Ја оправдувате ли пиратеријата?

Ја оправдувате пиратеријата?

  • Да

    Гласови: 238 70,4%
  • Не

    Гласови: 24 7,1%
  • Не, но користам пиратски производи

    Гласови: 76 22,5%

  • Вкупно гласачи
    338
Член од
14 јули 2005
Мислења
2.128
Поени од реакции
41
gerard напиша:
Моментално работам на пиратски windows, користам пиратски антивирус, употребувам пиратски офис, пиратски корел, пиратски фотошоп, слушам пиратска музика, пијам пиратски сок, јадам пиратско чоколадо, ностам пиратска маица, кликам на пиратски маус, на главава пиратски слушалки... тоа моментално
Работам на регистриран Suse Linux, користам OpenOffice ...

И конзумирам строго Македонски производи, whеnever applicable.

Можеби подобро прашање е : кога би можеле да си дозволите оригинални изданија, дали би ги користеле нив - или пиратски копии?
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Оригинал, оти некој заслужил да биде за трудот награден, ане да се полнат џебовите, на мрзливите никаквеци што од работа ни Р не виделе и да чујат не сакале. исто како шти и јас, сакам трудот да ми е награден, ане со туѓи перја накитенци, да гледам по сокаци.
 
Член од
22 април 2005
Мислења
2.492
Поени од реакции
1.120
Тоше кафански пејач?
Од тема за пиратерија, дојдвме Тоше да го судиме? :icon_eek:

Кој е тој порив само не знам...
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
spooky напиша:
Работам на регистриран Suse Linux, користам OpenOffice ...

И конзумирам строго Македонски производи, whеnever applicable.

Можеби подобро прашање е : кога би можеле да си дозволите оригинални изданија, дали би ги користеле нив - или пиратски копии?
Дефинитивно би користела оригинални изданија ако имам услови. Во тој случај мислам дека сите би го направиле истото. Значи сум против пиратерија генерално, сем во тешкиве времиња каде што некој замрзнува на -10 степени на тезга ... не би можела да сум против тие луѓе што леб вадат од тоа:raz:
 

moTaro

Буљаш
Член од
17 ноември 2005
Мислења
1.476
Поени од реакции
11
Значи генерално против, али пошто е ваква ситуација си за?

Политички одговор нема што, или си за или си против. Тоа е генерално. А твоево е двосмилено. Па затоа да те запрашам пак.

Дали си ЗА или Против пиратерија? ГЕНЕРАЛНО!
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
moTaro напиша:
Значи генерално против, али пошто е ваква ситуација си за?

Политички одговор нема што, или си за или си против. Тоа е генерално. А твоево е двосмилено. Па затоа да те запрашам пак.

Дали си ЗА или Против пиратерија? ГЕНЕРАЛНО!
Уште кога ја отворив темава кажав дека сум на два ума, баш поради таквите случаеви што се повеќе од доволни за да ме сожалат ... :raz:
Генерално, без нив сум против пиратерија ... сум за тоа да се поштова, цени и наплати трудот на секое дело било песна, филм итн. А секако дека сум пират и јас, сум ... нормално е тоа кога има толку многу можности да најдеш све поефтино па и без пари на интернет (музиката и филмот дека околу нив најмногу се задржувате) што не значи дека не си дозволувам по некој оригинал од поомилени нешта:)
 

NikolaP

Команданат Флик
Член од
30 октомври 2005
Мислења
1.095
Поени од реакции
16
Вака сега. Генерално сум против пиратеријата. Ама кој очекува во Македонија поединец да плати 150 долари за оперативен систем, 300 за офис*, 50 долари за игрица, 25 долари за дивиди. Фирма нормално треба да си плати.
Е сега, мојата политика е ваква. Од домашните, сите што ми се допаѓаат, си купувам оригинал цд-а(а тоа се и оние што ги слушам, значи скоро све 100% легала), затоа што ова е мал пазар и нив им е многу важно тоа. U2 нема да пропаднат ако во Македонија не им ги купуваат оригиналите(да, имам 1 оргинал ЦД од ЈуТу). Значи се трудам да купувам оригинали. Посебно пошто тука у Словенија се приступачни(дека ги има, не ценовно).
И ДВДа имам доста оригинални. Ама сепак студенстки џеп си е студентски џеп. Повише сакам да имам неголи што ми е буџетот.
Значи вака, ако можете да си дозволите, купувајте оригинали, особено од домашните изведувачи(тука го ставам балканот). Со тоа ги подржувате и нивниот следен проект многу зависи од продажбата. 600 денари не се многу за едно ЦД.
*Добро, линуксот е можност, ама сепак луѓето се понавикнати на икспе.
 

moTaro

Буљаш
Член од
17 ноември 2005
Мислења
1.476
Поени од реакции
11
NikolaP напиша:
Е сега, мојата политика е ваква. Од домашните, сите што ми се допаѓаат, си купувам оригинал цд-а(а тоа се и оние што ги слушам, значи скоро све 100% легала), затоа што ова е мал пазар и нив им е многу важно тоа. U2 нема да пропаднат ако во Македонија не им ги купуваат оригиналите(да, имам 1 оргинал ЦД од ЈуТу). Значи се трудам да купувам оригинали. Посебно пошто тука у Словенија се приступачни(дека ги има, не ценовно).

Ех, малку ми е претенциозно ова. Зарем мислиш дека навистина ќе пропаднат нашиве ако не им купиш ЦД. Ништо немаат они од тоа пријателе. Повеќе ќе ќарат, медиумските куќи и нивните менаџери од продажбата на цд-ата отколку самите изведувачи. Со купувањето на цд што чини да речеме 500 денари оригинал, повеќе од пола плаќате за спонзорите и разни други пропратни работи отколку што тие пари одат во џебот на изведувачот - уметникот.

Ако веќе сакаш да им помогнеш на нашиве изведувачи, оди им на концерт (и тука ги ограбуваат) меѓутоа од еден концерт реално повеќе ќе заработат отколку да продадат 1000 цд-а што е солиден тираж за кај нас а смешен во финансиски поглед.
Нормално се ова треба да се прави ако се секираш за нивната заработка. Јас лично се секирам дали ќе платам 500, 1000 или 50 денари:)
Тоа е и прашањето, буквално дали сакаш да платиш 500 или 50 денари за ЦД?

Јас бирам 50. Simple as that!

Поздрав.
 

NikolaP

Команданат Флик
Член од
30 октомври 2005
Мислења
1.095
Поени од реакции
16
Мотаро, друже. Важно е, колкава е заработката и продажбата. Баш затоа што менаџерите мора да заработат или да си ги повратат вложените пари, за да има следен албум.
Добро, кај нас можат да се вадат на пирати, па да гледаат заработката од концерти.
Што викаше Балашевиќ, мене лично не можат да ме испиратизираат.
И шо мислиш, не идам на концерти. Идам друже, и тоа овдека, каде карта е минимално 1000 денари и каде што добра пара земаат.
А за ЦД сум дал и ќе давам и многу повише од 500 денари(1000 у просек).
Мило ми е кога ќе си купам оригинал. Купувам обично 1 до 2 оригинали месечно. Некад и многу повеќе ако дозволи буџетот. Последната адиција на мојата колекција: Опрем Добро(штета 1000 денари)
 

moTaro

Буљаш
Член од
17 ноември 2005
Мислења
1.476
Поени од реакции
11
Немам што да кажам на ова освен: RESPECT!

Ако си стварно таков како што пишуваш.
Ја еве рецимо, ја тегнам од муле новата беба на Рамбо Опрем добро
и ќе бидам за 1000 денари побогат:))

Се шалам...

као што реков: RESPECT!
 

NikolaP

Команданат Флик
Член од
30 октомври 2005
Мислења
1.095
Поени од реакции
16
Го има не emule? AAAAA се заебав! Се зезам. Мераклиско ми е цдво. Има некоја радост кога држиш орџинале у руки.
П.С.
Риспект се дава на она вагичено и кликнуеш да се сложувам :) Ама ти пошо си плав изгледа неможеш. Нејсе. Сети се на мене ко ќе можиш ;) Секој глас е вреден :)
 

moTaro

Буљаш
Член од
17 ноември 2005
Мислења
1.476
Поени од реакции
11
Лелееј...

Ова као за на вести беше:)
 

moTaro

Буљаш
Член од
17 ноември 2005
Мислења
1.476
Поени од реакции
11
Остај ми малку време да размислам.

Fight sarkazam with sarkazam
 

АуРоРа

Засекогаш
Член од
15 мај 2005
Мислења
1.109
Поени од реакции
15
Garfield напиша:
Оригинал, оти некој заслужил да биде за трудот награден, ане да се полнат џебовите, на мрзливите никаквеци што од работа ни Р не виделе и да чујат не сакале. исто како шти и јас, сакам трудот да ми е награден, ане со туѓи перја накитенци, да гледам по сокаци.

Добро тогаш трк до кај чичко ти Бил Гејтс да ти го лиценцира Виндоусот и да си платиш еден куп пари за оригинален виндоус со лиценца, оти трудот треба да му е награден, а не со туѓи перја накитени...А не некои мрзливци што од работа ни Р не виделе...
А да ќе забораев, и Офисот и кога ќе ти се сака некоја игрица немој случајно да си ја изрежал од кај другар ти...Одма да одиш и да си ја купиш оригинал еден куп доларчиња да си платиш...А да не работиш случајно на пошта штом си толку поштен?:)))))))))))))))
 

Kajgana Shop

На врв Bottom