- Член од
- 16 август 2008
- Мислења
- 3.293
- Поени од реакции
- 637
ЈАВНОСТА НЕ СЕ ВОЗДРЖУВА ОД КРИТИКА НА ПОП-ЅВЕЗДИТЕ
Естрадата е цел на интернет-форумите
Секојдневно се водат жестоки дискусии на теми за нашите познати личности, а уредниците на веб-порталите укажуваат оти „форумџиите“ самите одговараат за се' што ќе напишат
Каролина, Калиопи и Ноне се само дел од пејачите за кои се водат жестоки дискусии на форумите, а трите се согласуваат во една работа - не ги сфаќаат сериозно овие коментари
Каролина е ладна, Калиопи премногу ги изразува емоциите, Елена е скопска шмизла, Ноне е „метро и жилет“, Билбилов треба да пишува песни, но не и да пее, Дани некако е здебелена, Јован и Елвир се самобендисани. Ова се само дел од епитетите што домашните музички ѕвезди секојдневно ги добиваат на интернет-форумите. Сериозни теми, како „Дали Македонија ќе влезе во ЕУ и НАТО“ или „Како да се спаси земјата“, се ништо споредено со дискусиите за нашата естрада. Покрај позитивни и издржани критики за албуми, манифестации и концерти, обожавателите „постираат“ и интервјуа, спотови, изјави, но и упатуваат навреди на сметка на пејачите без влакна на јазикот.
ФОРУМИТЕ СЕ ОГЛЕДАЛО НА ЈАВНОТО МИСЛЕЊЕ
Едно од најкоментираните имиња е Каролина. Форумџиите од Битола и' забележуваат што ретко го споменува родниот град, а обожавателите водат расправа со критичарите дека нејзината музика е супер и дека „Македонско девојче“ е еден од најквалитетните албуми. Гочева ретко ги чита форумите, но е информирана оти за неа се пишува се' и сешто.
- Се коментира секој мој чекор и настан на кој сум присутна. Недолично е што луѓето мислат дека имаат право да коментираат нечиј живот и да го навредуваат. Не ги земам здраво за готово, а мислам оти и никој друг не ги сфаќа сериозно. Го почитувам мислењето на луѓето што в лице ќе ми кажат што мислат за мојата музика и кариера - вели Каролина.Веб-порталот „Кајгана“ има еден од најпосетените форуми. Постои од 2005 година, но остри коментари има и на „Идивиди“ и на „Багра“. Дарко Лазаревски, уредник на „Кајгана“, укажува дека основна цел на форумот се дискусиите меѓу корисниците.
- Познатите личности се подложни на реакции, но не секогаш се „на тапет“ на форумот. Има и позитивни критики. Јавноста е поделена за што било, а такви се и ставовите за пејачите. Тоа го прави форумот огледало на јавното мислење. Се случувало и јавните личности да се вклучат во самата дискусија, а тоа значи дека ги читаат форумите - вели Лазаревски.Калиопи на неодамнешниот концерт во „Метрополис арена“ изјави дека на форумите прочитала оти е дебела и се шегуваше на своја сметка. Таа не им посветува внимание на овие коментари, но знае да ѕирне за да види до каде се развила свеста на нејзините сограѓани.
- Кога се килограмите во прашање, тоа ми е симпатично и се шегувам на своја сметка. Се' додека се чувствувам здраво и можам да издржам кондициски два и пол часа на бината не се вознемирувам. Секогаш ќе има злобни јазици што ќе кажат се' токму на форумите. Ние сме мала земја, а најважни ми се коментарите од мојата публика - вели Калиопи.
ДЕЛ ОД ЕСТРАДАТА НЕ ТРПИ КРИТИКА
Исмејувања на физичкиот изглед, навредливи коментари за згодните пејачки од типот „спонзоруши“ и искажување сексуална возбуденост кон дел од нив се дискусиите што стојат рамо до рамо со рецензиите за нивната работа. Дали на ваквите навредливи содржини местото им е на овие форуми и какво е правилото на игра?
- Во демократија, ако го скратиш правото на изразување личен став на корисниците го попречуваш јавното мислење и си цензор. Но, мора да има дефинирани правила и граници на однесување. Тешко е да се балансираат овие работи и да се постави граница. Корисникот може да добие опомена, а и да биде исклучен од форумот - вели Лазаревски.
На форумите прав се крева и за Елена Ристеска. Таа привлекува внимание со изгледот, а корисниците коментираат дека е и арогантна и типична „скопска шмизла“. Тука се и тие што веруваат оти Елена е комплетна пејачка. Се дискутира и за Роберт Билбилов, Елвир Мекиќ, Јован Јованов и Владо Јаневски. Ноне Неделковска на симпатичен начин реагира на коментарите за нејзината висина.
- Не ме повредуваат оти тој што напишал навредлив коментар џабе го потрошил времето. Доволно е да каже дека не му се допаѓаат Ноне и нејзините песни. Имам метро и 50, но не се срамам од својата висина. Доволно сум направила во животот со тие „метро и жилет“ - вели Ноне. На информативната музичка страница „Македонска музичка мрежа“ до извесно време функционира форум, но неговата работа е стопирана за да се надгради. Сега читателите своите коментари, критики и пофалби може да ги напишат под секој текст. Уредникот Иван Беќковиќ смета дека зборот на форумџиите има своја тежина.
- Обичниот коментатор, кој настапува под лажен идентитет, што не мора да биде правило, ја има таа слобода (што самиот си ја дозволува себеси), да пишува што ќе му текне. Тие коментари ни задаваат голема главоболка бидејќи иако ние немаме ништо со нив знаат да ја налутат нашата естрада. Некои луѓе се држат цврсто, машки, без да ги тангира што некој фантом ќе каже за нив. Но, има ликови што не' трпат критика и во пакет со веста бараат за нив да нема лоши коментари, без оглед дали се аргументирани или не - завршува Беќковиќ.
Профилот на луѓето што коментираат
Кои се луѓето што имаат време да коментираат и да дискутираат за одредена тема? Дали се тоа бадијалџии, невработени, интелектуалци, или се само луѓе што сакаат да го искажат својот став?
- Невозможно е да се дефинира профилот на корисниците особено кога интернетот е подостапен. Тоа се тинејџери, студенти, професори или јавни личности. Едноставно, луѓе со потреба за изразување личен став - смета Лазаревски.На форумите дискутираат само неговите членови. Кога се регистрираат тие избираат име или псевдоним, но порталот се обврзува да ги крие личните податоци. Ако се повредени законите на Македонија или на некоја друга држава, ако е потребно, администраторите може да соработуваат со сите домашни и странски правни институции. Ставовите на корисниците се на нивна одговорност што е дефинирано во условите при регистрација и правилата на користењето - вели тој.
ИНФО-Анонимни критичари
Со зголемувањето на интернет-корисниците и бројот на веб-порталите со форуми на својата адреса, коментарите и дебатите за пејачите и за јавните личности станаа пожестоки и поотворени. Луѓето сакаат да ги искажуваат своите ставови, а тоа најчесто го прават анонимно и со целосна лична одговорност за напишаното. Повеќето пејачи не сфаќаат сериозно се' што се пишува за нив, но има и такви што не поднесуваат критика.
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=75749CC8167C9D4F94602C8C48DBDEBC