Братот е најдобро упатен во историјата па може да ме поправи ако некаде згрешам. Од она што го имам читано, Тито како фигура не верува никому. Затоа и бил таков претседател и држел толку народи под контрола. Успевал да го прекине секој акт на поделба или независност. При крајот на своето „владеење“ настанува хаос во Југославија бидејќи се појавуваат одредени крила кој сакаат да го променат тој систем. Затоа и голем број се пикнати во затвори или на Голи Оток.
Јованка му е една од тие мети. Ја смета за руски шпиун и ја сместува во затвор при тоа ја лиши од секакво наследство. Кога он умира мислам дека Јованка е сеуште во затвор. Плус Тито е познат по тоа што имал многу жени така да прашање е колку ја почитувал или ја сакал.
По распадот на Југославија она останува да живее со некоја мизерна апанажа и сама во куќа. Читав некаде по српски медиуми дека толку и биле мизерни примањата што неможела да се прехрани. Нема ни пасош ни документи за да ја бара пензијата на Тито. Последно што прочитав за неа е дека имало некој лудак кој мислел дека и е син и често пати ја прогонувал. Лудакот е затворен од кога е уапсен во дворот на нејзината куќа.
Така накратко од нешто што паметам и нешто што успат сум прочитала.
Не е баш се точно во пишаното. Точно е на пример, она за карактерот на Тито - недоверлив, диктатор, женкар.
Голи Оток е од времето на Информбирото и од средината на 50-те години ја губи актуелноста на најпосетено летувалиште на Јадранот (иако ќе се одржи и понатаму). За Јованка има показатели дека му е подметната од некого. Може само да се претпоставува. На пример, јас претпоставувам дека ако е ова точно таа тесно сорабутувала со Иван Стево Крајачиќ, Хрват кој долго време бил на шпионскиот список на СССР и веројатно бил двоен шпион. Интересно е дека овој бил еден од најблиските луѓе на Тито и можел во негово присуство многу нешта да си дозволи, што било незамисливо за другите другарчиња на претседателот (се плашел ли Тито? Или не? Зошто бил толку толерантен? Сигурно не заради пријателските односи, зошто многумина негови најблиски пријатели гадно наебале кога ќе увидел дека не размислуваат секогаш како него) Во времето на Тито, Јованка не е затворена, само е изолирана од него. Нивниот брак не бил посебно успешен, ниту пак таа била цвеќе за мирисање. Персоналот кој и служел бил многу незадоволен од нејзиното однесување, навреди, каприци и секојдневни малтретирања. Се карала и со мажот. Башка, откако се зеле се поправила и изгубила доста од убавината. Нејзиниот карактер бил проблем и во меѓународната политика - не била баш префинет дипломат со широка култура и познавања. А „браварот“ во таа смисла е посебна приказна
Она што ја зафркна Јованка е нејзиниот обид да стекне самостојна политичка моќ и да се вклучи во борбата за наследство на Броз, како негова вдовица, оти тој бил многу постар од неа. Можеби и очекувала подршка од Русите, не знам. Очигледно тетката се преценила.Уште поочигледно го потценила и Тито и другите желни да го наследат.
Тито не ја притворил, само била изолирана од него. Притворот на Јованка, очигледно доживотен, започнал многу бргу по смртта на диктаторот, но никако не пред тоа.
Има една доста добра документарна серија за Тито. Tito: Crveno i crno. Мислам дека има делови од неа на Youtube