Јуда Искариотски

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Фасцинантна и загадочна личност од новиот завет е Јуда Искариотски. Иако одигра голема улога во драмата за Исус, за него многу малку узнаваме од светите книги. Некако срамежливо, површно авторите ни кажуваат за мотивите кои го натерале Јуда на таков чин. Но да тргнеме од почеток.

Јуда Искариотски (на арамејски Иш Кариот) значи човек од Кариот. Постоеле две места со назив Кариот. Едното е во Јудеја и ако Јуда е од овоа место, би било единствениот Јудеец меѓу останатите (Исус и другите биле Галилејци). Дали вкоренетата омраза помеѓу Галилејци и Јудејци била таа што го покренала за таков чин? Можеби, можеби свеста дека Исус во Ерусалем влегува како Галилеец, крал, во него го разбуди Јудејскиот патриотски фанатизам.

Другото место Кариот е во Моабит на брегот на Мртвото Море. Ако Јуда потекнувал од ова место, веројатно бил паган или Евреин растен и воспитуван во претежно паганска средина. Дали можеби го предал Исуса во момент на очај и гнев кога сфатил дека Исус овоземно царство на кое се надеваа Евреите и паганите го заменува со друго, нематеријално. Всушност низ вековите имало многу обиди да се открие мотивот кој Јуда го натерало на таков чекор. Јован во своето евангелије наведува дека Јуда бил благајник на заедницата и ги подкраднувал парите од заедничката каса, но не можиме да прифатиме дека човек кој тргнал по Исусовиот несигурен и опасен пат бил толку расипан и зол. Па самиот Исус него го вброил во дванаесетмината и му ги доверил парите Значи видел некои високи вредности во него. Интересна беше теоријата на Винченто Ферари капеланот на авињонскиот папа Бенедикт 13ти, кој во својата проповед за Јуда тврдел дека Јуда се обидувал да дојди до Исус на патот кон судот и да го моли за прошка но не можејќи да се пробие низ толпата решил да се обеси за да може неговата душа да се вознесе и на оној свет да бара прошка од Исуса. Вакво шокантно тврдење за малку ќе го однело Ферара на клада, беше спасен од инквизицијата од самиот папа кој наредува прекин на истрага и уништување на сите документи.
Од друга страна во апокрифното дело “Арапско евангелије за детството“ се зборува за малиот Јуда кој бил опседнат со лош дух и кој ги касал сите што му се доближеле натеран од самата сотона. Неговата мајка го носи кај Марија и го седнува покрај малиот Исус. Но не го каснал Исуса туку го удрил по десниот колк и Исус заплакал и од плачот духот избега од Јуда во вид на голем пес.

Сепак најверојатно е дека немало предавство какво е опишано во евангелијата и дека таа прикаска настанала подоцна кога се вметнувани за да се поткрепат старозаветните пророштва за Исус. “...Требаше да се исполни напишаното што го беше претскажал Светиот Дух преку устата Давидова за Јуда, водачот на оние кои го фатија Исуса“ Дела 1.16. Спрема Јована, и Исус тоа го вели при што го наведува Псалм 40 9. “Дури и човекот, кој беше во мир со мене и на кого се надевав, кој јадеше мој леб, ја крена ногата против мене“. Та дури и постапката на Јуда по чинот на покајанието е превземена од стариот завет “И ќе им речам, ако ви е угодно, дајте ми ја наградата Моја; ако, пак не - не давајте Ми ја; и тие Ми одредија плата триесет сребреници“ “А Господ ми рече: стави ги во црковната каса - тоа е висока цена, од која Ме оценија. И јас ги зедов тие триесет сребреници и ги фрлиф во домот Господов за грнчарот“ Захарија 11 12-13.
Самиот Павле ништо не ни кажува за Јудиното предавство појма нема за такво нешто та дури сосема лежерно вели дека по смртта Исус им се прикажал на дванаесетмината (штто би било невозможно доколку Јуда се обесил) Павловото пишување е пред евангелијата да бидат напишани што значи дека во тоа време немало збор за некакво Јудино предавство.
 

SWEDEN

38ca ama nikoj ne verue
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.531
Поени од реакции
34
Ma kakvo predavstvo nema vrska , procitajte gi Evangelijata po Juda novootkrienite , Juda posle Marija mu bil najdrag sledbenik na Isus ama politicki go preebale u smisla deka moralo da ima bad gay da se ima cuvstvo na vina , za obicnite luge da gi pritiska toa i da ne se krenat protiv vlasta - citaj crkvata koja ja falsala Biblijata i ja pisala po nivno kako im odgovara za sto e kriv Konstantin .

Znaci lazga
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Ma kakvo predavstvo nema vrska , procitajte gi Evangelijata po Juda novootkrienite...
Кои "новооткриени" бе, јок, тие се old fashion. Еден пријател сега пишува евангелие по Ирод :) па кога ќе го заврши тоа ќе биде "најновооткриено" и ако сакаш можам да ти пратам фотокопија од него, да се просветлиш малку со помодерно евангелие, а не ко ова христијаниве што читаат стари и бајати евангелија од пред 20века, пффф голема работа ако тие биле од времето на дешаванките кои ги опишуваат, па каква врска има тоа со веродостојноста нели? :icon_roll :lud:
 

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Во првите векови на христијанството во оптек биле многу евангелија откровенија посланија.... Различните цркви користеле различни компилации од тие писниа (евангелија, откровенија, посланија) Марикон го прифаќаше само Евангелије по Лука и три писма Павлови, Некаде беа опфатени и Мудростите Соломонови и Апокалипсата од Петар, конечно Свети Атанасие бискупот Александријски во 367 година го компилира Новиот завет онаков каков денес го знаиме, тој бива прифаќан низ христијанските цркви и конечно одобрен званично во 397. Иако и потаму низ историјата поедини делови се отфралале па пак прифаќале (Откровение на Јов) А финална Библија онакак каква денес ја знаиме е канонизирана во 1952 година. Денес има надвор од канон многуИсуови изреки, многу евангелија, многу писма и посланија која црквата не ги прифати, (Тајната книга Јаковлева, Евабнгелие на вистината, Расправа за воскресението, Евангелие по Тома, Евангелије по Филип, Првото и Второто иткровение по Јаков, Втората расправа на големиот Сет, Откровение по Петар, Петровото послание на Филои, Евангелије по Марија......)



 
T

trilobite

Гостин
Кој спам бидна од тебе Члену...шчоси затрупал Религијава со сектантски преписки море...?!
А финална Библија онакак каква денес ја знаиме е канонизирана во 1952 година.
Библијава значи,генерација со Москвичот,тука негде биле...
 

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Кој спам бидна од тебе Члену...шчоси затрупал Религијава со сектантски преписки море...?!

Библијава значи,генерација со Москвичот,тука негде биле...
Еве го “пишман аџија“, па ти повеќе си избришал сопствени постови отколку што си напишал,
Оди на „Сеир“ или на “Мода и Убавина“ таму нема “спам на секташка литература“
Види, психолошки си интересен... идиш и се жалиш за нешто што како гледам не те интересира.
Кизнај што трауми тебе те мачат
 

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Најраните сочувани текстови на Евангелијата се Папирусот 66 (200 та година по Христа, и Папирус 75 (3-ти век по Христа) со делови од Јовановото евангелије. Во првите четристо години по Христа немаше официјално прифатен и одобрен Нов Завет. Се изучуваа и проповедаа разни комбинации од Старозаветни и Новозаветни списи
 

THE_CHOSEN_ONE

1903-2012
Член од
13 август 2007
Мислења
3.724
Поени од реакции
1.333
Члену Библијата е книга преку која Бог му се открива на човештвото, мислиш дека Бог ќе дозволи Библијата да биде модифицирана?
Ако на Бог му пукне филмот може да направи покољ па да не остане ниту еден жив човек а ти тука ми збориш дека некои глупи мравки таканаречени луѓе ќе му контрираат.
 

Член на раководството

Форевер тугедер
Член од
15 март 2006
Мислења
698
Поени од реакции
20
Члену Библијата е книга преку која Бог му се открива на човештвото, мислиш дека Бог ќе дозволи Библијата да биде модифицирана?
Ако на Бог му пукне филмот може да направи покољ па да не остане ниту еден жив човек а ти тука ми збориш дека некои глупи мравки таканаречени луѓе ќе му контрираат.
Библијата е човечки запис на светите писма, затоа има и разлики од библија до библија од превод до превод од црква до црква.
Која е вистинската?

Инаку не ми се верува дека “му пука филм“ пошто тоа е на нервна база, а ако го замислуваш Бог дека се нервира значи дека има и нервен систем и сите можни компликации кој тоа го носи (Депресија, еуфорија, тага, радост, емоции, љубов, омраза, завист, љубомора.....)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom