Јасно им е дека може да им се удри од глава, затоа пристапот е сменет и сретствата се ненасилни. За разлика од предходните два обида, овде нема култ кон лидер и наметнување. И нема ароганција. Туку има рушење на локалните политички елити и создавање на недоверба кон нив.
Политичките кризи низ цела Европа само ќе ја засилат потребата од нови луѓе, кои нели би било да се поддржани од единствената држава која не е во криза во Европа. Тие што не се такви, ко на пример СИРИЗА се системски уништувани. Плус Британија веќе ја нема во играта, а Русија не се интересира за државите западно од Полска, исто како што и Германија не се интересира за Балтикот и Украина.
Ќе видиме. Во секој случај, мислам дека до пред неколку години ова не се приметуваше, но веќе некако испливува на површина. Меркел - жена, жена - ама жена, жена... Сите ги стави во топ.
Според мене исто треба да се запази и моментот -
недостаток на лидери. Да, имаме премиери, министри, претседатели и останати функционери, но немаме лидери во вистинска смисла на зборот, туку имаме шарлатани како Саркози, Берлускони, Гордон Браун (ги нема веќе, ама доволно штета направија). На територија на Европа само Меркел и Путин можат да се окарактеризираат како лидери со карактер, без разлика какво е личното мислење на индивидуалецот спрема нив.
Кога изостануваат лидери со карактер, посебно во вакви сојузи, се разбира дека ќе се најде еден кој ќе се издигне и кој полека ќе наметнува темпо по своја желба. Германија/ Германците се луѓе кои гледаат на долг рок. Тие уште пред неколку години ги предвиделе дупките во ЕУ и полека/полека успешно си ги искористија во своја полза.
Германија кога ќе видиш ти е европски пандан на Америка (минус војните). И Америка така се расфрлаше и се уште дава пари преку USAID и на тој начин си придобива сателити на светот. Сеа тоа што малце забегаа, па отворија 10 фронтови во исто време, тоа е друг муабет. Премногу моќ ќе те удри во глава кога тогаш.
Интересна е теоријата за Германија, се согласувам горе-доле со муабетот, само јас сум скептик за вакви работи, т.е секогаш го очекувам неочекуваното, затоа и велам, една, доволна е само една ситуација и работите да почнат да се одвиваат во друг правец, неповолен за Германија. Не дека сега тоа е возможно моментално, ама ти зборувам за период од неколку години.
Она што е уште поинтересно кога веќе ја начнавме Германија како тема е изјавата на Меркел дека мултикултурализмот е мртов. Со оглед на веќе започнатата дискусија за Германија, дали тоа Меркелица нешто ни кажува меѓу редови? Јас пак не се согласувам со неа, унитарната држава каква што сите ја познаваме е мртва. Самата ЕУ како унија е мултикултурна (европски држави, различни култури во една унија) , а ако тие толку ја форсираат ЕУ да се развива тогаш како може мултикултурализмот да умре кога имаме отворени граници во ЕУ, слободно движење (освен за Ромите, како што гледаме сите, за Ромите важат други правила во ЕУ очигледно, срцки без двојни стандарди) и слично?