Јазикот и мислата

Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734
Овој пост ќе биде огромен и повеќето може да не се заинтересирани за сите детали. Доколку не сакате да навлегувате подлабински на темава, скокнете на прашањата што се на крајот од постот.

Еден од најважните елементи на свеста и мислата е јазикот чијашто функција е комуникација и размислување за работите/процесите кои можеме/не можеме да ги видиме, почувствуваме, слушнеме, допреме или помирисаме. Јазикот има различни нивоа на структура, според ред на величина (фонема, морфема, цел збор, реченица (синтакса) и дискурс). Морфемите и структурите од повисок ред имаат значење (семантика). Зборовите симболизираат нешто, нивното значење е произволно и контрасно од значењата на другите зборови. Јазикот е генеративен и динамичен (се создаваат нови зборови, а други се отфрлаат од употреба).

Разбирањето на јазикот е значајно за комуникацијата и разменувањето идеи помеѓу луѓето, поради што, во етнологијата, јазикот се смета за најсилниот кохезивен елемент на етникумот. Според Витгенштајн, јазикот е несовршен и несоодветен за општење на вистинското значење на работите (Филозофски истражувања). Според Чомски и еволутивната психологија, јазикот е модул на умот (теоријата за универзален јазик, тоест „LAD-language acqusition device“) кој е универзална длабока структура застапена кај сите луѓе.

Според теоријата за лингвистички универзали, постојат универзален јазик и граматика кои ги говориме сите, а некои истражувања ја поддржуваат оваа позиција (исти поделби за бои во јазикот на повеќето култури). Лингвистите нашле илјадници лингвистички универзали поврзани со фонологијата, морфологијата, семантиката и синтаксата. Оваа теорија тврди дека варијациите во јазикот кај различни култури, нема да доведат до промена на начинот на кој овие култури размислуваат. Според лингвистичкиот релативизам, јазикот ја оформува мислата. Луѓе со различен јазик имаат различна когниција. Ова е уште се нарекува и Сапир - Ворфова хипотеза. Во различни култури има различна лексика и синтаксички структури, но оваа теорија е поврзана со семантиката и различните ментални диференцијации. Силниот лингвистички релативизам тврди дека јазикот ја предопределува мислата, а слабиот лингвистички релативизам тврди дека јазикот влијае на мислата. Втората позиција е повеќе поддржана од научните сознанија. Јазикот влијае на тоа како енкодираме, зачувуваме и повикуваме информации од меморијата. Пример за ова е племето Пираха кое нема броен систем за броеви над бројот „2“ и тоа им влијае во способноста за броење која е полоша од таа на културите кои имаат броен систем за броеви над бројот „2“.

На некој начин, неологизмите и жаргоните го збогатуваат јазикот и влијаат на наративот во определена култура, како и доминантните сентименти. Јазикот има емоционално значење кое е поврзано со сентиментот на говорителот. Ако некој каже „Книгава е досадна“, тој не зборува за некаква инхерентна особина на книгата, туку ги комуницира своите емоции за истата. Јазикот има и когнитивно значење поврзано со семантичкото значење на зборот. Различни форми на манипулација во политиката, економијата, религиите и др. вклучуваат манипулирање со јазикот. Луѓето од кои се побарало да ја определат брзината со која две коли се удриле, давале поголеми апроксимации за брзината на колите ако прашањето содржело емотивно набојни зборови (Со која брзина се згмечиле колите?), наспроти понеутрални зборови (Со која брзина се судриле колите?). Еуфемизми се зборови кои се поблаги замени за негативни зборови (пример, за убиство, „неутрализирање на противникот), а дисфемизми се дерогаторни зборови кои се замени за попријатни зборови („свиња“ за човек со неморално поведение). Во политичките, социолошките, религиозните и други пропаганди се користат разни еуфемизми и дисфемизми кои ги сигнализираат емоциите на соговорникот кон предметот на дискусија повеќе отколку вистинското значење, со цел, да се манипулира мислењето на луѓето (абортусот се нарекува „убиство на бебиња“, геноцидот е „контрола на популација“). На зборови со исто значење во различни јазици, луѓето им даваат различни придавки, зависно од тоа дали зборовите се во женски или во машки род. Шпанците, на пример, го опишуваат клучот како елегантен и нежен бидејќи во шпанскиот јазик тој е во женски род, а Германците како силен и метален бидејќи во германскиот јазик, тој е во машки род. Моќта на јазикот е значајна и кај религиските мантри и молитви кои, во склоп со религиозниот наратив, имаат психолошко влијание. Многубројни филмови, песни и литературни дела („Пристигнување“, Орвеловата „1984“ и др.) ја обработуваат оваа проблематика. Можно е да немаме решение за различни психолошки проблеми бидејќи немаме јазик со кој можеме да ги опишеме.

Еден од поинтересните феномени во лингвистиката се билингвизмот и мултилингвизмот (кога една заедница истовремено користи два или повеќе јазици). Билингвизмот може да биде супстрактивен и адитивен. Кај супстрактивинот билингвизам, двата јазика компензираат еден за друг, а кај адитивниот, едниот јазик е додатен на веќе развиен првенствен јазик. Во контекст на лингвистичкиот релативизам, се наметнува прашањето, дали овие заедници размислуваат различно.

Една од почесто застапените мисконцепции е и лингвицизмот. Честопати, на различни дијалекти им се препишуваат различни социјални статуси. Стандардните дијалектни форми имаат повисок социјален статус од нестандардните. Разликите во стандардните и нестандардните форми може да станат социјален проблем кога тие што говорат на некој стандарден дијалект ќе почнат да мислат дека стандарден дијалект подразбира и „посупериорен дијалект". Мислењето дека еден дијалект е посупериорен од друг, може да доведе до предрасуди за моралниот карактер, едукацијата, интелигенцијата, и компетентноста на луѓето кои говорат на нестандардни дијалекти. Најчесто, стандардните дијалекти се говорат од општествената класа со најголема политичка и економска моќ. Лингвицизмот не е оправдан бидејќи дијалектот кој го говори определена група не е поврзан со други карактетистики на групата.

Психолингвистиката ја проучува психологијата на јазикот како производ на умот. Таа го проучува произведувањето и разбирањето на јазикот. Психолингвистиката е интердисциплинарна наука која е во соработка со лингвистиката, невролингвистиката, социолингвистиката и компјутационата лингвистика. Психолингвистиката го проучува произведувањето и разбирањето на јазикот, како и неговата интеракција со другите структури и процеси во умот, како меморијата, интелигенцијата итн.

Во психолингвистиката има повеќе позиции за тоа како ги перцепираме зборовите.

Според теориите за обичната перцепција на говорот (пример, теоријата на фонетско рафинирање, TRACE моделот и др.), кога го перцепираме говорот, ги користиме истите процеси како кога перцепираме други звуци (пр. лаење на куче или удар на гром). Првата фаза вклучува невронално процесирање на звуците кои се анализираат како компоненти. Во следната фаза, зборовите ги утврдуваме со сукцесивно поврзување на сите можни комбинации помеѓу сите фонеми и кога ќе добиеме збор, го поврзуваме со веќе запомнет збор во нашата меморија. Ова е интерактина спрега, со што утврдувањето на зборовите доведува до повикување модели за тоа кои зборови ги очекуваме за следни. Когнитивните и контекстуалните фактори играат улога во перцепцијата на гласовните звуци кои стигнуваат до нашите слушни органи.

Теориите за специјализирана перцепција на говорот тврдат дека говорните звуци ги перцепираме како дисконтинуирани категории, иако тие самите се континуирани, со што ги дискретизираме во готови пакети составени од звучни образци (пример. Самогласните комбинации ба, да и га).

Според моторните теории, движењето на вокалниот тракт на соговорникот допридонесува до разбирањето на тоа што го кажува. Ефектот на Мек Гурк е доказ за релевантноста на моторните теории. Добар пример за ова се филмовите во кои аудио траката доцни зад анимацијата. Кога го перцепираме говорникот, тој ги движи усните на начин кој доведува до еден звук, а слушаме друг звук, па нашата перцепција вклучува спојување на двата звука во еден комбиниран резултат. Ако устата мрдне за „ба“, а излезе звукот „да“ (аудио траката доцни), нашата визуелна и аудиторна перцепција ќе ни синтетизира звук кој ќе го исперцепираме како „tha“.

Од аспект на јазикот и когницијата, многу важен елемент е и читањето.
Три процеси контрибуираат во читањето, а тоа се перцептуалните, лексичките и процесите на разбирање. Според Кинч, перцептуалните процеси вклучуваат трансформирање на визуелните симболи во звуци, звуците во зборови, а зборовите во реченици. Потоа работната меморија најверојатно задржува цели искази како дискретни категории, а не зборови. Па се формираат ментални модели. Лексичките процеси вклучуваат идентификување на буквите во познати зборови, а потоа семантичките процеси вклучуваат енкодирање на значењето што го имаат зборовите поврзано со вокабуларот. Процесите на разбирање вклучуваат разбирање на целото значење на дискурсот. За разбирање на дискурсот, потребно е да се поседува знаење за истиот и разбирање на физичкиот, социјалниот и културолошкиот контекст. Луѓето со голем вокабулар се добри читатели и полесно го разбираат напишаниот текст. Луѓето кои не разбираат многу зборови, не може да го разберат текстот. Според многу студии, за некој да го разбере еден текст и да изведе инференци од истиот, потребно е да разбира над 95% од зборовите, а според некои студии, за некој да ужива во еден текст, мора да разбира повеќе од 98% од зборовите.

Брзината на лексичкиот достап (повикување на информација за зборовите од нашата долготрајна меморија) е поврзана и со вербалната интелигенција која е резултат на различни генетско околински влијанија. Луѓето со големи вокабулари побрзо стигнуваат до лексичките информации од тие со помали вокабулари, со што процесираат повеќе информации во единица време. Нови зборови се учат или со помош на надворешни извори (речници, учители итн.) или според контекстуалните знаци на текстот. Луѓето го учат поголемиот дел од вокабуларот индиректно. Луѓето со поголем вокабулар учат подобро од контекст поради подобро развиените стратегии за разбирање нови зборови.

Една од најзначајните болести поврзани со потешкотии во читањето е дислексијата. Кај дислексичарите може да се пореметени неколку процеси: фонолошката свесност (свесност за структурата на звукот), фонолошкото читање (изолирано читање на зборови), фонолошкото кодирање во работната меморија, лексичкиот пристап (способност за повикување на фонеми од долготрајната меморија) и синтаксичкото енкодирање (разбирање на значењето на зборовите). Дислексијата може да е вродена или стекната (поради оштетување на мозокот). Невропсихолошките студии укажуваат на тоа дека левиот темпоро-париетален кортекс (задолжен за процесирање јазик) има намалена активација кај дислексичарите. Едукациските интервенции го намалуваат хендикепот предизвикан од дислексијата. Проблеми со читањето имаат и луѓе со проблеми со вниманието (хиперкинетичко нарушување) кои поради неможноста за долготраен фокус не може да се сосредоточат на текстот. Препораки за решавање на овие проблеми вклучуваат изолирање од дистракции, заинтересираност за проблематиката, интерактивно читање (со белешки), правење кратки паузи после 15-20 минутно читање и др. Луѓето со анксиозност (математичка анксиозност на пр.) и/или мала самодоверба, имаат проблем со разбирањето на некои материјали поради тоа што анксиозноста им одзема голем дел од работната меморија, па тие не може да се сосредоточат на текстот, нешто што се покажува како самоисполнувачко пророштво за нивната илузорна некомпетентност и/или страв. Сепак, постојат и биолошки варијации во вербалната интелигенција поврзани со процесирачката брзина, вербалната краткотрајна и долготрајна меморија, како и работната меморија и вниманието.

Од аспект на невронауката, утврдено е дека темпоралните лобуси, префронталниот кортекс и постериорниот цингулатен кортекс се најзначајни при процесирањето и произведувањето на јазикот. Активацијата на овие делови е главно во левата хемисфера, но има и некаква активност во десната. За повеќемината, десната хемисфера има лимитирани лингвистички функции кои вклучуваат аудиторно поимање на семантичката информација, како и поимање и експресија на некои небуквални аспекти од јазикот како: гестикулациите, иронијата, шегите и метафорите. Од тој и многу други аспекти, метафоричниот говор е значаен за проучување на јазикот. Во метафората има две именки една крај друга (тенор и возило), со што тие делат определени сличности, но имаат и контрасни разлики. Луѓе со оштетување на фронталниот кортекс на десната хемисфера, имаат проблем со разбирање метафори и воопшто следење нечиј говор. Но невропластичноста е многу значајна и помага за повторно развивање на јазик кај луѓе со мозочни лезии, со што други делови од ЦНС ја превземаат функцијата на оштетените. Постои и разлика во вербалните способности помеѓу половите. Во просек, жените се вербално посупериорни од мажите и центрите за вербално процесирање им се наоѓаат на помала површина од мозокот. Исто така, мажите се посклони кон систематично вербално размислување, а кај жените, вербалната комуникација има функција на интерперсонални односи. Постои и теза дека аутизмот кој вклучува претпотенцирано систематизирање на јазикот е почест кај мажите поради начинот на кој го процесираат на јазикот. Аутистичните деца, исто така, имаат проблеми со повторување на едни исти фрази (ехолалија). Ова се статистички трендови, не апсолутни генерализации.

Постојат и одредени мозочни оштетувања на најважните центри за процесирање на говорот: Брока и Вернике. Генерално, Вернике регионот е задолжен за разбирање на говорот и семантичко процесирање, а Брока за произведување на говорот. Афазии се болести коишто вклучуваат пореметување на говорот и разбирањето на јазикот.

Верниковата афазија е резултат на оштетување на регионот Вернике. Таа доведува до неможност за разбирање на зборовите (семантички проблем). Кога луѓето со оваа афазија пробуваат за зборуваат, кажуваат реченици без соодветна граматичка структура или реченици со соодветна граматичка структура, но со неологизми без никакво значење. Во овие ситуации, се поттикнува користење на невербална комуникација.

Кај Броковата афазија е пореметен изговорот, односно граматичката структура не е зачувана исто како кај Верниковата афазија (аграматичен дискурс). Но семантичкото процесирање е зачувано, односно луѓето може да го разберат јазикот, но не може да зборуваат кохерентно.

Глобалната афазија е комбинација од Брокова и Верникова афазија. Аномичната афазија е проблем со именување на објекти и повикување имиња за определени ментални концепти.

Оваа тема е опширна, а и постов е преголем, но сакав да ги опфатам сите значајни елементи од когницијата и јазикот. Ова може да отвори повеќе теми за дискусија, значајни за секојдневниот живот.

-Дали имате или познавате некој со дислексија, Брокова афазија, Верникова афазија и/или аутизам кој има проблеми со користењето или разбирањето на јазикот?

-Дали имате проблем при читање и разбирање на определен текст, книга и слично? Дали тој проблем се јавува со сите напишани текстови или е поврзан само со некои теми или стилови на пишување?

-Дали имате мала самодоверба за вашите вербални способности? Дали се плашите дека не можете да разберете определен текст?

-Дали можете да се изразите соодветно?

-Дали имате некои емоционални пречки кои ви пречат во изразувањето?

-Дали можете да се сосредоточите на подолг разговор?

-Дали имате проблем со разбирање шеги, метафоричен говор и/или сарказам?

-Колку се значајни јазичната писменост и вокабуларот според вас?

-Дали вие/некој што го знаете сте/е билингвален или мултилингвален говорник (билингвизам и мултилингвизам се појави во кои една заедница истовремено користи два или повеќе јазици)? Како се одразило тоа на вашиот/неговиот вокабулар и разбирање на секој од тие јазици одделно?

-Дали сте се соочиле со лингвицизам во вашиот живот, односно да бидете дискриминирани и потценети поради вашиот дијалект?

-Дали знаете примери за манипулации со јазикот кои влијаат на мислењето на луѓето и/или дали вие го користите јазикот како манипулативно средство?
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.499
Поени од реакции
9.406
Браво @Botko за темава,браво..од секогаш им се дивам на луѓе како тебе, како на @Хептаграм XI ...има и други на форумов, искрено не се многу, значи на луѓе кои умеат да се изразат јасно и гласно што би рекле, да го истакнат знаењето, убавината на зборот и неговото значење, богатиот вокабулар, највисок левел на конверзација....

Јас да ти признам дека веднаш отидов на прашањата, е сега незнам дали даваш психолошка анализа, но еве ти некој мој искрен одговор...
Неможам да дочитам долги постови, неможам вниманието да го задржам, моите вербални способности се на најниско ниво, имам проблеми со трема ако треба да говорам пред повеќе луѓе...имам проблем да го најдам соодветниот збор кога сакам нешто да кажам...:(
Помош?
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.885
Поени од реакции
14.366
-Дали имате проблем при читање и разбирање на определен текст, книга и слично? Дали тој проблем се јавува со сите напишани текстови или е поврзан само со некои теми или стилови на пишување?
Пошто од кога знам за себе несвесно примувам техника на брзо читање понекогаш ме заморува кога треба да читам одделно збор по збор, како на пример при долги набројувања во учебник или не знам, долги стручни реченици. Сфаќам дека не сум ја разбрал претходната реченица кога веќе сум 2-3 реченици напред, се враќам и напрегнато ја читам збор по збор. Сакам да ја добијам поентата на реченицата/страницата/текстот што побрзо и со што помалку напор. Кога читам романи често прескокнувам долги описи и одам веднаш на реченицата која има некоја поента или на пример воопшто не ги ни перцепирам деловите како „тој рече“, „таа воскликна“ и слично, одма скокам на наредната реплика, пошто воопшто не ми е важно дали тој извикнал или таа воскликнала.

Раката не може доволно брзо да ми го следи мозокот кога пишувам, па затоа имам ужасен ракопис кој некогаш ни самиот не си го разбирам. Од немајкаде, се научив секогаш да пишувам печатно. Понекогаш кога зборувам ептен брзо, исто јазикот и устата не можат доволно брзо да ми ги следат мислите, па ми се случува да се прегреам, да закочам и да влезам во еден loop како касета, па 3-4 пати со ред да повторам еден ист слог од зборот кој сакам да го кажам. Треба да застанам целосно со зборување, да мавнам ресет на вербалниот ми систем и да почнам одново.

Зошто и како, чекам твое објаснување :smirce:
 

LepiDzoni

Profesionalen ulichen cigan
Член од
25 јули 2014
Мислења
1.321
Поени од реакции
3.171
Неможам да дочитам долги постови, неможам вниманието да го задржам, моите вербални способности се на најниско ниво, имам проблеми со трема ако треба да говорам пред повеќе луѓе...имам проблем да го најдам соодветниот збор кога сакам нешто да кажам...:(
Помош?
Hmmm... dosta interesen problem imash.
Piesh nekakvi lekarstva?
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.784
Поени од реакции
15.396
Еден од најважните елементи на свеста и мислата е јазикот чијашто функција е комуникација и размислување за работите/процесите кои можеме/не можеме да ги видиме, почувствуваме, слушнеме, допреме или помирисаме.
Да не го тупам.....не знаев како да го објаснам, гугл има одговор на се :)
Поентата ми беше ова
Think Without Language

па https://www.mentalfloss.com/article/50684/it-possible-think-without-language
Па извадокот што го кажува тоа што го мислев без зборови :D
However, while it appears that we can indeed think without language, it is also the case that there are certain kinds of thinking that are made possible by language. Language gives us symbols we can use to fix ideas, reflect on them and hold them up for observation. It allows for a level of abstract reasoning we wouldn't have otherwise. The philosopher Peter Carruthers has argued that there is a type of inner, explicitly linguistic thinking that allows us to bring our own thoughts into conscious awareness. We may be able to think without language, but language lets us know that we are thinking.
Сигурно имам некоја форма на аутизам хахаххх никогаш не можам суштинските работи што ги знам со голема прецизност да ги пренесам со зборови. Ова е кога станува збор за спознанија околу мојата психа, чувства свест...
Tao (The Way) that can be spoken of is not the Constant Tao’
The name that can be named is not a Constant Name.
Nameless, is the origin of Heaven and Earth;
The named is the Mother of all things.
Thus, the constant void enables one to observe the true essence.
The constant being enables one to see the outward manifestations.
These two come paired from the same origin.
But when the essence is manifested,
It has a different name.
This same origin is called “The Profound Mystery.”
As profound the mystery as It can be,
It is the Gate to the essence of all life.
http://www.with.org/tao_te_ching_en.pdf


Ако треба да објаснам на пример како работи бензин мотор ќе верглам до сабајле, и тоа што ќе го кажам ќе биде тоа што го знам....нема утка ни 0,1%

Не ни продолжив да читам...до тука стигнав....ај утре :D
Во секој случај браво што си се потрудил.....ретки се тие луѓе што даваат нешта фор фри во оваа наша држава :)
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.709
Поени од реакции
15.579
Пошто од кога знам за себе несвесно примувам техника на брзо читање понекогаш ме заморува кога треба да читам одделно збор по збор, како на пример при долги набројувања во учебник или не знам, долги стручни реченици. Сфаќам дека не сум ја разбрал претходната реченица кога веќе сум 2-3 реченици напред, се враќам и напрегнато ја читам збор по збор. Сакам да ја добијам поентата на реченицата/страницата/текстот што побрзо и со што помалку напор. Кога читам романи често прескокнувам долги описи и одам веднаш на реченицата која има некоја поента или на пример воопшто не ги ни перцепирам деловите како „тој рече“, „таа воскликна“ и слично, одма скокам на наредната реплика, пошто воопшто не ми е важно дали тој извикнал или таа воскликнала.

Раката не може доволно брзо да ми го следи мозокот кога пишувам, па затоа имам ужасен ракопис кој некогаш ни самиот не си го разбирам. Од немајкаде, се научив секогаш да пишувам печатно. Понекогаш кога зборувам ептен брзо, исто јазикот и устата не можат доволно брзо да ми ги следат мислите, па ми се случува да се прегреам, да закочам и да влезам во еден loop како касета, па 3-4 пати со ред да повторам еден ист слог од зборот кој сакам да го кажам. Треба да застанам целосно со зборување, да мавнам ресет на вербалниот ми систем и да почнам одново.

Зошто и како, чекам твое објаснување :smirce:
јас во основно и средно читав по 100 до 200 страни на ссат, зависи од книгата...се сеќавам во Белград учев 7одд, сабајла ја земав Крсташи од Сјенкијевич и во 17 и ја враќам во Библиотеката таа се буни.Ремарк , Џек Лондон, Максим Горки ги читав и 150страни/сат , а пак Војна и Мир (само јас од цело школо го прочитав цел, ама тој беше погаден бидејки имаше пасуси на француски), па ме фати 40 страни/сат..
А во 1961 за 1 ден го прочитаав Северозападен Пролаз од 630 страни,, тогаш членував во библиотека Работнички Дом, кога и ја враќав книгата библиотекарката не веруваше дека сум ја прочитал... а многу интересна..


кога 1981 го земав првиот компјутер , ЗХ 81 книгите полека но сигурно ги помножив со нула, дури сега и тоа 2-3 страни што е мануел за употреба кога ќе купиш нешто ми е проблем; но ги печатат многу ситно, а и суштински често мануелите не се добро преведени, со гугле транслате :cool:..
Има една мислам кинеска поговорка, една слика заменува 1000 збора, ама да одиш таму или ако е предмет да го имаш пред тебе , заменува 1000 слики ..
.
.А околу читањето лектири, се сеќавам уште поодамна , 67 ли беше, во средно, по македонски ни ја даде за лектира Раната Пролет на Моно Самоников, од Живко Чинго... книгата никаде ја нема, наставничката имаше некој алаш вериш со Чинго, па ни ја одложи за да сме ја купеле од книжари, а морало да ја прочитаме !!
Еден во класот случајно ја имаше, па од него цел клас ја прочитавме... Е сега ја работиме на час, баш нему се падна да прераскажува.. таму имаше некој дел како Моно Самоников ја онадуе женската поред отворени завеси... овој колегата сватил дека Моно ја понижува девојката, не ја сака вистински... Наставничката се налути, му се развика, ти не си ја прочитал книгата и тој си доби КЕЦ:facepalm:
Сега на младите само оваква комуникација им е во памет :icon_mrgr:https://forum.kajgana.com/threads/Фото-хумор-и-интересни-фотки.2486/post-8868779
 
Член од
8 март 2020
Мислења
2
Поени од реакции
7
Ја читам Кајгана од малку време, ама за темава особно сум го направил профилот.
Темата е многу интересна за мене, бидејќи македонскиот јазик не е ми роден (сум го научил пред 2 години) и гледам негово влијание на моето мислење. Значи, на пример преку македонски сега гледам простор преку три категории (овој - тој - оној), доколку не знаев македонски, постоја за мене само двете категории (тој - оној).

Што е уште интресно, кога зборувам на македонски имам повеќе самодоверба отколку кога зборувам на мојот роден јазик, во македонскиот јазик комуникација е послободна, вербално ми е полесна. Немам сега за тоа примери, ама кај вербален разговор ова е очигледано. Македонски исто ми го манипулира мислењето, значи - често ми недостига некаков македонски збор или контрукција, или баш начин на мислењето кај друг јазик, дури кај македонски ми недостига многу вулгарни зборови (фактот е да ги користаме секојднево и се многу важни за комуникацијата :icon_lol:) коишто постојат во мојот роден јазик. Инаку, како средство со македонски можам да подобро гледам простор и времето. Дали и кај вас друг јазик има влијание на мислењето итн?
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Одлична тема. Нема да се преправам дека сум разбрал се'. Вербалното општење и пишаниот збор, нивното испраќање и прифаќање како порака откриваат многу и за тој што пренесува информација како и за тој што треба неа да ја обработи и сфати. Сметам дека сите луѓе имаат некакви ограничувања (едвај забележливи, помали, поголеми, сеедно) при комуницирањето и/или читањето.
Понекогаш тие пречки се надминуваат со поголема социјализација и повеќе читање, можеби постојат и други методи, веројатно има и случаи каде што нема простор за подобрување, а можеби ни интерес.
Јазикот е одраз на степенот на развој и на културата на одредена популација, иако и тука има по нешто да се забележи. На пример, професорот по англиски имаше навика да укажува на тоа дека за овој или за оној англиски збор нема соодветен превод на македонски или да зборува за тоа дека Ескимите имале седум збора за снег а ние само еден. Бидејќи струката на моите е (беше) тесно поврзана со јазикот, открив дека за дадените англиски примери и тоа како имаме соодветни зборови (тоа не значи дека имаме наши изрази за секој туѓ збор, туку дека спомнатиот професор, иако солидно го владее англискиот не е професионално најпоткован кога станува збор за мајчиниот јазик), а за тоа со снеговите, веднаш ми исфрлија 3-5 (не се сеќавам точно) збора за различни видови снег (снег, лапавица, дрча итн.). И на крајот, за што Ескимот во таа бела пустина би имал зборови :) ?
Околу боите. Интересно е што одредени народи (Хелените, на пр., за што, колку што се сеќавам има пишувано и Ниче), имаат доста поразлична претстава за боите од онаа што ја имаме денес. Да додадам и дека одредени бои го менуваат значењето низ вековите - црвената порано била „машка“ боја (крв, војна, гнев, храброст) а сината „женска“ (мир, спокојство, кроткост).

За дијалектите. Лично воопшто не ми пречат, се' додека не стане збор за јавно искажување, телевизиско презентирање, односно научно, политичко и сл. истапување, кога некој се обраќа кон поширока популација. Неспособноста да се надмине локалниот говор, тогаш кога е пожелно, сепак е показател за јазична скудност. Од друга страна, постојаното инсистирање на литературната форма може да биде несоодветно и извештачено. Сум немал проблем со дијалектите (два имам наследено од моите, кои не се родени скопјани), ама и не сум се расфрлал со нив каде што не требало, така што одговорот не е комплетен.

За хуморот, иронијата и сарказмот. Не сметам дека сум нешто посебно духовит, ама непријатно изненадува фактот дека голем број луѓе не се способни да насетат ироничност и саркастичност, а смислата за хумор им е доста приземна и прлично груба. Немам поим дали е тоа недостаток на интелигенција, но секако не е пријатна комуникацијата со таква личност и остава лош впечаток.

За комуницирањето. Зависи од расположението и околностите. Не сум комуникативен, но способен сум за долги разговори ако имам желба и потреба и ако имам соговорник со кој би имал за што да разговарам. Сепак, понекогаш одредени состојби од физичка природа можат да претставуваат пречка при комуникацијата. Од друга страна пак, сум забележал дека комуницирањето по телефон или интернет не ми е најјака страна.

Не ми се допаѓа кога ќе забележам дека јазикот осиромашува, кога кај мнозинството се вртат вкупно 2000-3000 зборови, а сите изигруваат лингвистички нацисти, кога имаме наплив на ретардирани, но изгледа страшно заразни изрази. Скоро сите политички пациенти и клиенти во секоја прилика се програмирани неуморно да се расфрлаат со: бањати, небањати, Зајко, Грујо, Мицко, фиромјани, севердонија, шарени и хумор кој соодветсвува со овие изрази. Се работи за крајно поедноставување на одредени политичко-пропагандни пораки толку упростени за да бидат сфатливи за сите, ама баш за сите, што за некого (очигледно не за сите) може да биде доста навредливо и понижувачки. Јазикот е едно од посовршените средства за манипулација и на поединци и на групи и секако има вистина во онаа излитена поговорка „Јазикот коски нема, ама коски крши“.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.377
Поени од реакции
5.838
-Дали имате или познавате некој со дислексија, Брокова афазија, Верникова афазија и/или аутизам кој има проблеми со користењето или разбирањето на јазикот?

Немам такви проблеми, за среќа.

-Дали имате проблем при читање и разбирање на определен текст, книга и слично? Дали тој проблем се јавува со сите напишани текстови или е поврзан само со некои теми или стилови на пишување?

Имам проблем со стручна литература, не при читање него сфаќање на значењето на самиот поим и тоа не нервира страшно.

-Дали имате мала самодоверба за вашите вербални способности? Дали се плашите дека не можете да разберете определен текст?

Вербални способности сосема ок. Не е да се плашам туку знам дека не можам да раберам еден тон текстови.

-Дали можете да се изразите соодветно?

Најчесто да, особено на полињата на кои сум одлично информиран.

-Дали имате некои емоционални пречки кои ви пречат во изразувањето?

Кога не можам да се сетам на одредени податоци ми е бед.

-Дали можете да се сосредоточите на подолг разговор?

И тоа како, добар слушател и добар соговорник :)

-Дали имате проблем со разбирање шеги, метафоричен говор и/или сарказам?

Немам.

-Колку се значајни јазичната писменост и вокабуларот според вас?

Екстремно важни, од семејство до работа до пријателства, при стекнување нови познанста...

-Дали вие/некој што го знаете сте/е билингвален или мултилингвален говорник (билингвизам и мултилингвизам се појави во кои една заедница истовремено користи два или повеќе јазици)? Како се одразило тоа на вашиот/неговиот вокабулар и разбирање на секој од тие јазици одделно?

Силом прилика и живот пише романе и тоа, јас сум мултилингвален говорник и вокабуларот ми е најслаб на македонски, не знам зошто е тоа така.

-Дали сте се соочиле со лингвицизам во вашиот живот, односно да бидете дискриминирани и потценети поради вашиот дијалект?

Многупати и на многу места но со различен интензитет на потценување. Крајно лоши искуства од Словенија на пример.

-Дали знаете примери за манипулации со јазикот кои влијаат на мислењето на луѓето и/или дали вие го користите јазикот како манипулативно средство?

Јас не го користам за манипулации, сакам комлименти и убави зборови, но и давам комплименти и убави зборови, исто како што кажувам што ми пречи и отворен сум за тоа на кој начин пречам на други за да го сменам тоа, а примери за манипулативен начин на користење на јазик имаме насекаде, тоа е масовна појава, од медиуми и политичари до трачарки трачари во маало :)
 
Член од
8 јануари 2020
Мислења
806
Поени од реакции
2.020
Овој пост ќе биде огромен и повеќето може да не се заинтересирани за сите детали. Доколку не сакате да навлегувате подлабински на темава, скокнете на прашањата што се на крајот од постот.

Еден од најважните елементи на свеста и мислата е јазикот чијашто функција е комуникација и размислување за работите/процесите кои можеме/не можеме да ги видиме, почувствуваме, слушнеме, допреме или помирисаме. Јазикот има различни нивоа на структура, според ред на величина (фонема, морфема, цел збор, реченица (синтакса) и дискурс). Морфемите и структурите од повисок ред имаат значење (семантика). Зборовите симболизираат нешто, нивното значење е произволно и контрасно од значењата на другите зборови. Јазикот е генеративен и динамичен (се создаваат нови зборови, а други се отфрлаат од употреба).

Разбирањето на јазикот е значајно за комуникацијата и разменувањето идеи помеѓу луѓето, поради што, во етнологијата, јазикот се смета за најсилниот кохезивен елемент на етникумот. Според Витгенштајн, јазикот е несовршен и несоодветен за општење на вистинското значење на работите (Филозофски истражувања). Според Чомски и еволутивната психологија, јазикот е модул на умот (теоријата за универзален јазик, тоест „LAD-language acqusition device“) кој е универзална длабока структура застапена кај сите луѓе.

Според теоријата за лингвистички универзали, постојат универзален јазик и граматика кои ги говориме сите, а некои истражувања ја поддржуваат оваа позиција (исти поделби за бои во јазикот на повеќето култури). Лингвистите нашле илјадници лингвистички универзали поврзани со фонологијата, морфологијата, семантиката и синтаксата. Оваа теорија тврди дека варијациите во јазикот кај различни култури, нема да доведат до промена на начинот на кој овие култури размислуваат. Според лингвистичкиот релативизам, јазикот ја оформува мислата. Луѓе со различен јазик имаат различна когниција. Ова е уште се нарекува и Сапир - Ворфова хипотеза. Во различни култури има различна лексика и синтаксички структури, но оваа теорија е поврзана со семантиката и различните ментални диференцијации. Силниот лингвистички релативизам тврди дека јазикот ја предопределува мислата, а слабиот лингвистички релативизам тврди дека јазикот влијае на мислата. Втората позиција е повеќе поддржана од научните сознанија. Јазикот влијае на тоа како енкодираме, зачувуваме и повикуваме информации од меморијата. Пример за ова е племето Пираха кое нема броен систем за броеви над бројот „2“ и тоа им влијае во способноста за броење која е полоша од таа на културите кои имаат броен систем за броеви над бројот „2“.

На некој начин, неологизмите и жаргоните го збогатуваат јазикот и влијаат на наративот во определена култура, како и доминантните сентименти. Јазикот има емоционално значење кое е поврзано со сентиментот на говорителот. Ако некој каже „Книгава е досадна“, тој не зборува за некаква инхерентна особина на книгата, туку ги комуницира своите емоции за истата. Јазикот има и когнитивно значење поврзано со семантичкото значење на зборот. Различни форми на манипулација во политиката, економијата, религиите и др. вклучуваат манипулирање со јазикот. Луѓето од кои се побарало да ја определат брзината со која две коли се удриле, давале поголеми апроксимации за брзината на колите ако прашањето содржело емотивно набојни зборови (Со која брзина се згмечиле колите?), наспроти понеутрални зборови (Со која брзина се судриле колите?). Еуфемизми се зборови кои се поблаги замени за негативни зборови (пример, за убиство, „неутрализирање на противникот), а дисфемизми се дерогаторни зборови кои се замени за попријатни зборови („свиња“ за човек со неморално поведение). Во политичките, социолошките, религиозните и други пропаганди се користат разни еуфемизми и дисфемизми кои ги сигнализираат емоциите на соговорникот кон предметот на дискусија повеќе отколку вистинското значење, со цел, да се манипулира мислењето на луѓето (абортусот се нарекува „убиство на бебиња“, геноцидот е „контрола на популација“). На зборови со исто значење во различни јазици, луѓето им даваат различни придавки, зависно од тоа дали зборовите се во женски или во машки род. Шпанците, на пример, го опишуваат клучот како елегантен и нежен бидејќи во шпанскиот јазик тој е во женски род, а Германците како силен и метален бидејќи во германскиот јазик, тој е во машки род. Моќта на јазикот е значајна и кај религиските мантри и молитви кои, во склоп со религиозниот наратив, имаат психолошко влијание. Многубројни филмови, песни и литературни дела („Пристигнување“, Орвеловата „1984“ и др.) ја обработуваат оваа проблематика. Можно е да немаме решение за различни психолошки проблеми бидејќи немаме јазик со кој можеме да ги опишеме.

Еден од поинтересните феномени во лингвистиката се билингвизмот и мултилингвизмот (кога една заедница истовремено користи два или повеќе јазици). Билингвизмот може да биде супстрактивен и адитивен. Кај супстрактивинот билингвизам, двата јазика компензираат еден за друг, а кај адитивниот, едниот јазик е додатен на веќе развиен првенствен јазик. Во контекст на лингвистичкиот релативизам, се наметнува прашањето, дали овие заедници размислуваат различно.

Една од почесто застапените мисконцепции е и лингвицизмот. Честопати, на различни дијалекти им се препишуваат различни социјални статуси. Стандардните дијалектни форми имаат повисок социјален статус од нестандардните. Разликите во стандардните и нестандардните форми може да станат социјален проблем кога тие што говорат на некој стандарден дијалект ќе почнат да мислат дека стандарден дијалект подразбира и „посупериорен дијалект". Мислењето дека еден дијалект е посупериорен од друг, може да доведе до предрасуди за моралниот карактер, едукацијата, интелигенцијата, и компетентноста на луѓето кои говорат на нестандардни дијалекти. Најчесто, стандардните дијалекти се говорат од општествената класа со најголема политичка и економска моќ. Лингвицизмот не е оправдан бидејќи дијалектот кој го говори определена група не е поврзан со други карактетистики на групата.

Психолингвистиката ја проучува психологијата на јазикот како производ на умот. Таа го проучува произведувањето и разбирањето на јазикот. Психолингвистиката е интердисциплинарна наука која е во соработка со лингвистиката, невролингвистиката, социолингвистиката и компјутационата лингвистика. Психолингвистиката го проучува произведувањето и разбирањето на јазикот, како и неговата интеракција со другите структури и процеси во умот, како меморијата, интелигенцијата итн.

Во психолингвистиката има повеќе позиции за тоа како ги перцепираме зборовите.

Според теориите за обичната перцепција на говорот (пример, теоријата на фонетско рафинирање, TRACE моделот и др.), кога го перцепираме говорот, ги користиме истите процеси како кога перцепираме други звуци (пр. лаење на куче или удар на гром). Првата фаза вклучува невронално процесирање на звуците кои се анализираат како компоненти. Во следната фаза, зборовите ги утврдуваме со сукцесивно поврзување на сите можни комбинации помеѓу сите фонеми и кога ќе добиеме збор, го поврзуваме со веќе запомнет збор во нашата меморија. Ова е интерактина спрега, со што утврдувањето на зборовите доведува до повикување модели за тоа кои зборови ги очекуваме за следни. Когнитивните и контекстуалните фактори играат улога во перцепцијата на гласовните звуци кои стигнуваат до нашите слушни органи.

Теориите за специјализирана перцепција на говорот тврдат дека говорните звуци ги перцепираме како дисконтинуирани категории, иако тие самите се континуирани, со што ги дискретизираме во готови пакети составени од звучни образци (пример. Самогласните комбинации ба, да и га).

Според моторните теории, движењето на вокалниот тракт на соговорникот допридонесува до разбирањето на тоа што го кажува. Ефектот на Мек Гурк е доказ за релевантноста на моторните теории. Добар пример за ова се филмовите во кои аудио траката доцни зад анимацијата. Кога го перцепираме говорникот, тој ги движи усните на начин кој доведува до еден звук, а слушаме друг звук, па нашата перцепција вклучува спојување на двата звука во еден комбиниран резултат. Ако устата мрдне за „ба“, а излезе звукот „да“ (аудио траката доцни), нашата визуелна и аудиторна перцепција ќе ни синтетизира звук кој ќе го исперцепираме како „tha“.

Од аспект на јазикот и когницијата, многу важен елемент е и читањето.
Три процеси контрибуираат во читањето, а тоа се перцептуалните, лексичките и процесите на разбирање. Според Кинч, перцептуалните процеси вклучуваат трансформирање на визуелните симболи во звуци, звуците во зборови, а зборовите во реченици. Потоа работната меморија најверојатно задржува цели искази како дискретни категории, а не зборови. Па се формираат ментални модели. Лексичките процеси вклучуваат идентификување на буквите во познати зборови, а потоа семантичките процеси вклучуваат енкодирање на значењето што го имаат зборовите поврзано со вокабуларот. Процесите на разбирање вклучуваат разбирање на целото значење на дискурсот. За разбирање на дискурсот, потребно е да се поседува знаење за истиот и разбирање на физичкиот, социјалниот и културолошкиот контекст. Луѓето со голем вокабулар се добри читатели и полесно го разбираат напишаниот текст. Луѓето кои не разбираат многу зборови, не може да го разберат текстот. Според многу студии, за некој да го разбере еден текст и да изведе инференци од истиот, потребно е да разбира над 95% од зборовите, а според некои студии, за некој да ужива во еден текст, мора да разбира повеќе од 98% од зборовите.

Брзината на лексичкиот достап (повикување на информација за зборовите од нашата долготрајна меморија) е поврзана и со вербалната интелигенција која е резултат на различни генетско околински влијанија. Луѓето со големи вокабулари побрзо стигнуваат до лексичките информации од тие со помали вокабулари, со што процесираат повеќе информации во единица време. Нови зборови се учат или со помош на надворешни извори (речници, учители итн.) или според контекстуалните знаци на текстот. Луѓето го учат поголемиот дел од вокабуларот индиректно. Луѓето со поголем вокабулар учат подобро од контекст поради подобро развиените стратегии за разбирање нови зборови.

Една од најзначајните болести поврзани со потешкотии во читањето е дислексијата. Кај дислексичарите може да се пореметени неколку процеси: фонолошката свесност (свесност за структурата на звукот), фонолошкото читање (изолирано читање на зборови), фонолошкото кодирање во работната меморија, лексичкиот пристап (способност за повикување на фонеми од долготрајната меморија) и синтаксичкото енкодирање (разбирање на значењето на зборовите). Дислексијата може да е вродена или стекната (поради оштетување на мозокот). Невропсихолошките студии укажуваат на тоа дека левиот темпоро-париетален кортекс (задолжен за процесирање јазик) има намалена активација кај дислексичарите. Едукациските интервенции го намалуваат хендикепот предизвикан од дислексијата. Проблеми со читањето имаат и луѓе со проблеми со вниманието (хиперкинетичко нарушување) кои поради неможноста за долготраен фокус не може да се сосредоточат на текстот. Препораки за решавање на овие проблеми вклучуваат изолирање од дистракции, заинтересираност за проблематиката, интерактивно читање (со белешки), правење кратки паузи после 15-20 минутно читање и др. Луѓето со анксиозност (математичка анксиозност на пр.) и/или мала самодоверба, имаат проблем со разбирањето на некои материјали поради тоа што анксиозноста им одзема голем дел од работната меморија, па тие не може да се сосредоточат на текстот, нешто што се покажува како самоисполнувачко пророштво за нивната илузорна некомпетентност и/или страв. Сепак, постојат и биолошки варијации во вербалната интелигенција поврзани со процесирачката брзина, вербалната краткотрајна и долготрајна меморија, како и работната меморија и вниманието.

Од аспект на невронауката, утврдено е дека темпоралните лобуси, префронталниот кортекс и постериорниот цингулатен кортекс се најзначајни при процесирањето и произведувањето на јазикот. Активацијата на овие делови е главно во левата хемисфера, но има и некаква активност во десната. За повеќемината, десната хемисфера има лимитирани лингвистички функции кои вклучуваат аудиторно поимање на семантичката информација, како и поимање и експресија на некои небуквални аспекти од јазикот како: гестикулациите, иронијата, шегите и метафорите. Од тој и многу други аспекти, метафоричниот говор е значаен за проучување на јазикот. Во метафората има две именки една крај друга (тенор и возило), со што тие делат определени сличности, но имаат и контрасни разлики. Луѓе со оштетување на фронталниот кортекс на десната хемисфера, имаат проблем со разбирање метафори и воопшто следење нечиј говор. Но невропластичноста е многу значајна и помага за повторно развивање на јазик кај луѓе со мозочни лезии, со што други делови од ЦНС ја превземаат функцијата на оштетените. Постои и разлика во вербалните способности помеѓу половите. Во просек, жените се вербално посупериорни од мажите и центрите за вербално процесирање им се наоѓаат на помала површина од мозокот. Исто така, мажите се посклони кон систематично вербално размислување, а кај жените, вербалната комуникација има функција на интерперсонални односи. Постои и теза дека аутизмот кој вклучува претпотенцирано систематизирање на јазикот е почест кај мажите поради начинот на кој го процесираат на јазикот. Аутистичните деца, исто така, имаат проблеми со повторување на едни исти фрази (ехолалија). Ова се статистички трендови, не апсолутни генерализации.

Постојат и одредени мозочни оштетувања на најважните центри за процесирање на говорот: Брока и Вернике. Генерално, Вернике регионот е задолжен за разбирање на говорот и семантичко процесирање, а Брока за произведување на говорот. Афазии се болести коишто вклучуваат пореметување на говорот и разбирањето на јазикот.

Верниковата афазија е резултат на оштетување на регионот Вернике. Таа доведува до неможност за разбирање на зборовите (семантички проблем). Кога луѓето со оваа афазија пробуваат за зборуваат, кажуваат реченици без соодветна граматичка структура или реченици со соодветна граматичка структура, но со неологизми без никакво значење. Во овие ситуации, се поттикнува користење на невербална комуникација.

Кај Броковата афазија е пореметен изговорот, односно граматичката структура не е зачувана исто како кај Верниковата афазија (аграматичен дискурс). Но семантичкото процесирање е зачувано, односно луѓето може да го разберат јазикот, но не може да зборуваат кохерентно.

Глобалната афазија е комбинација од Брокова и Верникова афазија. Аномичната афазија е проблем со именување на објекти и повикување имиња за определени ментални концепти.

Оваа тема е опширна, а и постов е преголем, но сакав да ги опфатам сите значајни елементи од когницијата и јазикот. Ова може да отвори повеќе теми за дискусија, значајни за секојдневниот живот.

-Дали имате или познавате некој со дислексија, Брокова афазија, Верникова афазија и/или аутизам кој има проблеми со користењето или разбирањето на јазикот?

-Дали имате проблем при читање и разбирање на определен текст, книга и слично? Дали тој проблем се јавува со сите напишани текстови или е поврзан само со некои теми или стилови на пишување?

-Дали имате мала самодоверба за вашите вербални способности? Дали се плашите дека не можете да разберете определен текст?

-Дали можете да се изразите соодветно?

-Дали имате некои емоционални пречки кои ви пречат во изразувањето?

-Дали можете да се сосредоточите на подолг разговор?

-Дали имате проблем со разбирање шеги, метафоричен говор и/или сарказам?

-Колку се значајни јазичната писменост и вокабуларот според вас?

-Дали вие/некој што го знаете сте/е билингвален или мултилингвален говорник (билингвизам и мултилингвизам се појави во кои една заедница истовремено користи два или повеќе јазици)? Како се одразило тоа на вашиот/неговиот вокабулар и разбирање на секој од тие јазици одделно?

-Дали сте се соочиле со лингвицизам во вашиот живот, односно да бидете дискриминирани и потценети поради вашиот дијалект?

-Дали знаете примери за манипулации со јазикот кои влијаат на мислењето на луѓето и/или дали вие го користите јазикот како манипулативно средство?
Одлична тема Ботко.....

Теоријата дека јазикот ја одредува мислата не ја подржувам, бидејќи користам 3, и во професионална и опуштена комуникација..... јазикот е само средство за изразување на мислата.... истите суштински муабети се водат во сите култури.... но постои друга спрега која ја допре во текстот која е водена од самодовербата во јазикот... пракса, фонд на зборови, можност да се изразиш.
Тоа итекако би влијаело на содржината на разговорот.

Зборувам активно и 3 дијалекта, тоа само помага да се биде Шејпшифтер, што би рекла една моја пријателка.... но поентата е... од искувство....секој јазик е дијалект... средство...

Мојот омилен анархист има слични перцепции.... во суштина...



2. Афазија... ќерка ми ја има... без оштетување на хардверот.... интересно... само со македонскиот.. сеуште грешки во граматика... до скоро пол... време... ја надминува.
Англиски зборува со Амерички акцент точно, без Афазија... а живее во Мк.

Битно и небитно мислам дека е клучната работа. И АДХД го поврзувам со ова.... бидејќи текстот ме интересира, го прочитав цел.... многу не.

3. Доколку јазикот е само последица на способноста да се мисли, средство.... еве уште една насока за муабетот, а се врзува и со енергија....




4. Лева и десна хемисфера.... и двете зборуваат исто на различен јазик.... десната го зборува универзалниот?
 
Последно уредено:
Член од
6 мај 2018
Мислења
1.140
Поени од реакции
2.734
Не сум бил ваков отсекогаш...барем не до толку, и сега кога ќе ми се погоди некогаш ми излегуваат зборовите сами како поезија и сум доста прецизен во пренесување на мојата перцепција, не би можел д кажам мисли. Затоа што мислите ги изедначувам со вербални конструкции во мозокот(умот најверојатно). Ова е некое разбирање ама не ми се врти низ глава како реченици(глас)...незнам како да кажам. Затоа ти спомнав во една тема што ја отвори пред два три месеци.
Ова е вака за апстрактни ствари и лични доживувања, инаку ако треба да опишам како работи бензин мотор на пример до детал ќе го опишам 100% тоа што го знам.

Иначе не циљам кон нирвана....само ми се десило нешто такво, најверојатно една ноќ кога не можев да заспијам. Кога пробував да стопрам мисли, и кога разбрав дека самата интенција е уствари мисла. Ми се случи некои 10 секунди отприлика да нема мисли, го осетив тоа и ме промени некако тој момент.
Многу просто, дури неверојатно.....а сум имал нецели 20 год. тогаш. Години подоцна во барање на цел и сврха по нет само најдов потврда за моето искуство и разбрав уствари што ми се случило.
Ми се случува од време на време да не заспијам одма.....неколку пати во год. од мисли во главата, и ми е чудно. И додека возам насабајле знае да ми се вртат до негде неконтролирани мисли, иначе сум прилично раат. У принцип не пуштам телевизор никогаш, и знам со саати да лежам без да ми се сврти мисла, негде помеѓу сон и јаве.
Да не го тупам со офтопик....фала за материјалот, гледам си се потрудил (y)
Сум ја отворил само за муабетов. :D

Ауу, ова е доста заебана тема, веројатно поврзана со метакогницијата. Првенствено, самиот концепт на „мисли“ е многу нејасен. Поголемиот дел од мајндфулнес пристапот, дали од аспект на психологијата, од аспект на спиритуалните пракси или комбинирано, е доста интересен низ перспектива на феноменологијата. Концептот за „мисла“ еволуира во различни култури и денес најчесто се користи како синоним за „когниција“ во психологијата, што подразбира вербални или невербали мисловни структури кои се свесни/несвесни и поврзани со разбирањето на реалноста. Границата меѓу мислите и афекциите, иако дискретизирана во психолошките менталистички модели, е многу континуирана и мислите се вербални, невербални, придружени со афективната состојба, визуелната, аудиторната перцепција и све тоа во едно свесно искусување.

Од субјективна гледна точка, и јас сум го имал искуството на „празен ум“. Го опсервираш сегашниот момент и се фокусираш на некаква сензација, притоа гледајќи го следот од мисли од перспектива оддалечена од самите мисли (не влагаш у нив, не се идентификуваш со нив), посебно кога се бавев со медитативни пракси почесто. Дали самото доживување на мислите, некогаш насочено, некогаш пасивно, е дел од начинот на кој размислува умот, веројатно се сведува на семантичка игра и што све ќе сврстиме ко „мислење“. Од квалитативна перспектива, има очигледна разлика во искусувањето на феноменот на мислење (ние сме во нашите мисли), насочено внимание додека сме дисоцирани од мислите и ги гледаме однадвор (ова е силно свесно насочено внимание) и комплетното „немислење“ („мозокот паси трева“) што е некоја состојба на намалување на свесноста, па поради тоа честопати се случува пред заспивање, иако постои мало когнитивно процесирање и додека спиеме. Но „адаптивното несвесно“, како што го велат, „мисли“ и кога ние не мислиме, тоа ни кажува да седиме во определена позиција, тоа реагира при ненадејни звуци и невербална комуникација со други луѓе, а тоа чинам е многу важно и невозможно да се исклучи, нешто што е важно за нашиот опстанок.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.784
Поени од реакции
15.396
@Botko ....
Не може да е умот тој што се посматра самиот....ќе се јави повратна спрега. Нешто како сликарот што сам се слика како слика, или ако си пробал огледало со огледало да доближиш.
Филозофски гледано тоа е објект субјект проблематика...и логиката не може да дозволи такво нешто. Исто како што го користат аргументот атеистите за тоа кој го создал господ.

Набљудувачот е уствари Браман, кој што нема никакви карактеристики никаква форма...Тао, од муабетот мој од погоре.
Јас имам една моја теорија дека лонг терм меморија е уствари Атман(Душа) запишана негде во времето и просторот на planck scale....ама тоа си е мое бладање. Источњаците отфрлаат нешто што постои и афтерлајф. Ова е мала дигресија, да објаснам некои мои размислувања (да ги кажеме). Во друга тема требаше нешто да пишам, ама не ми се погоди никако моментот :D

Мисловниот вербален процес е корисен кога треба да се планира нешто....го спомна еднаш и ти. Или да го регистрира ова невербално и да го претвори во дата која може да се запише како меморија. Инаку она манки мајнд бизнис е тотално непотребно, и повеќето негативни психолошки состојби произлегуваат мислам најчесто од ова.
Постои една фора, која сите спиритуалци кои знаеле што прават ја користеле. А таа е мислење преку процес на негација .... apophatic. Или преточено во "формула":
That who you can see, you are not; that which you can observe, you are not; that which you can become aware of, you are not.

Што ми е поентата...процесот на ова посматрање и реализација во истиот момент на процесите во тебе, на тоа што го гледаш....на кое си свесен е истиот тој невербален мисловен процес. Ова е некоја состојба на повисока свест, и многу помоќно е од вербалните процеси. Ствара еуфорија како да си на некои хемии за расположение зголемено. Ти се ежи кожата, ти одат емоции на љубов...солзи радосници :)
Полн си со блаженство(bliss,compassion) со се живо, гледаш се околу тебе со други очи. Верувам дека сите врвни спортисти, уметници и т.н. го користат ова повеќе или помалку свесно.
И како за иронија може компутациите се случуваат во малиот мозок или можеби се продукт на синхрониозација на целиот мозок.

Не сум некој ни од далеку стручњак, само си ги кажувам моите искуства од прва рака. Она што сигурно го знам е моето лично искуство, а тоа можеби како твоето искуство на ДМТ не може да се пренесе бољи. Исус кога го прашал Пилат која е вистината, сиротиот он не можел да каже јбг.
Додека го пишував ова, ми се погоди инспирација ова....иначе еве ти бонус едно добро интрвју https://www.youtube.com/watch?v=orMtwOz6Db0&t=344s ако некогаш немаш друга работа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom