора да лови диви свињи или да пружа ќутек на ривалите. На располагање му се мал милион гаџетчиња. Секако, зборувам за софистицирана комуникација, современа романтика, а не регрутирање спонзоруши.

Секогаш ќе постојат креативни, романтични мажи кои ќе се трескаат од земја и ќе изнаоѓаат софистицирани и креативни начини да ја покажат својата љубов. Како и девојки кои ќе ја препознаат. Ја така мислам.
Нешто како на Стеф видеата во таква верзија:) Каков напредок.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.545
Нешто како на Стеф видеата во таква верзија:) Каков напредок.
Абе Стеф ми е симпатичен баш затоа што се треска од земја. Као младиот Вертер на Гете. За циничните урбани цури наивните романтичари као Стеф се колатерална штета. А цинични цури имало и ќе има. Као и Стефои. The game is essentially the same.
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Гледаш писмо на влезот... Возбудата се буди и срцето пумпа крв. Ако е адресирано на тебе, готово... адреналинот ти е во влакната и петите.. Ако нема испраќач... на брзина проверуваш кон сончевите икс-зраци да видиш за што се работи... Гледаш букви и текст.. Твојата далечна љубов... Кулминираш... Се претвараш во желе бомбона некаде сам во твојата соба, се топиш... го читаш и се смешкаш, размислуваш.. без никаква технологија креираш 3Д слики од напишаното.. Те облеала позитивна енергија, се осеќаш како да си на полнач... батериите зеле душа за момент... Фантазијата ти работи 300 на сат, зрачиш среќа и топлина... Образите ти е се црвени.. Пред носот ти се мота фактот дека некој таму некаде далеку помислил и посветил време на тебе. Горд си. Радоста е неизмерна, не ја збира веќе, мораш да е споделиш со тие што во животот ти значат.... Се трудиш да заспиеш, но тешко е... Во срцето ти се раѓаат стихови кои водат борба да бидат избрани и врежани во твојот одговор... писмото кон љубената...
 

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
Секогаш ќе постојат креативни, романтични мажи кои ќе се трескаат од земја и ќе изнаоѓаат софистицирани и креативни начини да ја покажат својата љубов. Како и девојки кои ќе ја препознаат.
Во право си за ова...Ја коа бев сТредно, имав дечко кој ги искажа своите емоции на тазе искречениот ѕид кај мене у влез. Ја веднаш ја препознав љубовта, али моите комшии не беа многу воодушевени од овој потег. И ден-денес ме оговараат. Мислам дека неповратно го изгубив угледот, особено кај постарите комшики.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom