Еве друже АВС, некој ти ја слушнал молбата ама не ти ја удоволил :
Наместо Јохан Тарчуловски, во Шевенинген требаше да замине висок владин функционер. Тој бил на списокот од Карла Дел Понте, но останал во Скопје, во власта. Ова го тврди познатиот белградски адвокат со македонско потекло, Тома Фила.
Тој не сака да го открие идентитетот на македонскиот политичар, за кој вели дека има повисока функција и од онаа на Бошковски.
„Овој Тарчуловски, тој беше третиот евентуално - инаку името не го видов по ред. Ама има со многу повисоки функции, па дури и од функцијата на Љубе повисоки. Ама не е убаво јас да го кажам тоа - тоа само Владата го знае. Идете кај Карла Дел Понте, има список таму, против кого е водена постапка - јас го видов тоа“, изјави Тома Фила, адвокат.
Познатиот адвокат кој досега учествувал во привременото ослободување на 12 српски Генерали и политичари, е песимист во однос на позитивниот исход Тарчуловски и Бошковски. Да се бранат од слобода.
Причините според него се во слабиот ангажман на власта, немањето национален консензус и закон за соработка со Хаг, четирите предмети што Хаг ги понуди, а не се знае до каде се, ниту пак дали ке се процесираат.
Тој тврди дека никој нема да го пушти Бошковски додека не се затвори случајот Раштански лозја.
Поактивен однос од власта за ослободувањето на Бошковски и Тарчуловски побара и Никола Груевски. Тој смета дека власта треба да издвои повеќе пари за да се ангажираат странски адвокати, кои би му дале поинаква тежина на целиот процес.
Двајцата адвокати Гоџо и Апостолски заминаа сами во Хаг на статусната конференција, закажана за в петок. По неа, можно е да е познат датумот кога ќе почне судењето на Бошковски и Тарчуловски.
(потекло на статијата : А1 Телевизија)
И сега да прашам само : кој тоа таму тебало да се суди ? :roll: :roll: :?