Член на раководството
Форевер тугедер
- Член од
- 15 март 2006
- Мислења
- 698
- Поени од реакции
- 20
Фасцинантна и загадочна личност од новиот завет е Јуда Искариотски. Иако одигра голема улога во драмата за Исус, за него многу малку узнаваме од светите книги. Некако срамежливо, површно авторите ни кажуваат за мотивите кои го натерале Јуда на таков чин. Но да тргнеме од почеток.
Јуда Искариотски (на арамејски Иш Кариот) значи човек од Кариот. Постоеле две места со назив Кариот. Едното е во Јудеја и ако Јуда е од овоа место, би било единствениот Јудеец меѓу останатите (Исус и другите биле Галилејци). Дали вкоренетата омраза помеѓу Галилејци и Јудејци била таа што го покренала за таков чин? Можеби, можеби свеста дека Исус во Ерусалем влегува како Галилеец, крал, во него го разбуди Јудејскиот патриотски фанатизам.
Другото место Кариот е во Моабит на брегот на Мртвото Море. Ако Јуда потекнувал од ова место, веројатно бил паган или Евреин растен и воспитуван во претежно паганска средина. Дали можеби го предал Исуса во момент на очај и гнев кога сфатил дека Исус овоземно царство на кое се надеваа Евреите и паганите го заменува со друго, нематеријално. Всушност низ вековите имало многу обиди да се открие мотивот кој Јуда го натерало на таков чекор. Јован во своето евангелије наведува дека Јуда бил благајник на заедницата и ги подкраднувал парите од заедничката каса, но не можиме да прифатиме дека човек кој тргнал по Исусовиот несигурен и опасен пат бил толку расипан и зол. Па самиот Исус него го вброил во дванаесетмината и му ги доверил парите Значи видел некои високи вредности во него. Интересна беше теоријата на Винченто Ферари капеланот на авињонскиот папа Бенедикт 13ти, кој во својата проповед за Јуда тврдел дека Јуда се обидувал да дојди до Исус на патот кон судот и да го моли за прошка но не можејќи да се пробие низ толпата решил да се обеси за да може неговата душа да се вознесе и на оној свет да бара прошка од Исуса. Вакво шокантно тврдење за малку ќе го однело Ферара на клада, беше спасен од инквизицијата од самиот папа кој наредува прекин на истрага и уништување на сите документи.
Од друга страна во апокрифното дело “Арапско евангелије за детството“ се зборува за малиот Јуда кој бил опседнат со лош дух и кој ги касал сите што му се доближеле натеран од самата сотона. Неговата мајка го носи кај Марија и го седнува покрај малиот Исус. Но не го каснал Исуса туку го удрил по десниот колк и Исус заплакал и од плачот духот избега од Јуда во вид на голем пес.
Сепак најверојатно е дека немало предавство какво е опишано во евангелијата и дека таа прикаска настанала подоцна кога се вметнувани за да се поткрепат старозаветните пророштва за Исус. “...Требаше да се исполни напишаното што го беше претскажал Светиот Дух преку устата Давидова за Јуда, водачот на оние кои го фатија Исуса“ Дела 1.16. Спрема Јована, и Исус тоа го вели при што го наведува Псалм 40 9. “Дури и човекот, кој беше во мир со мене и на кого се надевав, кој јадеше мој леб, ја крена ногата против мене“. Та дури и постапката на Јуда по чинот на покајанието е превземена од стариот завет “И ќе им речам, ако ви е угодно, дајте ми ја наградата Моја; ако, пак не - не давајте Ми ја; и тие Ми одредија плата триесет сребреници“ “А Господ ми рече: стави ги во црковната каса - тоа е висока цена, од која Ме оценија. И јас ги зедов тие триесет сребреници и ги фрлиф во домот Господов за грнчарот“ Захарија 11 12-13.
Самиот Павле ништо не ни кажува за Јудиното предавство појма нема за такво нешто та дури сосема лежерно вели дека по смртта Исус им се прикажал на дванаесетмината (штто би било невозможно доколку Јуда се обесил) Павловото пишување е пред евангелијата да бидат напишани што значи дека во тоа време немало збор за некакво Јудино предавство.