Јонагуни

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Од сите познати споменици во Јaпонија, можеби никој не е толку “збунувачки“ како Јонагуни, подводна карпеста формација што се наоѓа во близина на брегот на островите Риуку. Споменикот е откриен во 1987 година од група нуркачи кои ги набљудувале „чекан“ ајкулите. Веднаш после откривањето, започнала дискусија во Јапонскиот научен комитет.




Споменикот се состои од низа впечатливи карпи, вклучувајќи: масивни платформи, „изрезбани“ стапалки, како и огромни камени столбови кои се наоѓаат на длабочина од 5-40 метри.
Постои триаголна формација, која е позната како „желка“ поради уникатниот облик, и големиот прав ѕид кој ја дели „желката“ од другите форми. Морските струи во овој регион се особено неповолни, но тоа не се покажало како пречка за Јонагуни споменикот да стане едно од најатрактивните нуркачки места во светот.




Мистерија:

Клучната расправа е: дали споменикот е природен феномен или е направен од човекот?
Научниците долго време пласирале теории дека споменикот е дело на милениумскиот процес на ерозија. Тие посебно укажале на фактот дека монументот е целосна, единствена цврста карпа, а како таква не може да биде напрвена од човекот. Други пак, покажуваат кон постоењето на многу рамни рабови, и агли од 90 степени. Посебно тие го покажуваат делот на карпата кој има форма на човечко лице, како доказ дека тоа е направено од чоекот.


Ако се во право, тогаш станува уште поинтересно:
Кој го направил Јонагуни, и ... со каква цел?

Документарците за Јонагуни на Јутјуб

благодарност до The Carpenter за преводот :smir:
 
T

the Carpenter

Гостин
Многу доктори на науки не можат да се договорат што е ова, а не јас, ама тоа не значи дека не можам да лупнам еден лежерен коментар.
Посебно кога ќе ја гледам првата слика, се прашувам што ќе беше ако оваа „плоча“ беше на површината на земјата. Дали тогаш ќе беше уште поголема мистеријата. Сигурно да ...

Моето мислење е дека ова не е настанато од ерозија (водна абразија) бидејќи водата НЕ моделира толку перфектно, туку дејството на водата врз телата има за задача да уништи СЕ, додека не се создаде песок. Можеби, постои селективна ерозија, каде што се „разјадени“ само еродибилните карпи, додека тие што се повеќе отпорни, сеуште се „актуелни“. Но, тоа е скоро невозможно.
Сепак тврдам дека овај монумент низ историјата се наоѓал некаде на површината. Пота, со надоаѓање на водата или со некое тектонско (млако) реметење, сето тоа било потопено. Поверојатно ми е така, иако и за тоа шансите се мали.
Е сега, тоа е “споменик“ од минатото кој се простирал на земјата. А кога се знае дека на земјата има неколку “градби“ за кои не се знае ни како се ни што се ни од кога се, па ништо чудно и ова да е некое „артифишл“ мастерпис. Па и да не е, шансите за моделирање на повеќето агенси на површината се поголеми, него во водата.
 

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Секој со два грама мозок ке пресуди дека ова е градба на некој со доста интелигенција и технологира да го направи.
Проблемот е што е направено пред десетина и повеке илјади години а тркалото е измислено пред некои , ај да речеме 5 000 год.
Само како и со пирамидите и се друго ке си тераме , што да правиме .
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Мислам дека нешто слично постоеше кај Мексико ..
Graham Hancock има пишувано и за Ова и за мислам дека беше Мексико ..

Graham Hancock Underworld <-- google it :) човеков нуркал на сите тие места ...
 
Д

Дамјан_Amstaff

Гостин
"Од сите познати споменици во Јaпонија, можеби никој не е толку “збунувачки“ како Јонагуни, подводна карпеста формација што се наоѓа во близина на брегот на островите Риуку."

Ајде штом некој големи умови не го разрешиле ова мали се шансите да го разрешам јас (мали се ,но не се никакви). Летс гивит а трај ....


Карпава е во близина на брегот ,околку некој си острови. Па...доколку ова човек го направил нормално го направил на копно со тек на времето карпата се нашла под вода ,бидејќи се наоѓала на остров ,а некој острови исчезнуваат од мапата додека трепнеш ,и карпата е во вода и сега е главна атракција....Држи ли вода ова ? Ејј....се обидов барем.
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
^^држи вода ...
но тука е и мистеријата ..
за да се најдат на длабочина од 5-40м што треба да се случи .. (па и не е баш мистерија)
се наоѓаат во близина на брег .. и сега се под вода .. значи потопени се со качување на нивото на вода ..

прашањето е кој е тој временски период во кој се десиле такви промени ... односно качување на нивото на водата до 50метри ... ? :), следи градени се пред тој период .. (сигурно не се градени под вода :))

значи за која цифра на години станува збор ...
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
^^држи вода ...
но тука е и мистеријата ..
за да се најдат на длабочина од 5-40м што треба да се случи .. (па и не е баш мистерија)
се наоѓаат во близина на брег .. и сега се под вода .. значи потопени се со качување на нивото на вода ..

прашањето е кој е тој временски период во кој се десиле такви промени ... односно качување на нивото на водата до 50метри ... ? :), следи градени се пред тој период .. (сигурно не се градени под вода :))

значи за која цифра на години станува збор ...
Според Graham Hancock станува збор за период од 10000-12000 илјади години, кога овие структури се изградени.

--- надополнето ---

Еве еден документарец за Јонагуни
 
Член од
22 август 2010
Мислења
27
Поени од реакции
5
"Од сите познати споменици во Јaпонија, можеби никој не е толку “збунувачки“ како Јонагуни, подводна карпеста формација што се наоѓа во близина на брегот на островите Риуку."

Ајде штом некој големи умови не го разрешиле ова мали се шансите да го разрешам јас (мали се ,но не се никакви). Летс гивит а трај ....

Карпава е во близина на брегот ,околку некој си острови. Па...доколку ова човек го направил нормално го направил на копно со тек на времето карпата се нашла под вода ,бидејќи се наоѓала на остров ,а некој острови исчезнуваат од мапата додека трепнеш ,и карпата е во вода и сега е главна атракција....Држи ли вода ова ? Ејј....се обидов барем.
Големите умови кои ги спомнуваш не можат да го решат затоа што на добар дел од нив ниту едно објаснување не им се вклопува во веќе воспоставената шема. :) Човек кој цел живот учел и ги учел и другите дека било кое дело на цивилизација не може да биде постаро од 5000 - 6000 години тешко дека ќе прифати дека некои луѓе биле способни за вакво нешто пред 10 или 12 000... па тие луѓе живееле во пештери, „сајд бај сајд“ со неандерталците, нели? ;)

Додуша, оние творби што личат на скалила навистина се „малку“ преголеми за да бидат тоа, и целава конструкција не ми изгледа премногу „употребливо“, но од друга страна, ако се работи за градба најверојатно некогаш имала и други делови (на пример ѕидани од помали парчиња камен, цигли, дрво) кои морето ги разнесло наоколу низ вековите (или некоја катаклизма за неколку секунди).

Тоа како се нашло под вода, ако претпоставиме (логично) дека некогаш било на суво и не е толку спорно. Подигање на морето или спуштање на тлото, и едното и другото се сосема можни.

Ако сепак се работи за дело на природата, според мене тоа воопшто не е помалку интригантно и спектакуларно. Да се чудиш што се природата знае да извади од ракав! :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom