Јас сум од Титов Велес

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Веројатно деновиве бевте да го гледате или па се мислите дали да го гледате `Јас сум од Титов Велес`, сниман во Велес, што се дава во Дом на Арм, премиерно прикажан на 27.2 и ќе се дава минимум месец дена. Во режија е на Теона Митевска, а продуцентка и главна актерка е Лабина Митевска.
Дали ви се допадна и што мислите за филмов? Дали мислите дека е длабок а тежок или дека едноставно нема поента? И конечно, кои се вашите замерки?

Филмот во Скопје доаѓа по неговите навистина успешни презентации на Сараевскиот фестивал, на фестивалот во Торонто, а особено по неговата голема и успешна презентација на Берлинскиот фестивал. Пред само четири дена „Јас сум од Титов Велес“ ја имаше и премиерата на Белградски ФЕСТ, каде што ја отвори програмата „Европа надвор од Европа“. Во Белград, како што рече режисерката Митевска, многу убави критики добиле главните актери Лабина, Ана Костовска, Николина Кујача и Џевдет Јашари. Еден од прекрасните коментари кој го кажал големиот германски режисер Волкер Шлендорф (познат по неговото култно дело „Лимениот барабан“), годинашен гостин на ФЕСТ, се однесувал на Лабина Митевска, која тој ја споредил со исклучителната италијанска актерка Џулиета Масина.

Филмот во Македонија го дистрибуира „Манаки филм“, а во Домот на Армијата предвидено е да игра минимум месец дена, по што ќе оди низ цела Македонија. „Она што е за нас најважно, рече Лабина Митевска, е дека успеавме да го оствариме тоа за што се боревме и за што се залагаме. А тоа е дека нема поделба на уметнички и комерцијален филм, туку дека постои само добар и лош филм. Ако филмот е добар тој ќе си го најде својот пат“. Доказ за тоа, како што објасни Лабина, е токму нивниот филм за кој на почетокот сите зборувале дека тоа е арт филм и дека не е филм кој може да има голема дистрибуција, но се покажа дека филмот досега е продаден за прикажување на 13 територии.

Дистрибуцијата на филмот во Америка и во Канада ќе почне во јануари 2009, во Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора планирано е дистрибуцијата да почне во мај, а во Франција, Белгија и Словенија во септември. Најголемата продажба на филмот се случила на Берлинскиот фестивал, а покрај споменатите земји тој е продаден и во Унгарија, Романија, Австрија, Грција и Тајван.

Исто е и со фестивалите, до крајот на 2008 година „Јас сум од Титов Велес“ ќе оди на 40 фестивали. Само во текот на март и април тој е поканет и ќе учествува на 11 фестивали, и тоа во Софија, Леќе, Визбаден, Прага, Линц, Португалија, Белфаст.

„Наша задача е да се бориме авторските филмови да бидат дистрибуирани и гледани. Мое мислење е дека дистрибутерите ја потценуваат публиката. Сметам дека не треба да се потценува публиката, дека таа е едуцирана и знае што е добро“, рече Теона Митевска. Таа раскажа за реакцијата на еден граѓанин на Велес, кој и рекол дека му е мило што го отвориле тоа прашање затоа што во овој момент тие повторно се борат со проблемот со топилницата и со тоа таа да не биде повторно стартувана. „Наша должност е, нагласи Теона, да се занимаваме со тоа што во нашата средина е актуелно и важно“.

Пораката на Џевдет Јашари беше дека е крајно време во оваа наша земја да се занимаваме со уметност. „Ни треба филм, доста ни е од политика. Очекувам да дојдат многу љубители на филмот, но и многу луѓе кои се занимаваат со политика. Сакам да креираме нешто убаво и се повеќе да се занимаваме со креација, а не со политика“, рече Јашари.

На прашањето зошто филмот ќе се прикажува во Домот на Армијата, а не во „Милениум“ продуцентката Лабина Митевска објасни дека условите за прикажување во оваа реновирана киносала се одлични, и дека проекцијата ќе има одлична слика и звук. Додека директорката на „Манаки филм“ Тања Ќурчинска Пепељугоска нагласи дека филмот добил поддршка од Министерството за култура и за неговата продукција и дистрибуција, а за неговата презентација во Домот на Армијата голема поддршка дало и Министерството за одбрана. И така и треба, некако со време работите доаѓаат на свое место, бидејќи домашниот филм навистина најголема поддршка и треба да добие дома.
Извор: Утрински
 

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
Преамбициозно направен филм, ама заснован на просечна приказна. Ништо особено, ми избледе откако излегов од салата.
 
Член од
13 јануари 2008
Мислења
570
Поени од реакции
18
Глупост! Шепотењето на квачката Лабина, ме вадеше од такт, ме тераше на повраќање! Одвратно! Никаков спој на 3 приказни. Ни се разјаснува пораката за егејските Македонци, ни симболиката со топилницата, ниту пак нејзините халуцинации за забременување во Дојранското езеро!

Покрај тоа, филмот има неколку кататстрофални нелогичности!

Таа има 27 години, а дејствието (со визите и сл.) можев да разберам дека е во денешно време 2000 и некоја, а вели дека во воз на жената и рекла дека желба и била да го види Тито, и Тито дошол во Велес, а Тито е умрен верувале или не пред 28 години! Мајка и молела за виза во конзулат (значи во независна Македонија), а ги напуштила кога страчката Лабина имала 5 години (значи во Југославија), абе еден куп глупости. Во филмот прави неразумни и кретеноидни потези. Седи во шкаф како некоја глупава кокошка, гризе јаболки и патлиџани и ги остава, куќата ја запустува....

Не за џабе, од сала која собира 300 луѓе, бевме само 31 посетител на проекцијата! Жал ми е за дадените 180 денари!!!

СРАЊЕ, КАТАСТРОФА!!!

П.С. Еден човек што отиде некаде (веројатно да кења)и го немаше половина филм, на излегување рече „Не можам да и го поднесам шепотењето, на онаа квачкана Лабина“
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Како што слушнав од неколку другари што го гледале филмот бил тапа. Познавајќи ги Теона и Лабина и нивната работа до сега (тотално ми се антипатични и двете), а и со оглед на тоа дека го гледав "Како убив светец" исто нивен филм не се сомневам дека и ова е исто срање од филм како и светецот.
 

\m/arko

A place where the beer flows like wine...
Член од
15 јануари 2008
Мислења
6.357
Поени од реакции
790
истото и кај мене, други што гледале ми викаат дека тапа бил, немало ни приказна
 
Член од
12 јануари 2006
Мислења
374
Поени од реакции
9
Филмов веќе пред месец дена го гледав(2риот ден после премиерата).
Катастрофа беше филмов.Имаше 3-4 тематики,од сексуалниот живот на главниот лик,до они сцени со бебињата поради кои деновиве сеуште сум во конфузија.Доколку не беше Топилницата и Велес како град каде што беше снимен филмов,само да го снимаа во друг град можеше да си го носи името на тој град(може се врзав ама ме сфаќате).
И највеќе од се ме изнервира непрофесионалноста...па пи*ка му матер,ако веќе прават филм за Велес и велешани,нека зборуваат актериве на велешки,а не на скопски.

ПС.полезбејски и понаркомански во едно,мак филм немало и ќе нема
 

Bada Bing!

шшшшшш
Член од
14 јули 2006
Мислења
2.671
Поени од реакции
114
ПС.полезбејски и понаркомански во едно,мак филм немало и ќе нема
Е сега и ти се усра. Што има лошо кај лезбејките?:):)

Како и да е, што можеш да очекуваш кога:
1. Жени го прале филмот
2. Митевски го праеле филмот (сосе братот)
Мислевте два минуса станува плус? Како не.
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
ПС.полезбејски и понаркомански во едно,мак филм немало и ќе нема
1. Нема ниедна лезбејка у филмот
2. Има една наркоманка што не го прави филмот наркомански
3. Жива глупост е актерите да зборат на велешки
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
611
Поени од реакции
9
1. Нема ниедна лезбејка у филмот
2. Има една наркоманка што не го прави филмот наркомански
3. Жива глупост е актерите да зборат на велешки
Ај ти не го оправдувај филмот, тешко срање е. Прва класа срање!

1. Лезбејки нема, ама како курви се претставени сите женски што се појавуваат во филмот, што според мене е полошо.
2. Има една наркоманка, која е во главна улога, што значи дека е наркомански филм.
3. Не е глупост, убаво си кажа дечкото.

Понатаму што не ми се допадна во филмот:
- На телевизија рекоа дека во филмот се работи за егејци, па со таков наслов очекував да биде малку саркастично исмеан режимот на тито, И СЕ ИЗЛАЖАВ.
- На телевизија рекоа дека се зборува за тоа што им прави топилницата на велешани, И ПОВТОРНО ЛАЖЕА.
- Како и во многу македонски филмови, поради отсуство на добри сценаристи,цело време во филмот СЕ МОЛЧИ.
- Во филмот се зборува за една девојка која не може да се пронајде себеси во светот, и поради тоа не зборува. LOOOOOOOOOOOOOSER! Не научила дека никој нема да ти помогне, ти сам треба да си го најдеш своето место на планетава.
 

IronTrooper

The King of Cool
Член од
27 март 2007
Мислења
1.496
Поени од реакции
32
покрај вакви лоши критики просто посакувам да одам и да го гледам филмов
 
Член од
12 јануари 2006
Мислења
374
Поени од реакции
9
1. Нема ниедна лезбејка у филмот
2. Има една наркоманка што не го прави филмот наркомански
3. Жива глупост е актерите да зборат на велешки
1.Тоа за лезбејките беше на шала кажано...
...2.но затоа филмот беше наркомански и поради,наркоманката мораше да се курва оваа немава
3.Е како може да биде глупост во велешки филм актерите да зборуваат на велешки.Ако не се долови моментот и местоположбата-ништо не се постигнало.Мене на пример како велешанец тоа многу ме нервира што се зборува на скопски,а ти ако имаш нешто против велешани и велешкиот говор кажи слободно,но тоа ќе значи дека уствари имаш против македонскиот литературен говор.

ПС.Тонот и звукот беше катастрофа
 

ПрИтИ_гРл

Unforgivable ♥
Член од
6 јуни 2006
Мислења
2.554
Поени од реакции
22
покрај вакви лоши критики просто посакувам да одам и да го гледам филмов

Ми го зеде зборо, само што јас имам купено карти за во петок, одиме со другарките да гледаме! Од кога ќе го изгледам ќе си го кажам јас моето.

:helou:
 

Medea

Облинеса
Член од
25 април 2007
Мислења
2.973
Поени од реакции
3.269
ne go iam gleano filmot, ama edna drugarka na koja sto i veruvam koga se raboti za film, mi rece deka labina m. vo filmot mnogu SEPOTI:pos2:
 
Член од
13 јануари 2008
Мислења
570
Поени од реакции
18
Најпријателски совет, не давајте 180 денари за оваа катастрофа од филм!
 

noodle ®

Teetleh
Член од
3 декември 2005
Мислења
1.527
Поени од реакции
257
Не е Ла(в)ина крива, крив е тој што не и кажал дека од човек што не може да изусти пар зборови без да изгуби воздух, глумец не бидува...:toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom