- Член од
- 6 мај 2018
- Мислења
- 1.140
- Поени од реакции
- 2.734
Овој пост ќе биде огромен и повеќето може да не се заинтересирани за сите детали. Доколку не сакате да навлегувате подлабински на темава, скокнете на прашањата што се на крајот од постот.
Еден од најважните елементи на свеста и мислата е јазикот чијашто функција е комуникација и размислување за работите/процесите кои можеме/не можеме да ги видиме, почувствуваме, слушнеме, допреме или помирисаме. Јазикот има различни нивоа на структура, според ред на величина (фонема, морфема, цел збор, реченица (синтакса) и дискурс). Морфемите и структурите од повисок ред имаат значење (семантика). Зборовите симболизираат нешто, нивното значење е произволно и контрасно од значењата на другите зборови. Јазикот е генеративен и динамичен (се создаваат нови зборови, а други се отфрлаат од употреба).
Разбирањето на јазикот е значајно за комуникацијата и разменувањето идеи помеѓу луѓето, поради што, во етнологијата, јазикот се смета за најсилниот кохезивен елемент на етникумот. Според Витгенштајн, јазикот е несовршен и несоодветен за општење на вистинското значење на работите (Филозофски истражувања). Според Чомски и еволутивната психологија, јазикот е модул на умот (теоријата за универзален јазик, тоест „LAD-language acqusition device“) кој е универзална длабока структура застапена кај сите луѓе.
Според теоријата за лингвистички универзали, постојат универзален јазик и граматика кои ги говориме сите, а некои истражувања ја поддржуваат оваа позиција (исти поделби за бои во јазикот на повеќето култури). Лингвистите нашле илјадници лингвистички универзали поврзани со фонологијата, морфологијата, семантиката и синтаксата. Оваа теорија тврди дека варијациите во јазикот кај различни култури, нема да доведат до промена на начинот на кој овие култури размислуваат. Според лингвистичкиот релативизам, јазикот ја оформува мислата. Луѓе со различен јазик имаат различна когниција. Ова е уште се нарекува и Сапир - Ворфова хипотеза. Во различни култури има различна лексика и синтаксички структури, но оваа теорија е поврзана со семантиката и различните ментални диференцијации. Силниот лингвистички релативизам тврди дека јазикот ја предопределува мислата, а слабиот лингвистички релативизам тврди дека јазикот влијае на мислата. Втората позиција е повеќе поддржана од научните сознанија. Јазикот влијае на тоа како енкодираме, зачувуваме и повикуваме информации од меморијата. Пример за ова е племето Пираха кое нема броен систем за броеви над бројот „2“ и тоа им влијае во способноста за броење која е полоша од таа на културите кои имаат броен систем за броеви над бројот „2“.
На некој начин, неологизмите и жаргоните го збогатуваат јазикот и влијаат на наративот во определена култура, како и доминантните сентименти. Јазикот има емоционално значење кое е поврзано со сентиментот на говорителот. Ако некој каже „Книгава е досадна“, тој не зборува за некаква инхерентна особина на книгата, туку ги комуницира своите емоции за истата. Јазикот има и когнитивно значење поврзано со семантичкото значење на зборот. Различни форми на манипулација во политиката, економијата, религиите и др. вклучуваат манипулирање со јазикот. Луѓето од кои се побарало да ја определат брзината со која две коли се удриле, давале поголеми апроксимации за брзината на колите ако прашањето содржело емотивно набојни зборови (Со која брзина се згмечиле колите?), наспроти понеутрални зборови (Со која брзина се судриле колите?). Еуфемизми се зборови кои се поблаги замени за негативни зборови (пример, за убиство, „неутрализирање на противникот), а дисфемизми се дерогаторни зборови кои се замени за попријатни зборови („свиња“ за човек со неморално поведение). Во политичките, социолошките, религиозните и други пропаганди се користат разни еуфемизми и дисфемизми кои ги сигнализираат емоциите на соговорникот кон предметот на дискусија повеќе отколку вистинското значење, со цел, да се манипулира мислењето на луѓето (абортусот се нарекува „убиство на бебиња“, геноцидот е „контрола на популација“). На зборови со исто значење во различни јазици, луѓето им даваат различни придавки, зависно од тоа дали зборовите се во женски или во машки род. Шпанците, на пример, го опишуваат клучот како елегантен и нежен бидејќи во шпанскиот јазик тој е во женски род, а Германците како силен и метален бидејќи во германскиот јазик, тој е во машки род. Моќта на јазикот е значајна и кај религиските мантри и молитви кои, во склоп со религиозниот наратив, имаат психолошко влијание. Многубројни филмови, песни и литературни дела („Пристигнување“, Орвеловата „1984“ и др.) ја обработуваат оваа проблематика. Можно е да немаме решение за различни психолошки проблеми бидејќи немаме јазик со кој можеме да ги опишеме.
Еден од поинтересните феномени во лингвистиката се билингвизмот и мултилингвизмот (кога една заедница истовремено користи два или повеќе јазици). Билингвизмот може да биде супстрактивен и адитивен. Кај супстрактивинот билингвизам, двата јазика компензираат еден за друг, а кај адитивниот, едниот јазик е додатен на веќе развиен првенствен јазик. Во контекст на лингвистичкиот релативизам, се наметнува прашањето, дали овие заедници размислуваат различно.
Една од почесто застапените мисконцепции е и лингвицизмот. Честопати, на различни дијалекти им се препишуваат различни социјални статуси. Стандардните дијалектни форми имаат повисок социјален статус од нестандардните. Разликите во стандардните и нестандардните форми може да станат социјален проблем кога тие што говорат на некој стандарден дијалект ќе почнат да мислат дека стандарден дијалект подразбира и „посупериорен дијалект". Мислењето дека еден дијалект е посупериорен од друг, може да доведе до предрасуди за моралниот карактер, едукацијата, интелигенцијата, и компетентноста на луѓето кои говорат на нестандардни дијалекти. Најчесто, стандардните дијалекти се говорат од општествената класа со најголема политичка и економска моќ. Лингвицизмот не е оправдан бидејќи дијалектот кој го говори определена група не е поврзан со други карактетистики на групата.
Психолингвистиката ја проучува психологијата на јазикот како производ на умот. Таа го проучува произведувањето и разбирањето на јазикот. Психолингвистиката е интердисциплинарна наука која е во соработка со лингвистиката, невролингвистиката, социолингвистиката и компјутационата лингвистика. Психолингвистиката го проучува произведувањето и разбирањето на јазикот, како и неговата интеракција со другите структури и процеси во умот, како меморијата, интелигенцијата итн.
Во психолингвистиката има повеќе позиции за тоа како ги перцепираме зборовите.
Според теориите за обичната перцепција на говорот (пример, теоријата на фонетско рафинирање, TRACE моделот и др.), кога го перцепираме говорот, ги користиме истите процеси како кога перцепираме други звуци (пр. лаење на куче или удар на гром). Првата фаза вклучува невронално процесирање на звуците кои се анализираат како компоненти. Во следната фаза, зборовите ги утврдуваме со сукцесивно поврзување на сите можни комбинации помеѓу сите фонеми и кога ќе добиеме збор, го поврзуваме со веќе запомнет збор во нашата меморија. Ова е интерактина спрега, со што утврдувањето на зборовите доведува до повикување модели за тоа кои зборови ги очекуваме за следни. Когнитивните и контекстуалните фактори играат улога во перцепцијата на гласовните звуци кои стигнуваат до нашите слушни органи.
Теориите за специјализирана перцепција на говорот тврдат дека говорните звуци ги перцепираме како дисконтинуирани категории, иако тие самите се континуирани, со што ги дискретизираме во готови пакети составени од звучни образци (пример. Самогласните комбинации ба, да и га).
Според моторните теории, движењето на вокалниот тракт на соговорникот допридонесува до разбирањето на тоа што го кажува. Ефектот на Мек Гурк е доказ за релевантноста на моторните теории. Добар пример за ова се филмовите во кои аудио траката доцни зад анимацијата. Кога го перцепираме говорникот, тој ги движи усните на начин кој доведува до еден звук, а слушаме друг звук, па нашата перцепција вклучува спојување на двата звука во еден комбиниран резултат. Ако устата мрдне за „ба“, а излезе звукот „да“ (аудио траката доцни), нашата визуелна и аудиторна перцепција ќе ни синтетизира звук кој ќе го исперцепираме како „tha“.
Од аспект на јазикот и когницијата, многу важен елемент е и читањето.
Три процеси контрибуираат во читањето, а тоа се перцептуалните, лексичките и процесите на разбирање. Според Кинч, перцептуалните процеси вклучуваат трансформирање на визуелните симболи во звуци, звуците во зборови, а зборовите во реченици. Потоа работната меморија најверојатно задржува цели искази како дискретни категории, а не зборови. Па се формираат ментални модели. Лексичките процеси вклучуваат идентификување на буквите во познати зборови, а потоа семантичките процеси вклучуваат енкодирање на значењето што го имаат зборовите поврзано со вокабуларот. Процесите на разбирање вклучуваат разбирање на целото значење на дискурсот. За разбирање на дискурсот, потребно е да се поседува знаење за истиот и разбирање на физичкиот, социјалниот и културолошкиот контекст. Луѓето со голем вокабулар се добри читатели и полесно го разбираат напишаниот текст. Луѓето кои не разбираат многу зборови, не може да го разберат текстот. Според многу студии, за некој да го разбере еден текст и да изведе инференци од истиот, потребно е да разбира над 95% од зборовите, а според некои студии, за некој да ужива во еден текст, мора да разбира повеќе од 98% од зборовите.
Брзината на лексичкиот достап (повикување на информација за зборовите од нашата долготрајна меморија) е поврзана и со вербалната интелигенција која е резултат на различни генетско околински влијанија. Луѓето со големи вокабулари побрзо стигнуваат до лексичките информации од тие со помали вокабулари, со што процесираат повеќе информации во единица време. Нови зборови се учат или со помош на надворешни извори (речници, учители итн.) или според контекстуалните знаци на текстот. Луѓето го учат поголемиот дел од вокабуларот индиректно. Луѓето со поголем вокабулар учат подобро од контекст поради подобро развиените стратегии за разбирање нови зборови.
Една од најзначајните болести поврзани со потешкотии во читањето е дислексијата. Кај дислексичарите може да се пореметени неколку процеси: фонолошката свесност (свесност за структурата на звукот), фонолошкото читање (изолирано читање на зборови), фонолошкото кодирање во работната меморија, лексичкиот пристап (способност за повикување на фонеми од долготрајната меморија) и синтаксичкото енкодирање (разбирање на значењето на зборовите). Дислексијата може да е вродена или стекната (поради оштетување на мозокот). Невропсихолошките студии укажуваат на тоа дека левиот темпоро-париетален кортекс (задолжен за процесирање јазик) има намалена активација кај дислексичарите. Едукациските интервенции го намалуваат хендикепот предизвикан од дислексијата. Проблеми со читањето имаат и луѓе со проблеми со вниманието (хиперкинетичко нарушување) кои поради неможноста за долготраен фокус не може да се сосредоточат на текстот. Препораки за решавање на овие проблеми вклучуваат изолирање од дистракции, заинтересираност за проблематиката, интерактивно читање (со белешки), правење кратки паузи после 15-20 минутно читање и др. Луѓето со анксиозност (математичка анксиозност на пр.) и/или мала самодоверба, имаат проблем со разбирањето на некои материјали поради тоа што анксиозноста им одзема голем дел од работната меморија, па тие не може да се сосредоточат на текстот, нешто што се покажува како самоисполнувачко пророштво за нивната илузорна некомпетентност и/или страв. Сепак, постојат и биолошки варијации во вербалната интелигенција поврзани со процесирачката брзина, вербалната краткотрајна и долготрајна меморија, како и работната меморија и вниманието.
Од аспект на невронауката, утврдено е дека темпоралните лобуси, префронталниот кортекс и постериорниот цингулатен кортекс се најзначајни при процесирањето и произведувањето на јазикот. Активацијата на овие делови е главно во левата хемисфера, но има и некаква активност во десната. За повеќемината, десната хемисфера има лимитирани лингвистички функции кои вклучуваат аудиторно поимање на семантичката информација, како и поимање и експресија на некои небуквални аспекти од јазикот како: гестикулациите, иронијата, шегите и метафорите. Од тој и многу други аспекти, метафоричниот говор е значаен за проучување на јазикот. Во метафората има две именки една крај друга (тенор и возило), со што тие делат определени сличности, но имаат и контрасни разлики. Луѓе со оштетување на фронталниот кортекс на десната хемисфера, имаат проблем со разбирање метафори и воопшто следење нечиј говор. Но невропластичноста е многу значајна и помага за повторно развивање на јазик кај луѓе со мозочни лезии, со што други делови од ЦНС ја превземаат функцијата на оштетените. Постои и разлика во вербалните способности помеѓу половите. Во просек, жените се вербално посупериорни од мажите и центрите за вербално процесирање им се наоѓаат на помала површина од мозокот. Исто така, мажите се посклони кон систематично вербално размислување, а кај жените, вербалната комуникација има функција на интерперсонални односи. Постои и теза дека аутизмот кој вклучува претпотенцирано систематизирање на јазикот е почест кај мажите поради начинот на кој го процесираат на јазикот. Аутистичните деца, исто така, имаат проблеми со повторување на едни исти фрази (ехолалија). Ова се статистички трендови, не апсолутни генерализации.
Постојат и одредени мозочни оштетувања на најважните центри за процесирање на говорот: Брока и Вернике. Генерално, Вернике регионот е задолжен за разбирање на говорот и семантичко процесирање, а Брока за произведување на говорот. Афазии се болести коишто вклучуваат пореметување на говорот и разбирањето на јазикот.
Верниковата афазија е резултат на оштетување на регионот Вернике. Таа доведува до неможност за разбирање на зборовите (семантички проблем). Кога луѓето со оваа афазија пробуваат за зборуваат, кажуваат реченици без соодветна граматичка структура или реченици со соодветна граматичка структура, но со неологизми без никакво значење. Во овие ситуации, се поттикнува користење на невербална комуникација.
Кај Броковата афазија е пореметен изговорот, односно граматичката структура не е зачувана исто како кај Верниковата афазија (аграматичен дискурс). Но семантичкото процесирање е зачувано, односно луѓето може да го разберат јазикот, но не може да зборуваат кохерентно.
Глобалната афазија е комбинација од Брокова и Верникова афазија. Аномичната афазија е проблем со именување на објекти и повикување имиња за определени ментални концепти.
Оваа тема е опширна, а и постов е преголем, но сакав да ги опфатам сите значајни елементи од когницијата и јазикот. Ова може да отвори повеќе теми за дискусија, значајни за секојдневниот живот.
-Дали имате или познавате некој со дислексија, Брокова афазија, Верникова афазија и/или аутизам кој има проблеми со користењето или разбирањето на јазикот?
-Дали имате проблем при читање и разбирање на определен текст, книга и слично? Дали тој проблем се јавува со сите напишани текстови или е поврзан само со некои теми или стилови на пишување?
-Дали имате мала самодоверба за вашите вербални способности? Дали се плашите дека не можете да разберете определен текст?
-Дали можете да се изразите соодветно?
-Дали имате некои емоционални пречки кои ви пречат во изразувањето?
-Дали можете да се сосредоточите на подолг разговор?
-Дали имате проблем со разбирање шеги, метафоричен говор и/или сарказам?
-Колку се значајни јазичната писменост и вокабуларот според вас?
-Дали вие/некој што го знаете сте/е билингвален или мултилингвален говорник (билингвизам и мултилингвизам се појави во кои една заедница истовремено користи два или повеќе јазици)? Како се одразило тоа на вашиот/неговиот вокабулар и разбирање на секој од тие јазици одделно?
-Дали сте се соочиле со лингвицизам во вашиот живот, односно да бидете дискриминирани и потценети поради вашиот дијалект?
-Дали знаете примери за манипулации со јазикот кои влијаат на мислењето на луѓето и/или дали вие го користите јазикот како манипулативно средство?